Забава
Поранешни помошници на Р. Кели сведочат за поткуп и работна средина зона на самракот
Поранешен менаџер на турнеи на Р. Кели, сведок на обвинителството во судскиот процес против аренби-пејачот, во петокот им кажа на поротниците дека Кели платил поткуп од 500 долари да добие лиценца за брак со пејачката Алија, кога имала само 15 години, откако се уплашил дека ја забременил.
Поротата, исто така, го слушна сведочењето на друг поранешен помошник на Кели, Ентони Наваро, кој рече: „Работата кај мојот поранешен шеф беше како да сте во зона на самракот“.
Двајцата сведочеа на третиот ден од судењето на Кели, на кое 54-годишникот познат по хитот I believe I Can Fly, е обвинет за дведецениска шема на рекетирање, во која имал апсолутна контрола врз неговите наводни жртви.
Обвинението детално го опишува наводната злоупотреба на шест девојки, четири малолетни. Кели, кој се изјасни дека не е виновен, може да се соочи со доживотен затвор доколку биде осуден на судењето во Бруклин. Тој исто така се соочува со кривични пријави поврзани со сексуална злоупотреба во Илиноис и Минесота.
Адвокатите на Кели рекоа дека тужителките го нападнале по подемот на социјалното движење #MeToo против сексуална злоупотреба и вознемирување, во обид да профитираат или да се одмаздат откако нивните врски не успеале.
Деметриус Смит (65), поранешен менаџер на турнеи, рече дека поткупот да добие лажна лична карта за Алија за да може да се омажи за Кели во август 1994 година бил договорен откако Кели му рекол дека 15-годишната Алија е бремена. Ова му го соопштил кога летал назад во Чикаго по концерт.
Бракот беше поништен по шест месеци. Алија загина во авионска несреќа во 2001 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Кејт Мидлтон направи нова фотографија, има добра причина за тоа
Кенсингтонската палата објави нова слика од принцезата Шарлот за да го прослави нејзиниот деветти роденден.
„Среќен 9-ти роденден принцеза Шарлот! Ви благодариме за сите љубезни пораки денес“, пишува во описот покрај фотографијата објавена на социјалните мрежи.
Happy 9th Birthday, Princess Charlotte! 🎂
Thank you for all of the kind messages today.
📸 The Princess of Wales pic.twitter.com/2DSDiuO93c
— The Prince and Princess of Wales (@KensingtonRoyal) May 2, 2024
Како што е наведено, фотографијата ја направила принцезата од Велс.
Пред нешто повеќе од една недела на социјалните мрежи беше објавена нова фотографија и од нејзиниот помлад брат, принцот Луис.
Фотографијата, исто така направена од принцезата Кејт, беше споделена на 23 април за да го одбележи шестиот роденден на младиот член на кралското семејство.
Најстарото дете на Вилијам и Кејт, принцот Џорџ, ќе наполни 11 години на 22 јули.
Забава
Празнично ретро шоу на автомобили-олдтајмери на Градскиот плоштад во Крива Паланка
Градскиот плоштад во Крива Паланка, во сабота (4 мај), ќе биде возбудливо место на празнично Меѓународно ретро шоу на автомобили-олтајмери од Македонија и соседството, кои ќе бидат изложени за јавноста од 11,00 – 13,30 часот.
Љубителите на старите атрактивни автомобили ќе можат да уживаат во овој ретро авто-собир и ревијата на околу 30-тина автомобили, стари и по 40 години, од моделите на Мерцедес, Опел , Шевролет и други.
Ретро шоуто на олдтајмери го организира Општина Крива Паланка, во соработка со Клубот “Олдтајмер Витези” од Куманово, а учесници се повеќе олдтајмер клубови од нашата држава и од Србија.
Старата класа возила од минатиот век ќе тргне од собирното место во Куманово и ќе пристигне во 10,30 часот на паркингот кај ресторан „Облаче“ каде сите автомобили ќе бидат нумерирани и обележани со симболите на „Крива Паланка-Град на културата“. Возилата ќе продефилираат низ централното градско подрачје до Градскиот плоштад каде ќе бидат изложени и поставени нивните обележја.
Настанот ќе биде збогатен со настап на ДЏ Буѓо, а сите граѓани ќе можат одблиску да се запознаат со ретките примероци на олдтајмери, нивната приказна и историја, па дури и да си обезбедат специјално возење со овие стилски антиквитети на четири тркала.
Во 13,30 часот, олтајмерите ќе се упатат кон манастирот „Св. Јоаким Осоговски“ каде ќе бидат изложени на паркингот над црквата.
Ретро шоуто на олтајмери за првпат се организира во нашата општина , а е дел од манифестацијата „Крива Паланка- Град на културата 2024“.
Забава
Принцезата Шарлот денеска полни девет години, обожавателите со нетрпение очекуваат фотографија
Принцот и принцезата од Велс, имаат уште една причина за славење оваа недела – роденденот на принцезата Шарлот.
Принцезата Шарлот денеска наполни девет години и обожавателите со нетрпение ја очекуваа годишната роденденска фотографија што семејството ќе ја објави на нивниот посебен ден, објави Мирор.
Сепак, тие ја прекинаа традицијата минатата недела кога принцот Луис наполни шест години, а се чини дека планираат да го сторат истото и овој пат.