Свет
Престрелка на аеродромот во Кабул, има загинати и повредени
Во престрелка во која учествувале авганистанските безбедносни сили, но и германски и американски војници со непознати напаѓачи на аеродромот во Кабул утрово е убиен еден авганистански војник, а тројца се ранети.
Според информацијата која Бундесверот ја објави на „Твитер“, престрелката се случила на северната порта на аеродромот и нема повредени германски војници, пренесе „Дојче веле“.
На аеродромот во Кабул илјадници луѓе сѐуште чекаат да заминат од Авганистан. Западните земји ги евакуираат своите државјани и локалните соработници, по преземањето на власта од страна на талибанците.
Американската влада претходно предупреди од можност да дојде до напад од страна на терористичката милиција Исламска држава на аеродромот или во близината.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Хамас: Се согласивме на прекин на огнот
Хамас објави соопштение дека го прифаќа египетско-катарскиот предлог за прекин на огнот.
Во соопштението се наведува дека нејзиниот врховен лидер Исмаил Ханије ја пренел веста во телефонски разговор со катарскиот премиер и египетскиот министер за разузнавање.
Двете земји посредуваат во повеќемесечните разговори меѓу Израел и Хамас. Сè уште нема коментари од Израел.
Претходно денеска Израел најави офанзива насочена кон Рафах, најјужниот град Газа. Повеќе од милион жители се засолниле во градот поради судирите во другите делови на Појасот Газа.
Предлогот не е објавен во јавноста, но првата фаза, наводно, бара 33 живи заложници: жени, деца, стари лица и болни да бидат ослободени за време на 40-дневното примирје, во замена за стотици палестински затвореници.
Свет
Русија и’ се закани на Велика Британија
Русија за прв пат официјално и се закани на Британија со напади на нејзина територија.
„Доколку Украина ги користи ракетите доставени од Велика Британија за да ја нападне Русија, тоа може да резултира со руски напади врз воени цели во Велика Британија и надвор од Украина“, соопшти руското Министерство за надворешни работи.
Британскиот амбасадор Најџел Кејси беше повикан во руското Министерство за надворешни работи на официјална протестна нота откако британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон изјави дека Украина има право да користи британско оружје за напад на руска територија. Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека изјавата на Камерон значи дека Британија практично признала дека е учесник во војната во Украина.
„Кејси беше предупреден дека како одговор на украинските напади на руска територија со британско оружје, сите британски воени инсталации и опрема на територијата на Украина и во странство би можеле да станат цели“, се вели во соопштението.
„Амбасадорот е поканет да размисли за неизбежните катастрофални последици од ваквите непријателски потези на Лондон и веднаш да ги отфрли воинствените и провокативни изјави на министерот за надворешни работи на дециден и недвосмислен начин“, пишуваат од Министерството.
Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон минатата недела изјави дека Украина треба да одлучи како да користи британско оружје и нагласи дека Киев има право да гаѓа цели на руска територија.
За време на посетата на Киев, тој рече дека Британија ќе и дава на Украина 3 милијарди фунти (околу 3,5 милијарди евра) годишно, колку што е потребно. „Исто како што Русија напаѓа внатре во Украина, можете да разберете зошто Украина чувствува потреба да ја обезбеди својата одбрана“, рече Камерон.
Шефот на британската дипломатија, кој се сретна со претседателот Володимир Зеленски во Киев, рече дека Русија започна напад врз Украина и Украина има „апсолутно право да возврати на Русија“.
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова во петокот изјави дека изјавите на британскиот министер за надворешни работи се признание дека Западот води војна против Русија користејќи „украински раце“.
„Зборовите на Камерон се уште еден доказ за хибридната војна што Западот ја води против нашата земја“, рече Захарова.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, истакна дека ова е директна ескалација на тензиите околу украинскиот конфликт, што потенцијално претставува закана за европската безбедност.
Свет
Италија: Лани лично го предупредивме Зеленски, контраофанзивата беше грешка
Италијанскиот министер за одбрана изјави денеска дека економските санкции наметнати на Русија не успеале и го повика Западот да направи повеќе за да преговара за дипломатско решение со претседателот Владимир Путин за да се стави крај на војната во Украина.
Гвидо Крозето за дневниот весник Ил Месаџеро изјави дека Западот погрешно верувал дека санкциите може да ја запрат руската агресија.
„Наместо тоа, единствениот начин да се реши таа криза е сите да бидат вклучени, прво да се воспостави примирје, а потоа мир“, рече Крозето.
На забелешката на новинарот дека Путин не покажал волја за преговори, Крозето одговори дека „тоа е добра можност да се обидеме повеќе“.
„Не смееме да пропуштиме ниту еден дипломатски пат, колку и да е тесен“, нагласи тој.
Крозето, сепак, ја бранеше одлуката на Италија да продолжи да испраќа оружје во Украина со цел „да се обезбеди време и услови за постигнување прекин на огнот и мир“.
Тој исто така предупреди дека во случај Русија да го окупира Киев, „тоа неизбежно ќе доведе до конфликт со други земји кои нема да прифатат руски тенкови да се наоѓаат на нивните граници“.
Тој ја нарече минатогодишната украинска контраофанзива грешка со оглед на воената супериорност на Русија и рече дека лично го предупредил украинскиот претседател Володимир Зеленски дека таа е осудена на неуспех, но тој не го слушал.
Италија во моментов претседава со групата Г7.