Македонија
Регистрирани 1.210 нови случаи на коронавирус, починаа 32 лица
Во последните 24 часа се направени 7.084 тестирањe, а регистрирани се 1.210 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 464, Тетово – 177, Гостивар – 112, Куманово – 98, Струмица – 55, Кичево – 48, Битола – 32, Струга – 29,Кавадарци – 26, Радовиш – 15, Велес – 14, Кочани, Гевгелија и Ресен – по 13, Прилеп – 12, Делчево и Кратово – по 11, Македонски Брод – 10, Свети Николе – 9, Дебар и Виница – по 7, Неготино – 6, Берово – 5, Штип, Валандово и Богданци – по 4, Македонска Каменица – 3, Охрид , Крива Паланка и Пехчево – по 2, Демир Хисар и Демир Капија – по 1.
Регистрирани сe 451 оздравени пациенти од: Скопје – 133, Гостивар – 78, Тетово – 51, Струмица – 40, Куманово – 36, Кичево – 32, Дебар – 13, Велес – 10, Битола и Ресен – по 8, Кавадарци – 7, Штип – 6, Радовиш, Кочани и Берово – по 5, Прилеп и Свети Николе – по 3, Виница и Охрид – по 2, Гевгелија, Валандово, Пехчево и Демир Капија – по 1.
Пријавени се 32 починати лица: 8 починати лица од Скопје (52г,54г,58г, 61г,67г,68г, 75г, и 77г), по 6 починати лица од Гостивар (45г,47г ,48г,61г,67г и 74г), и Тетово (54г,57г, 60г,72г,74г и 78г), 3 од Куманово (52г,71г и 79г), 2 од Кичево (47г и 71г), по едно починато лице од Штип (56г), Кочани (67г), Берово (74г), Охрид (50г), Валандово (58г), Струга (64) и Делчево (32г).
Од вкупно пријавените, едно лице е починато во домашни, а останатите 31 лице се починати во болнички услови.
Направени се 7.084 тестови преку: ИЈЗ-358, ЦЈЗ Скопје-71, ЦЈЗ Битола-131, ЦЈЗ Прилеп-50, ЦЈЗ Тетово–145, ЦЈЗ Куманово–79, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, Судска медицина-3, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија – 1, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–28, Жан Митрев (Филип Втори)-126, Авицена-503, Биотек-556, Систина-157, лабораторија Лаор-531, Синлаб-85, Ремедика-34, Плодност–76, Генеа -6, Никоб лаб-819, ВФВ Медикал-84, Ели Медика-68, Ројал Медика –73, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 3.099.
Досега во земјата се направени вкупно 1.118.535 тестирање на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 170.412, бројката на оздравени пациенти е 152.916, на починати е 5.727, а бројот на активни случаи изнесува 11.769.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 73686, Активни 4150
Куманово 9860, Активни 768
Прилеп 8509, Активни 151
Тетово 9671, Активни 1911
Битола 6583, Активни 213
Велес 5632, Активни 127
Гостивар 7198, Активни 1494
Кавадарци 5330, Активни 132
Охрид 5338, Активни 294
Штип 5115, Активни 123
Струмица 4814, Активни 554
Струга 3350, Активни 353
Кочани 2924, Активни 103
Кичево 3335, Активни 560
Гевгелија 2253, Активни 55
Неготино 2205, Активни 19
Свети Николе 1604, Активни 65
Ресен 1340, Активни 92
Крива Паланка 1242, Активни 10
Радовиш 1262, Активни 73
Берово 1110, Активни 51
Делчево 1012, Активни 33
Дебар 1226, Активни 192
Виница 934, Активни 35
Пробиштип 805, Активни 16
Валандово 720, Активни 33
Богданци 516, Активни 22
Крушево 502, Активни 12
Демир Хисар 410, Активни 10
Демир Капија 401, Активни 3
Кратово 428, Активни 51
Македонски Брод 417, Активни 47
Пехчево 289, Активни 8
Македонска Каменица 257, Активни 8
Дојран 134, Активни 1
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Собраниска делегација на студиска посета во Бундестагот
Делегација на Собранието и претставници на Женевскиот центар за управување со безбедносниот сектор, присуствува на дводневна студиска посета во Бундестагот во Берлин, Германија.
Во состав на делегација се претставници на собраниска служба предводени од генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска и заменик-генералниот секретар Бобан Стојаноски.
Предмет на студиската посета се институциите кои се дел од надзорот над безбедносно-разузнавачкиот сектор во Германија.
Делегацијата имаше можност да слушне како функционира парламентарниот надзор во Германија, земја која обезбедува посебно релевантни примери, со оглед на нивната воспоставена и повеќеслојна рамка за надзор на разузнавањето, вклучувајќи ги парламентарните механизми и механизмите за заштита на податоците.
Во текот на посетата беа остварени работни средби со претставници од надзорните тела на кои беа споделени најдобрите искуства и практики од германските колеги.
Работната посета има за цел да го поддржи професионалниот развој на Службата на Собранието, преку компаративни сознанија и конкретни алатки за зајакнување на надзорот на разузнавачките служби во согласност со меѓународните стандарди и најдобрите практики.
Македонија
„Ги чекаме децата да се појават и да кажат ‘Каде си ма мајче?’“ – мајките на загинатите во „Пулс“ дојдоа на судењето, лути се на бранителите на обвинетите
Со гнев, тага и болка почна судењето за трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“, каде животите ги загубија 63 млади луѓе.
Мајките кои ги изгубија своите деца зборуваа пред судот за болката што не минува, за неправдата што ја чувствуваат и за срамот што, како што велат, го носат адвокатите кои ги бранат обвинетите.
„Со тоа што ги бранат обвинетите, повторно ги убија нашите деца“
Светлана Стојанова, мајка на Андреј Стојанов, рече: „Голем срам за адвокатите кои ги бранат обвинетите. Немаат чувства во оваа трагедија каде ни ги убија децата. Дали имаат они деца, и дали така би постапиле на наше место? Не посакувам на никој да е на наше место, да ја почувствува оваа болка со непроспиени ноќи и денови. Ги чекаме нашите деца секој момент да се појават и да кажат ‘Каде си ма мајче’? Со тоа што ги бранат обвинетите, повторно ги убија нашите деца, а со тоа не убиваат и нас. Во име на парата и корупцијата, згаснаа млади животи.“
Таа додава дека сите деца кои загинале биле воспитани, талентирани, културни, деца кои никогаш не би направиле зло.
„Отидоа на концерт да се забавуваат, не отидоа да ги убијат. Сите сме од скромни семејства со минимални плати, и успеавме да ги школуваме, сите талентирани. Мојот син беше и крводарител, програмер, задоволен од животот кога застана на свои нозе. Среќен што успеа. Нека го слушнат крикот на мајките и нека се замислат што прават и како ќе ги бранат обвинетите.“
„Мојот син дојде од Скопје за концертот, а јас бев во Турција, не го видов за последен пат“
Својата болка ја сподели и мајката на Андреј Лазаров, млад фудбалер кој дошол од Скопје само за да присуствува на концертот.
„Мојот син дојде од Скопје само да присуствува на концертот, беше фудбалер, Андреј Лазаров. Си дојде во 9.30 вечерта, јас бев во Турција на екскурзија и не можев ни да го видам, толку беше. Дошол, а јас не го видов“, рече таа.
Мајката зборуваше за сите семејства кои ја носат истата болка.
„Сите семејства на децата што загинаа, како нашите, сите се со истата болка. Преубави деца, талентирани деца. Нека се чукнат тие во глава што беа седнати на тие столчиња и ги бранеа обвинетите, нека се замислат дали имаат деца. Со кои пари ќе се вратат дома? Унаказени сме за цел живот“, рече таа.
Додека судењето влегува во првата фаза од постапката, семејствата велат дека за нив секој ден е нов суд, нова битка и нова надеж дека правдата ќе ја најде вистинската тежина. За нив, ова не е само процес, туку барање за одговорност и човечка реакција во трагедијата која ги скрши нивните животи.
Македонија
Општина Чаир: Започнува опремувањето на општинските училишта со нов инвентар
Општина Чаир денес презеде значаен чекор кон подобрувањето на условите во основните училишта на општината. Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, оствари работна посета во Основното училиште „Лирија“, каде што беше пречекан од директорката на училиштето, Теута Идризи. Посетата се реализираше по повод доставувањето на новиот инвентар, кој веќе е распределен во училиштето, информираат од оваа општина.
„ОУ „Лирија“ е опремено со 200 модерни клупи и 400 ергономски столчиња, кои се прилагодуваат според возраста и висината на учениците, создавајќи покомфорни услови и пофункционална средина за одвивање на наставниот процес. Истата донација е реализирана и во Основното училиште „Хасан Приштина“, при што во двете училишта ќе се уредат вкупно по шест наставни кабинети со нов инвентар“.
Целта на Општина Чаир како што нагласуваат е во рок од една година сите основни училишта да бидат опремени со нови клупи и столчиња од овој стандард, со што значително ќе се унапредат условите во училишната средина и стандардите на наставата.

