Забава
Денес е Ден на кучето, а овие интересни факти за крзнените миленичиња сигурно не сте ги знаеле
Нашите крзнени четириножни пријатели го слават својот ден денес! Меѓународниот ден на кучето, 28 август, можеби за вашето куче ќе значи екстра бисквити, а многумина низ целиот свет ќе се сетат на омилените животни сопатници кои им помагаат на оние кои имаат потреба, но и на кучињата херои што спасиле човечки живот.
Верните пријатели на човекот се секогаш покрај својот господар, даваат безусловна љубов и внимание, а со своите палавости ги топат и најтврдите срца.

Со нивната посветеност и неодолива сладост, тие сигурно го заслужуваат својот ден во годината, и додека размислувате со каква честитка да го развеселите вашето куче, можете да се забавувате со неколку интересни факти за кучињата што можеби ги немате слушнато.
Песна на „Битлси“ има фреквенција што само кучињата можат да ја слушнат – Во интервју од 2013 година, Пол Макартни раскажа како додал фреквенција што само кучињата можат да ја слушнат во песната A Day in the Life. Почестете го вашето домашно милениче со посебно музичко уживање!
Кучиња го преживеале потонувањето на Титаник – Три кучиња го преживеале потонувањето на Титаник во 1912 година. Еден од нив беше померанец, кого сопственикот го завиткал во ќебе, поради што сите мислеле дека е дете. Спас најдоа уште еден померанец и пекинезер.
Чувството за мирис на една раса може да биде доказ на суд – Чувството за мирис на св. Хуберт (Bloodhound) е толку прецизен што може да се користи како доказ во судовите во некои земји. Оваа раса лесно може да го следи мирисот над 300 часа и преку 200 километри.
Највисоко куче во светот – Титулата за највисоко куче во светот влегува во шепите на германска дога (Great Dane) која реагира на името Зевс. Ова куче со импозантен изглед е високо дури 110 см!
Хртот (Greyhound) лесно би победил гепард во трка на долги патеки – Грејхаунд е несомнено најбрзата раса на кучиња. Тие се се одлични тркачи и можат да одржуваат брзина од 55 км/час km и до десет километри. Неверојатно брзиот гепард може да ја задржи својата рекордна брзина од 180-280 метри, па затоа е многу јасно дека натпреварувачот под број еден, иако нема подобар старт, сепак победува на трката на долги патеки!
30% од далматинците се глуви на едното уво – Далматинците имаат посебен ген кој е одговорен за нивното посебно шарено крзно и обично сини очи. Сепак, овој ген е исто така причина за глувост на едното уво кај 30% од далматинците и губење на слухот во двете уши кај 5% од прекрасните припадници на оваа раса. Далматинците со поголеми црни шари и имаат поголема веројатност да имаат проблеми со слухот.
Персиските хртови се најстарата раса во светот – персиските хртови (Салуки) датираат од 329 пр.н.е. и имале статус на кралски миленичиња во Стариот Египет. Наводно, на југот на Ирак се пронајдени и цртежи на кучиња кои личат на персиски хрт и датираат од 700 година пр.н.е.
Кучето е и најдобриот ловец – Африканското диво куче е најуспешниот ловец во светот, а пленот ќе го фати во 50-70% од случаите. Оваа статистика му обезбеди и Гинисов рекорд.

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Нова мисија на „Спејс икс“ и НАСА: Четворица астронаути заминаа во Вселената
Во петок наутро, во 5:17 по локално време од Cape Canaveral, беше успешно лансирана мисијата Crew-12 со четворица астронаути на бродот на капсулата на SpaceX, која треба да пристигне на Меѓународната вселенска станица (ISS) во сабота попладне, јави „Си-ен-ен“.
Лансирањето доаѓа поради намалениот број на членови на станицата, која од средината на јануари функционираше со само тројца астронаути. НАСА го забрза терминот поради предвремено враќање на претходната мисија Crew-11, предизвикано од здравствен проблем кај еден член.
Liftoff of Crew-12! pic.twitter.com/jQ804lyjkm
— SpaceX (@SpaceX) February 13, 2026
Новиот екипаж го сочинуваат: Џесика Мир и Џек Хатавеј од НАСА, Софи Адено од Европската вселенска агенција, Андреј Феѓаев од Роскосмос.
За време на нивниот отприлика осуммесечен престој на станицата, астронаутите од мисијата Crew-12 планираат да спроведат низа истражувачки проекти. Меѓу нив се: ултразвучни прегледи на крвните садови за проучување на промените во циркулацијата, фармацевтски истражувања поврзани со бактериите што предизвикуваат воспаление на белите дробови, како и симулирано слетување на Месечината за да се процени како наглите промени во гравитацијата влијаат врз човечкото тело и когнитивните способности.
НАСА смета дека полната екипираност на станицата е клучна за максимално искористување на нејзиниот потенцијал. Според администраторот Џаред Ајзакман, досегашната практика и тековните мисии се клучни за иднината на комерцијалните вселенски станици.
Забава
(Видео) Кипар избра претставник за Евровизија: таа се натпреваруваше во популарно ријалити шоу
Кипар го откри својот претставник за претстојниот Евровизиски натпревар – тоа е 29-годишната Антигони Бакстон, британска пејачка со кипарско-грчки корени. Дел од публиката ја памети и од нејзиното учество во едно од најгледаните британски ријалити шоуа, „Love Island“.
Антигони ќе се претстави на Евровизискиот натпревар со песната „Jalla“, која веќе привлече големо внимание на социјалните мрежи.
Станува збор за брза, танцувачка композиција која ги комбинира традиционалните кипарски музички елементи со модерен, силен ритам и продукција. Самиот наслов на песната доаѓа од кипарскиот дијалект и значи „повеќе“, и токму оваа енергија – повеќе ритам и танц – ја провлекува целата песна.
Стиховите зборуваат за прослава и танцување „на масите“, поканувајќи ја публиката да се препушти на забавата.
Спотот снимен на Кипар, дополнително ја нагласува автентичноста на песната. Комбинира современа естетика со сцени што го истакнуваат карактерот на островот, неговиот секојдневен живот и неговиот темперамент.
Забава
(Видео) Емили Ратајковски позираше во чипкан градник
Познатата манекенка, Емили Ратајковски, повторно ја воодушеви својата армија обожаватели со провокативни снимки, исто како што тоа го прави со години.
Емили е една од ретките познати дами кои објавуваат различни снимки без двоумење, а обично е оскудно облечена во секоја објава, а понекогаш дури и гола.
Во пресрет на Денот на вљубените, излегува видео од прекрасната Емили, во соработка со брендот Lounge. Моделот позираше заводливо во градник од чипка, што дефинитивно не остави многу простор за имагинација.
Иако многумина очекуваа да видат подеднакво провокативна долна облека, со оглед на тоа што сите веќе знаат колку Емили ги сака тангите, овој пат таа беше во фармерки.
Нејзините очи нагласени со ајлајнер и природен кармин на усните комплетираа сè, а манекенката повторно им го одзеде здивот на мажите со ваквите изданија.

