Македонија
Регистрирани 1.082 нови случаи на коронавирус, починаа 27 лица
Во последните 24 часа се направени 5.982 тестирањe, а регистрирани се 1.082 нови случаи на КОВИД-19:
Скопје – 406, Куманово – 93, Тетово – 87, Гостивар – 72, Струмица – 70, Кичево – 57, Прилеп и Велес – по 32, Кавадарци, Охрид и Струга – по 24, Битола – 23, Штип – 21, Радовиш – 18, Ресен – 15, Кочани – 14, Гевгелија и Делчево – по 9, Свети Николе, Крива Паланка и Виница – по 7, Дебар – 6, Македонски Брод – 5, Неготино и Кратово – по 4, Валандово – 3, Пробиштип, Крушево и Македонска Каменица – по 2, Богданци,Пехчево и Дојран – по 1.
Регистрирани сe 492 оздравени пациенти од: Скопје – 139, Тетово – 89, Гостивар – 85, Куманово – 38, Струмица – 30, Кичево – 25, Берово – 15, Штип и Кочани – по 10, Битола – 9. Радовиш – 7, Прилеп – 6, Валандово – 5, Кавадарци и Дебар – по 4, Делчево – 3, Охрид, Ресен, Крива Паланка и Македонски Брод – по 2, Велес, Гевгелија, Свети Николе, Кратово и Пехчево – по 1.
Пријавени се 27 починати лица: 7 починати лица од Скопје (84г,79г,78г,67г,67г,66г и 60г), 6 починати лица од Тетово (85г,76г,74г,73г,69г и 60г), 5 лица од Гостивар (72г,69г,65г,61г и 47г), 3 лица од Кичево (48г,46г и 45г), по едно починато лице од Куманово (74г), Прилеп (57г), Охрид (52г), Штип (79г), Струмица (70г) и Македонски Брод(71г).
Од починатите лица 26 се починати во болнички услови, едно лице е починато во домашни услови.
Направени се 5.982 тестови преку: ИЈЗ-268, ЦЈЗ Скопје-50, ЦЈЗ Битола-83, ЦЈЗ Прилеп-60, ЦЈЗ Тетово–93, ЦЈЗ Куманово–163, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија – 0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–132, Жан Митрев (Филип Втори)-87, Авицена-410, Биотек-336, Систина-109, лабораторија Лаор-380, Синлаб-51, Ремедика-26, Плодност–68, Генеа -16, Никоб лаб-658, ВФВ Медикал-108, Ели Медика-102, Ројал Медика –62, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.720.
Досега во земјата се направени вкупно 1.130.975 тестирање на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 172.657, бројката на оздравени пациенти е 153.640, на починати е 5.782, а бројот на активни случаи изнесува 13.235.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 74465, Активни 4710
Куманово 9997, Активни 847
Прилеп 8556, Активни 191
Тетово 9917, Активни 2021
Битола 6623, Активни 236
Велес 5686, Активни 178
Гостивар 7376, Активни 1531
Кавадарци 5377, Активни 175
Охрид 5413, Активни 366
Штип 5160, Активни 151
Струмица 4960, Активни 651
Струга 3449, Активни 447
Кочани 2956, Активни 123
Кичево 3435, Активни 619
Гевгелија 2272, Активни 73
Неготино 2215, Активни 27
Свети Николе 1628, Активни 87
Ресен 1366, Активни 115
Крива Паланка 1257, Активни 23
Радовиш 1296, Активни 99
Берово 1113, Активни 39
Делчево 1025, Активни 43
Дебар 1244, Активни 195
Виница 943, Активни 41
Пробиштип 818, Активни 29
Валандово 727, Активни 35
Богданци 518, Активни 24
Крушево 509, Активни 19
Демир Хисар 410, Активни 10
Демир Капија 401, Активни 3
Кратово 433, Активни 54
Македонски Брод 427, Активни 54
Пехчево 290, Активни 7
Македонска Каменица 260, Активни 10
Дојран 135, Активни 2
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Густата магла и лизгавиот пат ѝ помогнале на полицијата да го спаси Кајмакоски, тврди извор за српските медиуми
Густата магла и лизгавиот коловоз, по сè изгледа, одиграле клучна улога во спасувањето на Даниел Кајмакоски.
Како што вели извор на Курир.рс, можно е киднаперите, поради намалената видливост, да се дезориентирале и на кружниот тек кај Рума пропуштиле да скршнат во планираниот правец, па продолжиле право и изгубиле контрола над возилото, кое излетало од патот и удрило во банкина.
„Токму тој тек на околности доведе до прекин на нивната намера. Интересно е што киднаперите, заедно со жртвата во автомобилот, успеале да поминат две наплатни рампи – во Шимановци и во Рума. Но ударот во заштитната ограда го запрел нивното бегство. Откако го оштетиле автомобилот, двајцата осомничени, за кои се верува дека се турски државјани, продолжиле да бегаат пеш. Истрагата продолжува, а надлежните ги испитуваат сите околности, вклучително и движењето на осомничените пред инцидентот“, изјавил изворот.
Според досегашните информации двајца странци во ноќта меѓу сабота и недела го пресретнале Даниел Кајмакоски по негов настап во локал во Белградската Бетон хала. Со закана со нож и пиштол му наредиле да влезе во својот бел „волво“, каде што го врзале. Киднаперите од пејачот барале 20.000 евра.
„Прво се обидела да ги запре патрола на сообраќајна полиција во Белград, но откако возачот на ‘волвото’ не застанал, туку дал гас, се активирале алармите. Наскоро некој од блиските на пејачот ја повикал полицијата и пријавил дека ‘исчезнал’. Во потрагата, покрај сообраќајната полиција, се вклучиле и други полициски единици. Белото ‘волво’ било пронајдено на автопатот кај исклучокот за Рума, каде што имало сообраќајна незгода, односно удрило во банкина“, додава изворот.
Полицијата во возилото го пронашла пејачот, кој бил во шок. Киднаперите сè уште се во бегство, а потрагата продолжува.
Македонија
Војници во влага, на перници стари со децении, со прибор стар 20 години и руинирани тоалети – синдикатот алармира по појавата на шуга во велешката касарна
Независниот синдикат на професионални војници, реагира поради појавата на шуга кај новопримените професионални војници во касарната „Алексо Демниевски – Бауман“ во Велес, обвинувајќи за катастрофални услови за живот и работа во касарните низ државата.
Оттука посочија дека случајот во Велес е само еден од ретките кои добиле медиумска покриеност, иако слични инциденти се случувале и порано, но останувале тајни.
„Професионалните војници имаат најлоши услови за работа, од нечиста постелнина, неисперена со години, од перници стари по 15-20 години, исто така и за кебињата и чаршавите со години стари и необновени. Просториите каде што спијат војниците се најчесто со влага , со многу инсекти по просториите, храната се дава во нехигиенски услови со прибори стари над 20 години и нејзиниот квалитет е на најслабо ниво, храната е еднолична и недоволна, санитарните јазли се нереновирани и руинирани повеќе од 15-20 години. Професионалните војници многу често работат во услови кога немаат струја во објектите за да се загрејат и техничка вода за да се одржава личната хигиената и хигиената на објектите, ваквите состојби траат со години“, се наведува во соопштението на сидникатот.
Александар Насковски, претседател на синдикатот потенцира дека военото раководство и сите министри за одбрана досега не покажале грижа за војниците, и покрај долгогодишните апели. Според него, се реновираат само просториите на офицерите, а не и објектите каде што живеат и престојуваат 24/7 професионалните војници.
„Со зголемениот буџет согласно барањата на НАТО, треба приоритет да бидат условите за работа и човечкиот фактор, а не само набавки на оружје. Залудно е да се инвестира во опрема ако нема кој да ја користи“, се наведува во соопштението.
Синдикатот го обвинува министерот за одбрана Владо Мисајловски за игнорантски однос, отсуство на социјален дијалог и непочитување на основните човекови права на припадниците на Армијата.
Меѓу причините за растечкото незадоволство ги посочуваат: немање покачување на плати три години поради правни измени, дискриминација и мобинг и масовен одлив на војници.
Синдикатот најавува дека во наредниот период ќе продолжи јавно да информира за состојбите во Армијата низ целата држава.
АРМ и Министерството за одбрана претходно информираа дека двајца професионални војници од велешката касарна се зарезени со шуга. Заразените се дел од 296-темина нови професионални војници кои на 16 јануари положија заклетва.
Од страна на стручните лица на АРМ и Воено-медицинскиот центар (ВМЦ) биле преземени мерки согласно здравствените протоколи за спречување на евентуално ширење на заболувањето. Во касарната бил направен епидемиолошки надзор од страна на ВМЦ и се постапувало согласно препораките на стручните лица.
Македонија
Српската полиција се огласи по киднапирањето на Даниел Кајмакоски: Се трага по двајца осомничени
Министерството за внатрешни работи на Србија соопшти дека полицијата трага по две лица осомничени за киднапирање на македонскиот пејач Даниел Кајмакоски, нагласувајќи дека пејачот, кој бил пронајден со врзани раце, е згрижен.
Како што е наведено, по полициска потера, возилото во кое се наоѓале двете непознати лица, било запрено на територијата на општина Рума. Киднапираниот бил затекнат во возилото со врзани раце, додека киднаперите успеале да го напуштат возилото и да побегнат во непознат правец.
Двајцата претходно со нож и огнено оружје го киднапирале Кајмакоски.
Српското МВР потенцира и дека киднапирањето се случило во утринските часови во Белград и дека киднаперите барале пари од пејачот.

