Забава
АББА најавува изненадување пред новата музика
Култниот шведски бенд се подготвува да направи големо изненадување следната недела, бидејќи фановите ја чекаат нивната прва нова музика по 39 години.
Во четвртокот се појави нов твитер-профил ABBA Voyage, кој ги насочи фановите кон новата веб-страница ABBA Voyage, каде што фановите треба да го пријават, односно регистрираат својот интерес да бидат меѓу првите што ќе слушнат повеќе за новиот проект ABBA Voyage.

Иако не е откриено што точно значи „ABBA Voyage“, твитот посочува датум: 2 септември, 2021 година.
Според медиумите, тоа највројатно се однесува на долготрајна холограмска турнеја, која бендот првично ја најави во 2016 година.
Бендот исто така се очекува да објави пет нови песни во текот на овој проект.
Квартетот – Агнета Фелтског, Ани-Фрид Лингстад, Бјорн Улвеус и Бени Андерсон – се вратија во студио во 2018 година, ветувајќи две нови песни подоцна истата година.
Тие две песни, I Still Have Faith In You и Don’t Shut Me Down беа одложени неколку пати, и бендот сега планира да објави пет песни за да им се заблагодари на фановите за трпението.

АББА всушност е акроним од првите букви на нивните имиња. Тие станаа едни од најпознатите успешни изведувачи во историјата на поп-музиката, искачувајќи се на врвот на топ-листите ширум светот од 1972 до 1982 година. АББА имаат продадено околу 370 милиони плочи во светски рамки и сè уште се продаваат милиони годишно, што ги прави едни од најпродаваните музички уметници на сите времиња.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Нела Манческа ѝ донесе седмо место на Македонија на „Јуниор Евросонг“
Нела Манческа со песната „Miracle“, со која ја претставуваше Македонија на „Јуниор Евросонг“, го заврши натпреварот на високото седмо место, освојувајќи вкупно 141 поен.
Конечниот пласман беше одреден од комбинираните гласови на стручните жири-комисии и публиката, при што Македонија оствари одличен резултат кај жирито, пласирајќи се меѓу првите пет земји според нивното гласање.

Во жири-гласањето, Македонија доби 12 поени од Црна Гора и Италија, што дополнително го потврди силниот впечаток што настапот на Нела Манческа го остави кај професионалните оценувачи.
Победник на годинашното издание на Јуниор Евросонг е Франција со освоени 248 поени, второто место ѝ припадна на Украина, а третото на Грузија.
Забава
(Видео) „Miracle“ одекна во Тбилиси: Нела Манческа ја претстави Македонија на Јуниор Евросонг
Вечерва во Тбилиси, Грузија, се одржува 23-то издание на Јуниор Евросонг, а Македонија ја претставуваше Нела Манческа со песната Miracle.
Aвтори на песната се продуцентoт Лазар Цветкоски и Магдалена Ена-Цветкоска која го напиша текстот.
View this post on Instagram
На овогодишниот избор за песна на Детска Евровизија учествуваат 18 земји.
Гласањето можете да го следите во живо на линкот.
Забава
Љубов под елката: Три знаци ќе доживеат филмска љубов до крајот на месецот
Иако декември е хаотичен месец, за некои хороскопски знаци љубовта оваа година доаѓа посилно од очекуваното. Според астрологот Адама Сисеј од „Lilith Astrology“, клучни се транзитите на Венера и Марс – планетите на љубовта, привлечноста и страста. Кога тие се поволно поставени, се случуваат токму оние „филмски“ моменти: вистинско време, вистинско место, вистинска личност.
Овие три знаци имаат најголеми шанси Новата година да не ја дочекаат сами:
Близнаци – Венера и Марс се во силен аспект со вашиот знак, носејќи нови средби, лесна комуникација и природна хемија. Ќе бидете похрабри и поотворени – токму она што ви оди најдобро.
Стрелец – Венера и Марс се во вашиот знак речиси цел месец, па вашата привлечност е на врвот. Спонтани излегувања, флерт и романса доаѓаат без многу напор.
Јарец – Кон крајот на декември, двете планети влегуваат во вашиот знак и ги активираат романтичните и страстните импулси. Можно е новогодишниот бакнеж да биде со некој навистина посебен.
Ако не сте меѓу овие знаци – вреди да го проверите и вашиот подзнак.
Фото: Pexels

