Македонија
Николовски тврди дека нема препукувања во СДСМ поради изборот на кандидатите за градоначалници
Вицепремиерот за борба против корупцијата и генерален секретар на СДСМ, Љупчо Николовски тврди дека во партијата нема никакви дилеми, ниту препукувања во однос на изборот на кандидатите за градоналници.
Одговарајќи на новинарски прашања денеска во Македонска Каменица, Николовски подвлече дека СДСМ убедливо води во источниот регион, а одлуките за имињата на кандидатите што засега не се објавени, најверојатно ќе бидат познати до крајот на месецот.
„Промовиравме 51 кандидат за градоначалник. Остануват уште над десетина општини. Имаме во последниот круг на одлучување општини во кои СДСМ води со над десет или 15 проценти. Во Крива Паланка водството на СДСМ пред ВМРО-ДПМНЕ е 2:1. Секој еден кадндидат ќе го победи кој било друг. Целта е да ги одбереме најдобрите кандидати. И во Кочани водството на СДСМ е огромно пред ВМРО-ДПМНЕ, во Центар, во Струмица, во Шуто Оризари и во многу други општини. Исто и во Македонска Каменица“, подвлече Николовски.
Тој образложи дека има повеќе кандидати, а партијата сака да ги одбере најдобрите, притоа, внимателно носејќи ги одлуките.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Гази Баба и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Товарник бр. 3, како и дел од корисниците од ул. Среќко Пужалка. (општина Гази Баба)
– во периодот од 09.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улиците Кичевска и Рафаел Батино. (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Утрински минусни температури, кон крајот на денот се очекуваат локални врнежи од снег
Променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има локални врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -2, а максималната ќе достигне од -2 до 8 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -7, а максималната ќе достигне до 6 степени.
Времето во наредните денови
Денеска кон крајот на денот, во текот на ноќта и во среда се очекуваат повремени врнежи претежно од снег. Во четврток ќе биде претежно облачно, а во петок ќе преовладува умерено облачно време со сончеви периоди. По котлините ќе има услови за појава на магла. Од сабота, најпрво во западните делови, а потоа насекаде, повторно се очекуваат врнежи од дожд и снег
Македонија
Утре променливо облачно време со локални врнежи од снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има локални врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -2, а максималната ќе достигне од -2 до 8 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -7, а максималната ќе достигне до 6 степени.
Утре кон крајот на денот, во текот на ноќта и во среда се очекуваат повремени врнежи претежно од снег. Во четврток ќе биде претежно облачно, а во петок ќе преовладува умерено облачно време со сончеви периоди.
По котлините ќе има услови за појава на магла.
Од сабота, најпрво во западните делови, а потоа насекаде, повторно се очекуваат врнежи од дожд и снег.

