Контакт

Македонија

„Екосвест“ со анализа: Системот на субвенционирање на малите хидроцентрали некомпатибилен со европските правила

Објавено пред

Во земјата 96 пуштени мали хидроцентрали и уште 25 што набргу ќе почнат со работа прават сериозни штети на животната средина и на пристапот до вода за населението. Една од причините зошто оваа технологија продолжува да е атрактивна за инвеститорите е системот на субвенционирање со повластени тарифи, кој кај нас сѐ уште постои иако веќе неколку години се напушта во ЕУ, покажа анализата на државната помош за обновливи извори на енергија во Република Севеверна Македонија.

dobivaj vesti na viber

Анализата беше направена од страна на експерти од Центарот за економски анализи – ЦЕА, преку која апелираат до Владата да се придржуваат кон ЕУ-регулативите и со тоа да се либерализира енергетскиот пазар и да се овозможи поголем продор на други модерни технологии, кои се помалку штетни за средината.

„Од воведувањето на повластените тарифи за субвенционирање на искористувањето на обновливите извори на енергија во 2007 година до крајот на 2020 година пуштени се во употреба 96 мали хидроелектрани што користат повластени тарифи, а во блиска иднина треба да се пуштат уште 25. Поради нивниот голем број и изградба во предели со природни богатства, како и заштитени подрачја, сѐ почести се случаите кога тие се во сериозен конфликт со заштитата на природата или со пристапот до вода на луѓето, што ја доведува во прашање оправданоста тие да се поддржани со фиксни тарифи“, истакна извршната директорка Ана Чоловиќ-Лешоска од „Екосвест“.

Од ЦЕА велат дека поддршката на обновливите извори треба да се префрли кон премии доделени со аукција, а не преку фиксни повластени тарифи, како што е во моментот.

„Според ЕУ-регулативата за државна помош, поддршката на обновливите извори треба речиси целосно да се префрли од фиксни повластени тарифи кон премии доделени со аукција. Премиите ги изложуваат обновливите извори на енергија на сигналите на пазарот бидејќи некои технологии за обновлива енергија, како што се малите хидроцентрали, достигнаа фаза на зрелост, што бара нивна интеграција на пазарот. Со оглед на тоа дека во моментот кај нас некои технологии сѐ уште добиваат само повластени тарифи, може да се заклучи дека не е извршено целосно усогласување на националното законодавство со ЕУ-легислативата“, вели Весна Гарванлиева од Центарот за економски анализи.

Здруженијата доставиле жалба до Енергетската заедница и очекуваат одговор на нивните барања за да се либерализира енергетскиот пазар.

„Сметаме дека моментната поставеност на националната регулатива ги фаворизира малите хидроцентрали за што имаме доставено и жалба до Енергетската заедница. Додека во ЕУ гледаме диверзификација на производството и намалување на уделот на хидроенергијата во енергетскиот микс, кај нас сѐ уште поддржуваме зрели и конкуретни технологии со субвенции. Владата и ресорните министерства мора што побргу да овозможат транзиција на сите технологии од тарифи кон премии за да овозможиме вистинска либерализација на енергетскиот пазар, но и максимална заштита на природата од штетни проекти, кои инаку не се конкуретни на пазарот“, додава Давор Пехчевски од „Екосвест“.

Македонија

Делови од Сарај и Карпош денеска без струја

Објавено пред

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:

dobivaj vesti na viber

· во периодот од 09:00 до 14:00 часот, дел од корисниците од село Буковиќ, горниот дел (општина Сарај);

во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците на улицата Струшка (општина Карпош).

Прикажи повеќе...

Македонија

Апасиев: Следната недела ќе закажам посебна седница за трагедијата во „Пулс“

Објавено пред

„Како претседател на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот во Собранието на РМ, следната недела планирам да ја закажам посебната комисиска седница на која ќе се разгледува добиената Претставка од „Здружението 16 Март“ на родителите од Кочани, на која ќе се расправа за изнесените наводи поврзани страшната трагедија во дискотеката „Пулс“. На седницата официјално ќе бидат поканети и претставници на подносителите“, напиша на социјалните мережи пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев.

dobivaj vesti na viber

За време на саботниот „Марш на ангелите“ во Скопје, семејствата на загинатите во „Пулс“ побараа пратениците да иницираат надзорна расправа и посебна анкетна комисија за целосно и независно испитување на случајот.

Прикажи повеќе...

Македонија

Претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд

Објавено пред

Претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 l/m² за 24 часа), локално со услови за невреме со засилен ветер (над 60 km/h) и појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 13 до 18 степени.

dobivaj vesti na viber

Во Скопје, облачно со повремени врнежи од дожд, во делови од котлината повремено пообилни. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.

Времето во наредните денови

Под влијание на серија влажни воздушни бранови до крајот на седмицата следува период на променливо облачно и релативно топло време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, локално со услови за невреме со засилен ветер (над 60 km/h) и ретки грмежи. Во текот на 24 часа се очекува да наврне поголема количина дожд (над 30 l/m2). Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет16 минути

(Видео) Трамп: Ќе објавиме сè за Епштајн, но сепак нема да биде доволно

Американскиот претседател Доналд Трамп вети дека ќе ги објави сите документи за покојниот финансиер и осуден педофил Џефри Епштајн, но...

Свет21 минута

(Видео) Израелците нападнаа Палестинци во близина на Витлеем; Нетанјаху: Ќе се справам со тоа

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера изјави дека итно ќе свика состанок на кабинетот за да се осигури дека Израелците што...

Регион43 минути

(Видео) Гори облакодерот „Вјесник“ во Загреб, снимките се драматични

Малку пред полноќ во понеделник навечер, во небодерот Вјесник на Славонска авенија во Загреб избувна пожар, а како што се...

Македонија11 часа

Два авиони наместо во Скопје пренасочени во Приштина поради силен ветер

Два вечерни лета кои требаше да слетаат на скопскиот аеродром, се пренасочени кон Приштина поради неповолни услови за слетување. Директорот...

Македонија13 часа

Градиме брза железница и автопати од Албанија до Бугарија, најави Николоски во Виена

Македонија ги реализира најкрупните капитални проекти за патна и железничка инфраструктура на транспортните Коридори 8 и 10, истакна вицепремиерот Александар...

Регион14 часа

Албанија со торта во Брисел го прослави отворањето на последниот преговарачки кластер со ЕУ

Албанија со торта во Брисел го прослави отворањето на последниот од вкупно шест преговарачки кластери со ЕУ. „Го отворивме последното...

Македонија14 часа

Земјотрес почувствуван во Делчево и Виница

Денес околу 15:48 часот беше почувствуван земјотрес во делови на североисточна Македонија, најмногу во Делчево, Виница и околните места. Според...

Македонија15 часа

Сиљановска-Давкова: ЕУ сè уште нема јасна стратегија за нашата европска интеграција и практикува двојни стандарди

Да се посветиме на реформите, не поради „политичката волја“ за уставните измени, туку заради владеење на правото, порача претседателката Гордана...

Македонија15 часа

Министерот Тошковски опериран во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска бил опериран во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје. Тој вели дека следи...

Македонија18 часа

(Видео) Филипче: Власта врши притисок врз судството

Претседателот на СДСМ и на Националниот совет за евроинтеграции, Венко Филипче, на денешната седница на Советот упати сериозни критики за...

Македонија18 часа

Ќе се гласа на 11 јануари: Гаши го потпиша актот за одржување на повторените избори за градоначалници во четирите општини

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска го потпиша актот за одржување на локалните избори за четирите општини Гостивар, Маврово-Ростуше, Врапчиште...

Македонија19 часа

Бизнисмен од Штип крадел струја: манипулирал на сите три фази на броилото

Тимот на Електродистрибуција специјализиран за откривање неовластено користење на електрична енергија утврди основи на сомневање за наводна кражба на електрична...

Македонија21 час

Почна пријавувањето за електронски ваучери за студенти преку Националниот портал за е-услуги

Министерството за дигитална трансформација ја информира јавноста дека од денеска е отворен Јавниот повик за доделување на вредносни ваучери за...

Македонија21 час

(Видео) Мицкоски и Ѓорѓиевски во вечерна обиколка на Скопје: Сè беше чисто и средено како што и прилега

Премиерот Христијан Мицкоски на својот фејсбук профил објави дека заедно со градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски биле во вечерна обиколка...

Македонија22 часа

Го турнале на земјата, го клоцале, го ограбиле, па се обиделе да му го скршат мобилниот телефон: eден осомничен за разбојништво во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Разбојништво од член...

Европа23 часа

Што по падот на Покровск?

Додека Русија фокусира огромни сили врз Покровск во обид конечно да го освои рударскиот град во источна Украина, расте неизвесноста...

Регион23 часа

Хрватски навивачи нападнати со шипки во Црна Гора

Група хрватски навивачи вчера вечер беа нападнати на магистралниот пат Цетиње – Будва. Според неофицијални информации од Управата на црногорската...

Европа24 часа

(Видео) Пет млади лица загинаа во сообраќајна несреќа во Ирска

Тројца млади мажи и две жени на возраст од дваесет години загинаа во ужасна сообраќајна несреќа во округот Лаут, Ирска,...

Регион1 ден

РТС: Пукано кон српски војници во близина на воена база

Вооружена и маскирана група Албанци отвори оган врз припадници на српската армија во реонот на базата „Дебела Глава“, во близина...

Свет1 ден

(Видео) Тројца убиени во нов американски воен напад врз брод за шверц на дрога

САД извршија уште еден напад врз брод за кој се тврди дека шверцува дрога во источниот Пацифик, при што загинаа...