Македонија
Царовска: Средните училишта ги отворивме за учениците, посакувам успешна учебна година и почитување на мерките за заштита
Средношколците најдобро знаат што значи враќањето на училиште. Некои од генерациите во изминатата една и пол година искусија како е да имаат настава со физичко присуство и како е да се биде дел од онлајн или друга форма на настава и мислам дека целосно ја забележуваат разликата, особено од аспект на спроведување и учество во вистинска практична обука преку која ги надградуваат личните компетенции, но и од аспект на поквалитетен социјален живот.
Ова го истакна министерката за образование и наука за време на посетата на СУГС „Никола Карев“ во Скопје на првиот училиштен ден од учебната 2021-2022 година, каде што беше заедно со скопскиот градоначалник Петре Шилегов и италијанскиот амбасадор во Скопје, Карло Ромео.
„Задоволство ми е што и средношколците со почетокот на новата учебна година се вратија во нивната средина, таму каде што припаѓаат, тоа е училиштето, и верувам дека ќе имаме успешен едукативен процес и со висока лична и колективна одговорност ќе го одржиме овој модел на настава со физичко присуство за кој се заложивме бидејќи е најефективен и нема подобра алтернатива“, рече Царовска посочувајќи дека во изминатиот период и средните училишта интензивно се подготвуваа за да имаат квалитетна и безбедна настава и според информациите таа е почната секаде.
Исклучок се, како што рече Царовска, неколку училишта, каде што има градежни активности и поради тоа извесен период наставата ќе биде онлајн, исто како и во училиштата од Тетово, Гостивар, Кичево и од Струга, каде што поради епидемиолошката состојба, Комисијата за заразни болести донесе одлука учениците да не почнат настава со физичко присуство.
Учебната година ја почнуваат околу 187.000 основци и 70 илјади средношколци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Петнаесетгодишник претепан пред обложувачница во Скопје
Осумнаесетгодишник ноќеска претепал петнаесетгодишник пред обложувачница во Скопје, а настанот го пријавиле лекарите од Клинички центар.
„Утрово во 06:31 часот во Полициската станица Кисела Вода од Ургентен центар при комплекс клиники ’Мајка Тереза’ во
Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен 15-годишник од Скопје, кој претходно, според пријавеното околу 00:30 часот во обложувачница во Скопје бил физички нападнат од Л.В.(18)“, извести МВР.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Македонија
Двегодишно дете со тешки телесни повреди од Битола пренесено во Скопје, го нападнале кучиња скитници додека си играло
Лекарите од Клиничката болница во Битола вчера во полиција приавиле дека примиле двегодишно дете со тешки телесни повреди по напад од кучиња скитници.
„Доктор од Клиничка болница Битола пријави дека кај нив со тешки телесни повреди е донесено двегодишно дете од Битола, кое, според пријавеното, додека си играло во близина на семејната куќа во Битола, било нападнато од кучиња скитници. Детето е пренесено во Комплекс клиники ’Мајка Тереза‘ во Скопје“, соопшти МВР.
СВР Битола презема мерки за расчистување на настанот.
Македонија
Измамена 76-годишна битолчанка: се претставил како лекар и ѝ зел 7.000 евра за да ја спаси внуката повредена во сообраќајка
Во полицијата во Битола, 76-годишна жена вчера пријавила дека била измамена за 7.000 евра.
„76-годишна жена од Битола пријави дека била измамена од страна на непознато машко лице, кое и се јавило на телефон и ѝ се претставило како лекар, по што и кажало дека нејзината внука е тешко повредена во сообраќајна несреќа и треба да даде пари за да ѝ го спаси животот. Пријавителката заедно со сопругот однеле 7000 евра и ги дале на едно лице кое, според договорот, ги чекало кај саатот во Битола. Подоцна, пријавителката сфатила дека била измамена односно дека нејзината внука не учествувала во сообраќајна несреќа“, соопшти МВР.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

