Македонија
„Визер“ воведува вакцинација против Ковид-19 за екипажот
Авиокомпанијата „Визер“ објави дека од 1 декември 2021 година ќе бидат потребни вакцинации против Ковид-19- или редовно тестирање со антиген/ПЦР-тест во специјални случаи – за целиот екипаж, па затоа ќе воведат вакцинација за патниците. Велат дека истражувањата ја покажуваат нивната ефикасност како најдобра достапна форма за заштита од Ковид-19.
„На почетокот на пандемијата ‘Визер’ беше пионер во воведувањето строги здравствени и безбедносни мерки за заштита на патниците и членовите на екипажот обезбедувајќи максимални санитарни услови и поддржувајќи физичко дистанцирање. Како што продолжува пандемијата, ‘Визер’ е меѓу првите европски авиокомпании што дополнително ги зајакна своите заштитни мерки со оваа политика, која ќе се спроведе во согласност со поддршката на локалните власти и здравствените институции низ базите на ‘Визер’“, велат од авиокомпанијата.
Жозеф Варади, извршниот директор на Групацијата Визер, изјави: „Во ‘Визер’ нашиот приоритет број еден се здравјето и безбедноста на нашите патници и на вработените. Ние имаме одговорност да ги заштитиме екипажот и патниците во авионот со ублажување на ризиците од Ковид-19, а вакцините играат витална улога во ова“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Николоски објави видео од изградбата на автопатот Тетово – Гостивар
Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, објави видео од градежните активности на автопатот Тетово – Гостивар.
„Интензивно се работи на автопатот Тетово – Гостивар. Силна динамика во комплетирањето на автопатското решение на Коридорот 8. Ја градиме Македонија“, напиша вицепремиерот Николоски на својот фејсбук профил и објави видео од изградбата.
Македонија
Одземени 7.107 парчиња пиротехнички средства на скопски Бит Пазар
Во акциска контрола за сузбивање на нелегална продажба на пиротехника се одземени 7.107 парчиња пиротехнички средства на скопски Бит Пазар, следува соодветна пријава, соопшти МВР.
Денеска (08.12.2025) полициски службеници, на влезот на Бит Пазар, пронајдоа 7.107 парчиња пиротехнички средства, кои биле поставени на три импровизирани тезги.
Пиротехничките средства се одземени и се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата кои ги продавале, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.
„И во наредниот период МВР ќе продолжи со преземање на мерки и активности за спречување на нелегалната трговија со пиротехника. Апелираме до граѓаните доколку забележат лица кои продаваат пиротехнички средства, да пријават во полициска станица или на телефонските броеви 112 и 192“, се наведува во соопштението.
Македонија
Гужви на границите, Богородица и Меџитлија се блокирани за влез и за излез
Од 11:00 часот сообраќајот на ГП Евзони (Богородица) е блокиран за влез и излез. На ГП Ники (Меџитлија) сообраќајот е блокиран само за товарни возила и автобуси, информира АМСМ.
На ГП Дојран сообраќајот се одвива непречено, но поради зголемен интензитет се очекуваат задржувања за влез во државата.
„Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничниот премин Дојран, времето на чекање за излез од државата изнесува 30 минути. На граничниот премин Табановце, времето на чекање за излез од државата изнесува 40 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата“, информира АМСМ.

