Македонија
Вчера се вакцинирале 5.486 лица со прва доза

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови во државата, а во тек е и теренска вакцинација.
На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера, вакцинирани се вкупно 728.628 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 5.486 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 13.037 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.267.666 дози вакцини, а втора доза примиле 539.037 граѓани.
Со последните бројки, 53 отсто од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина.
Граѓаните без закажан термин се вакцинираат во постојните вакцинални пунктовите во државата. Децата од 12- до 18-годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител.
Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста се намалува шансата од заболување, како и смртен исход од неа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Времето денеска сончево и многу топло

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи.
Минималните температури ќе се движат од 11 до 20, а максималните од 29 до 39 степени целзиусови.
Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура во главниот град ќе биде 19, а максималната 39 степени.
Македонија
(Видео) Ѓорчев: Во Неготино разговаравме за сите теми од лозарство до животниот стандард, Македонија оди напред

Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев, денеска од Неготино порача дека партијата е активно присутна на терен, ги објаснуваат владините политики и ги слушаат проблемите на граѓаните. Како што истакна, посетуваат населби и села низ цела држава.
„Ја подготвуваме нашата програма за локалните избори, затоа што имаме сериозна, сериозна намера да победиме и во Неготино, и во целата Тиквешија, но и во цела Македонија. Разговараме за темите поврзани со земјоделието, од тутунот преку лозарството и грозјето, до сите оние други теми поврзани со живеачката, со платите, со животниот стандард, инфраструктурата, растот на пензиите којшто се случува“, кажа Ѓорчев.
Македонија
ЦУК: Поради силниот ветер повторно се разгорени пожарите кај Велес и Македонски брод

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека до 18:00 часот, денеска се евидентирани вкупно 25 пожари на отворен простор низ територијата на државата. Од нив, 6 се сè уште активни, 1 е ставен под контрола, додека 18 се успешно изгаснати.
Од ЦУК посочуваат дека поради силен ветер повторно се разгоре пожарот кај селата Џидимирци – Крушје – Иванковци (Општина Велес). Гори мешана нискостеблеста деградирана шума, а пламените јазици се прошируваат во неколку правци.
Ветерот, исто така, повторно го активирал и пожарот помеѓу селата Црешнево, Локвица и Крапа (Општина Македонски Брод), каде што гори деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација.
Покрај овие, активни пожари се регистрирани и на следните локации:
Општина Василево – с. Нивичино (нискостеблеста шума)
Општина Македонски Брод – с. Грешница (мешана шума и ниска вегетација)
Општина Прилеп – помеѓу селата Царевиќ и Смолани (мешана шума и ниска вегетација)
Општина Желино – шумски пожар
Според последните информации, под контрола е ставен пожарот во с. Фалише, Општина Тетово, каде што гори ниска вегетација.