Македонија
Одлуката да бидам исклучен од СДСМ не е легитимна и не е во согласност со статутот на партијата, реагира кумановскиот градоначалник

Актуелниот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, реагира откако синоќа беше соопштено дека не е повеќе член на СДСМ. Не е познато кој партиски орган ја донел одлуката за Димитриевски, но од СДСМ се повикаа на Статутот и забележаа дека кумановскиот градоначалник самиот се исклучил од партијата со одлуката да настапи на изборите како независен кандидат.
Димитриевски денеска, спротивно на раководството, наведува дека неговото ислучување не е легитимно бидејќи не е согласно статутот на СДСМ.
„Длабоко сум разочаран и искрено жалам за таквата, би рекол шверцерска, полноќна одлука на поединци на раководството на мое СДСМ. Дури ни таквата одлука не е легитимна, затоа што не е согласно статутот на СДСМ. Одлуката за исклучување се носи на седница на Извршниот одбор, па потоа на седница на Централниот одбор на партијата. Моите информации велат дека такви седници не се одржале. Правно формално јас сè уште сум член на СДСМ. Небулозата дека сам себе сум се исклучил не би ја коментирал. Но како и да е, тоа кажува за демократскиот капацитет во партијата и го потврдува мојот став искажан неодамна, дека СДСМ е узурпирана од неколкумина кои со своите интриги и манипулации предизвикуваат огромна разочараност и штета кај членството, симпатизерите и поддржувачите и сакаат Куманово да го претворат во свој пашалак. Кумановци тоа нема да го дозволат“, рече Димитриевски.
Тој нагласи дека по убедување е социјалдемократ, со јасна и прецизна социјалдемократска идеја. Во реакцијата наведе дека Куманово е револуционерен град и на 17 октомври кумановчани ќе го покажат својот непокор и пркос, упатувајќи силна порака кој на кого му свртел грб.
Претходно, Димитриевски соопшти дека ќе настапи на локалните избори како независен кандидат, по сознанија дека нема да ја добие поддршката од СДСМ. Владејачката партија потоа излезе во јавноста со изјава дека Димитриевски ѝ свртел грб на партијата. Вчера, СДСМ соопшти дека за градоначалник во Куманово го кандидира Оливер Илиевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Филипче ја следи политиката на Заев, кој со една рака на срце се колнеше во македонска жичка, додека со другата ја распродаваше, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Венко Филипче се гордее со неговиот претходник, Зоран Заев и учи од него. Тој призна дека не сака да се одвои од неговата сенка и дека и народот треба да учи од неговото искуство и политики спроведени во минатото, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Неговите политики спроведени во минатото од Заев, покрај криминал и корупција се предавството на националните интереси. Зоран Заев е човек кој со едната рака на срце се колнеше во македонската жица и тврдеше дека си ја сака земјата, додека со другата ја распродаваше. Откако со Бугарија влезе во процес на преговори и без око да му трепне, Заев прифати се што Бугарите од него побараа. Сега, таа попустлива политика на Зоран Заев спрема Бугарија, до најмал милиметар ја следи и неговиот наследник во СДС, Венко Филипче. Наместо државничка политика за заштита на националните интереси, Филипче инсистира на попустлива и политика на предавство на националните интереси“, според партијата на власт.
Од оваа партија оценуваат дека политиката на Филипче и СДС е предавничка.
„Пред некој ден потврди и Бујар Османи, кој призна дека со дозвола на СДС, со Бугарија преговарал за етнички прашања.
Со вакви погубни и предавнички политики и послушнички и поданички однос кон Заев, не е ни чудно што на последните анкети на јавното мислење, половина од граѓаните Филипче не го препознаваат за лидер на опозицијата“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Со неговите потези, како што велат, Филипче само потврдува дека СДС продолжува да биде синоним за неспособност, криминал и предавства.
Македонија
„Како Тошковски и МВР штитат роднини на партиски функционери од ДПМНЕ“, СДСМ најави нов скандал

СДСМ извести дека денеска ќе објави нов скандал, поткрепен, како што велат и со видео докази, „како Панче Тошковски и МВР штитат роднини на партиски функционери од ДПМНЕ“.
„Брат да ми е ќе одговара? Дали е ова точно што го кажува Панче Тошковски или уште една голема лага? Дали роднините на партиските функционери од ДПМНЕ праваш што сакаат и никој не ги казнува“, прашуваат од СДСМ и додаваат дека за денеска за 11.30 часот е закажана прес-конференција, во седиштето на партијата.
Македонија
„Месец дена од трагедијата во Кочани – Владата без никаков реформски закон“, велат од партијата Левица

„Иако измина повеќе од месец дена од ужасната трагедија во Кочани, на повидок не се никакви системски реформи од страна на владата на Мицкоски, иако тоа беше помпезно најавувано! Освен измени на законските одредби за употреба на пиротехника во затворен простор, безидејната влада нема иницирано никакви законски измени за отстранување на сите системски аномалии, поради кои дојде до трагичниот пожар во дискотеката Пулс“, велат од партијата Левица.
„Иако премиерот Мицкоски најавуваше законски измени за заострување на условите за добивање лиценца, до Собранието не е поднесено никаков предлог-закон. Токму Мицкоски тврдеше дека со измени од 2007 година на Законот за угостителска дејност, Пазарниот инспекторат не бил законски обврзан да ја провери веродсотојноста на лиценците.Премиерот уште на 18 март најави дека е формирана работна група за да ги подготви измените на Законот за угостителска дејност, но поради инертноста на Владата, дискотеките и понатаму функционираат според старите и лоши законски решенија.
Понатаму, нема никаква најава за реформа на безбедносниот систем и функционирањето на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) и Центарот за управување со кризи (ЦУК), чија нефункционалност излезе на површина после трагедијата во Кочани. Уште пред 3 месеци Тошковски најавуваше измени на 19 системски закони, но и после трагедијата во Кочани, никакви законски измени за подобрување на безбедносниот систем не се доставени до Собранието.
Ја потсетуваме јавноста дека владејачкото мнозинство одби да гласа за кривична одговорност на судиите, ставајќи се во заштита на корумпираниот правосуден систем поради кои Македонија е обвиена во трагедии. Додека власта на ДПМНЕ е окупирана со јавен линч и демонизирања на секој што ќе изнесе критика против нејзиното работење, Левица поднесува измени на Кривичниот законик за воведување незастарливост на кривични дела сторени од службени лица. Бидејќи владата предводена од Мицкоски е безидејна и нема политичка волја да иницира системски реформи на законите, ги повикуваме да ги поддржат измените на Кривичниот законик кои ги предлага Левица, наместо да ги штитат криминалите на своите функционери на кои им застареа делата“, се наведува во соопштението на партијата Левица.