Регион
Лице инфицирано со делта-сојот може да зарази од 20 до 30 луѓе, вели епидемиолог од БиХ
Во Босна и Херцеговина денеска е регистрирано зголемување на бројот на смртни случаи поврзани со инфекција од коронавирусот откако во изминатите 24 часа беа пријавени 24 починати.
Загрижувачките податоци за зголемувањето на бројот на смртни случаи се проследени со оние за зголемување на дневниот број на нови инфекции. Во вторникот имаше 564 нови случаи, а претходниот ден повеќе од 600.
Забрзано ширење на инфекцијата во БиХ е забележано од почетокот на август, но наглото зголемување на бројот на нови случаи следува оваа недела, а здравствените експерти предупредуваат дека ова е резултат на слабата вакцинација, но и доминацијата на делта-сојот на коронавирусот.
„Лице инцицирано со делта-сојот може да зарази од 20 до 30 луѓе“, изјави пред новинарите Бранислав Зељковиќ, директор на Институтот за јавно здравје на Република Српска, предупредувајќи дека затоа сѐ повеќе луѓе се заразени.
Досега нешто повеќе од 10 проценти од возрасните во БиХ ги примиле двете дози вакцина против коронавирусот, а околу 20 проценти се вакцинирани со една доза.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Два земјотреси во Грција: Првиот удар 4,6 степени, а вториот 4,9
Два силни земјотреси утрово ја погодија Грција. Првиот беше со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала, а вториот 4,9. Како што соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки институт (EMSC), епицентарот бил островот Крит.
Првиот земјотрес се случил на длабочина од 10 километри, додава EMSC, а епицентарот бил на 40 километри југоисточно од градот Сити, кој има околу 9.000 жители.
Засега нема информации за жртви и материјална штета.
Регион
„Заедно до крај“: Сопружници беа пронајдени прегрнати под урнатините во Јабланица
Босна и Херцеговина на 4 октомври беше погодена од катастрофални поплави, кои однесоа човечки животи.
Тешка е ситуацијата во неколку градови во БиХ, но убедливо најтешка е во Јабланица.
Во екот на разорните поплави што ја погодија БиХ, особено е потресна приказната за брачната двојка Ирмела и Јасмин Чилиќ, чии тела прегрнати ги пронашле спасувачите под урнатините во Јабланица.
Тие останале еден со друг до крај, но за жал не можеле да се извлечат. Биле познати во нивната заедница како топли и грижливи луѓе, а нивната љубов и поврзаност послужија како инспирација за многу луѓе.
Регион
Две лица загинаа во пожар во стан во Белград
Две лица загинаа во пожар во Белград, потврдија за РТС од итната помош.
Пожарот избувнал околу 05:30 часот во стан на вториот кат во Раковица.
Противпожарните екипи се уште се на терен.