Македонија
23-годишно момче почина од коронавирус, потврдени 722 нови случаи
Во последните 24 часа од коронавирус починаа 26 лица, меѓу кои е и 23-годишно момче од Крива Паланка, информира Министерството за здравство.
Во последните 24 часа се направени 5.865 тестирања, а регистрирани се 722 нови случаи на Ковид-19 од кои најмногу во Скопје – 302,Тетово – 51, Куманово – 46, Струмица – 42.
Во Гостивар – 39, Охрид – 24, Велес ,Кичево и Штип – по 21, Кавадарци – 19, Битола ,Свети Николе и Струга – по 18, Прилеп – 16, Кочани – 13, Дебар – 7, Делчево и Радовиш – по 6, Гевгелија , Крива Паланка и Неготино – по 4, Берово, Македонска Каменица ,Пробиштип и Ресен – по 3, Богданци,Валандово и Виница – по 2, Демир Хисар,Дојран, Кратово и Македонски Брод – по 1 .
Регистрирани сe 574 оздравени пациенти.
Пријавени се 26 починати лица: 6 починати лица од Скопје (77г,63г,58г,57г,52г,47г,), по 5 починати лица од Тетово (74г,73г,68г,67г и 62г), по 3 починати лица од Гостивар (82г,55г и 52г) и Куманово (84г,71г и 65г) , по 2 починати лица од Кичево (78г и 68г) и Струга (76г и 45г) и по едно починато лице од Крива Паланка (23г), Струмица (73г) ,Штип (67г) ,Охрид (84г) и Прилеп (83г).
Од пријавените лица 20 се починати во болнички услови, а 6 од пријавените лица се починати во домашни услови.
Досега во земјата се направени вкупно 1.175. 766 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 178.879, бројката на оздравени пациенти е 157.868, на починати е 6.013, а бројот на активни случаи изнесува 14.998.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забрани за камиони на планинските превои Ѓавато, Пресека, Маврово – Дебар и Струга – ГП Ќафасан
Забрани за тешки товарни возила на планинските превои Ѓавато, Пресека, Маврово – Дебар и Струга – ГП Ќафасан, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Делови од Сопиште и Илинден денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека за денеска се планирани два прекини и тоа:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците на дел од село Добри Дол. (општина Сопиште)
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците во село Кадино кон црквата Св.Илија, улица 6. (општина Илинден)
Македонија
Облачно со повремени локални врнежи од снег
Времето денеска ќе биде облачно со повремени локални врнежи од снег. Пообилни врнежи ќе има во западните делови и се очекува висината на снежната покривка на планините и на некои од повисоките места да се зголеми до 25 cm. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до -2, а максималната ќе достигне од 0 до 6 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од снег со послаб интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 2 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно време со пораст на температурите. До сабота ќе се задржи претежно стабилно време, а по одделни котлини ќе има појава на магла. Од сабота кон крајот на денот повторно се очекуваат локални врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег.

