Црна хроника
Во сообраќајката кај Стража загина 34-годишен гостиварец
Триесет и шестгодишен гостиварец кој бил сопатник во едно од возилата што се судрија вчера кај Стража е загинатиот во несреќата, соопшти МВР.
Повредени се седум лица.
„На 04.09.2021 околу 15,30 часот било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во близина на новоселски гробишта во с.Ново Село се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “мерцедес“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од З.М.(41) од Охрид, патничко моторно возило “бмв“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Е.Н.(23) од с.Радиовце-тетовско, и товарно моторно возило “фургон сангјонг“, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Б.Љ.(32) од с.Д.Бањица-гостиварско. На местото на незгодата починал сопатникот од товарното возило С.Е.(34) од Гостивар. Со тешки телесни повреди се здобиле двајца сопатници од возилото “мерцедес“ П.Ж.(51) и М.М.(42) двајцата од Р.Србија, сопатникот од товарното моторно возило М.К.(31) од Гостивар и возачот Б.Љ., а со телесни повреди повреди се здобиле возачите З.М. и Е.Н. како и сопатникот од возилото “бмв“ Р.Р.(23) од с.Г.Палчиште-тетовско констатирани во Ургентниот Центар во Гостивар“, соопшти полицијата.
Извршен бил увид на местото на настанот од полициска екипа во присуство на Јавен обвинител.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсен маж од струмичко, со ловечка пушка усмртил куче
Вчера во 17:00 часот во с.Куклиш, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода Д.Б.(50) од истото село, соопшти МВР.
Тој се сомничи дека околу 14:00 часот испукал еден истрел од ловечка пушка, при што усмртил куче, сопственост на М.Ѓ. од с.Куклиш.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Струмица и ветеринарен лекар. Од Д.Б. е одземена пушката и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Нуркачи спасиле двајца верници кои се фрлиле по крстот во Вардар во Скопје
Нуркачите спасија двајца верници кои вчера се фрлаа по крстот во водите на реката Вардар во Скопје.
Според информациите на МВР, вчера околу 12:30 часот на кеј на реката Вардар во Скопје, при одржување на верска манифестација по повод празникот Водици, П.А.(20) од с.Визбегово, скопско и Х.П.(27) од с.Сопиште, скопско, кои учествувале на манифестацијата и влегле во водата, почнале да се дават, по што од нуркачки тимови биле извадени надвор од водата.
Двајцата со возила на Итна медицинска помош биле пренесени во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје.
Црна хроника
Уапсен водич на навивачка група во Тетово
Вчера во 20:10 часот во населба Дреновец во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Р.Е.(23) од Тетово, водач на навивачка група.
Тој се сомничи дека околу 19:20 часот на улица „Иво Лола Рибар“ во Тетово заедно со неколку лица со маски на главите физички ги нападнале А.Ј.(22) и Д.П.(22), двајцата од Скопје, при што употребиле и тврди предмети и му нанеле повреди на А.Ј. и го оштетиле нивното возило „мазда 3“.
Тој е задржан во полициска станица, извршен е увид и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.

