Македонија
Регистрирани 199 нови случаи на Ковид 19, починаа 32 лица

Во последните 24 часа се направени 2.558 тестирања, а регистрирани се 199 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 157, Куманово и Кавадарци – по 6, Прилеп, Гостивар, Кичево и Дебар – по 4, Велес- 3, Битола, Штип, Струга, Свети Николе и Крива Паланка – по 2, Богданци – 1.
Регистрирани сe 556 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 164, Тетово – 115, Струмица – 50, Куманово – 40, Гостивар – 35, Штип – 26, Кавадарци – 20, Кичево – 15, Битола – 14, Велес – 11, Дебар – 10, Ресен и Пробиштип – по 9, Валандово – 8, Прилеп – 7, Кочани -6, Кратово – 5, Неготино и Радовиш – по 4, Свети Николе – 2, Виница и Богданци – по 1.
Пријавени се 32 починати лица: 13 од Скопје (80, 76, 75, 72, 72, 69, 69, 64, 61, 57, 55, 45, 35), 6 од Тетово (81, 78, 77, 69, 62, 53), 3 од Гостивар (83, 74, 68), 2 од Велес (72, 64) и по едно починато лице од Прилеп (80), Кавадарци (72), Охрид (77), Струмица (77), Струга (79), Свети Николе (57), Радовиш (49) и Делчево (71).
30 од пријавените починати лица се починати во болнички услови, двајца во домашни услови.
Направени се 2.558 теста преку: ИЈЗ – 21, ЦЈЗ Скопје – 33, ЦЈЗ Битола – 0, ЦЈЗ Прилеп – 0, ЦЈЗ Тетово – 0, ЦЈЗ Куманово – 12, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – 1, Судска медицина – 0, лабораторија во болницата во Козле – 0, УК Пулмологија со алергологија – 0, ГОБ „8 Септември“ – 0, Институт за микробиологија – 0, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 104, „Авицена“ – 149, „Биотек“ – 145, „Систина“ – 133, лабораторија „Лаор“ – 0, „Синлаб“ – 2, „Ремедика“ – 0, „Плодност“ – 0, „Генеа“ – 0, „Никоб лаб“ – 492, „ВФВ медикал“ – 49, „Ели медика“ – 44, „Ројал медика“ – 0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 1.373.
Досега во земјата се направени вкупно 1.190.914 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 180.243, бројката на оздравени пациенти е 159.365, на починати е 6.097, а бројот на активни случаи изнесува 14.781
Според епидемиолошки анализи, во моментот дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 77.812, Активни 6.202
Куманово 10.464, Активни 893
Прилеп 8.728, Активни 279
Тетово 10.533, Активни 1.786
Битола 6.778, Активни 271
Велес 5.844, Активни 245
Гостивар 7.769, Активни 992
Кавадарци 5.542, Активни 195
Охрид 5.620, Активни 536
Штип 5.352, Активни 212
Струмица 5.328, Активни 639
Струга 3.661, Активни 612
Кочани 3.030, Активни 113
Кичево 3.705, Активни 573
Гевгелија 2.310, Активни 79
Неготино 2.261, Активни 54
Свети Николе 1.734, Активни 136
Ресен 1.422, Активни 108
Крива Паланка 1.294, Активни 50
Радовиш 1.373, Активни 114
Берово 1.148, Активни 47
Делчево 1.068, Активни 72
Дебар 1.404, Активни 247
Виница 964, Активни 37
Пробиштип 850, Активни 41
Валандово 748, Активни 26
Богданци 537, Активни 41
Крушево 516, Активни 21
Демир Хисар 414, Активни 10
Демир Капија 401, Активни 1
Кратово 477, Активни 59
Македонски Брод 442, Активни 56
Пехчево 297, Активни 6
Македонска Каменица 280, Активни 25
Дојран 137, Активни 3
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
На ГП Богородица запленети над илјада часовници „Ролекс“, „Бос“, „Армани“, поради сомневање за фалсификат

Дури 1.158 парчиња часовници со потпис на заштитени трговски марки „Ролекс“, „Бос“, „Армани“ и „Томи Хилфигер“ се запленети при контрола на стока пријавена за транзит на граничен премин Богородица. Случајот е откриен од мобилен царински тим, кој поради сомневање изврши детален преглед, при што се пронајдени часовници чија пријавена вредност согласно фактура издадена од фирма од Кина изнесува 60.852 денари. Поради основано сомневање за повреда на право од интелектуална сопственост, стоката е задржана, при што е започната постапка за утврдување на оригиналноста на производите.
Царинските службеници на граничните премини и мобилните царински тимови годинава заклучно со септември открија 63 случаи на повреда на право од интелектуална сопственост, при што запленети се речиси 78 илјади производи со потпис на познати трговски марки. Од нив во 37 случаи веќе е утврдено дека станува збор за фалсификати на вкупно 27.329 производи.
„Годинава заклучно септември откривме 63 случаи на повреда на право од интелектуална сопственост, што е за над 40 проценти раст во однос на минатата година кога во овој период, се откриени 44 случаи на повреда на право од интелектуална сопственост. Половина од случаите или точно 32 случаи, годинава се откриени од нашите мобилни царински тимови. Овие резултати јасно ги потврдуваат нашите напори во борбата против трговијата со фалсификати“, истакнува директорот на Царинска управа, Бобан Николовски.
Еден од главните приоритети на Царинската управа е унапредување на институционалните капацитети за ефикасна и ефективна борба против фалсификатите преку воведување на зајакнати мерки на царинска контрола за откривање и спречување на увоз, транзит и извоз на стоки кои го повредуваат правото од интелектуална сопственост, како и преку зголемена соработка со носителите на ова право и нивните застапници во Македонија.
Македонија
По убиството на судија во Албанија, македонските судии загрижени за сигурноста и почитувањето на нивните права

Судиите на Основниот кривичен суд Скопје изразуваат сочувство и солидарност до семејството, роднините и блиските пријатели на судијата Астрит Каљаја од Тирана, Р. Албанија, кој во текот на вчерашниот ден беше убиен во судница, при извршување на неговата функција како судија.
„Во овие тешки моменти, ги уверуваме судиите од Албанија, и семејството на покојниот судија, дека тие се во нашите мисли, па затоа изразуваме силна поддршка кон сите колегите судии, судската служба и целиот судски систем во Република Албанија, кои се соочуваат со болката од загубата, но и со загриженоста за безбедноста и достоинството на третата власт.
Овој суров чин не е само напад врз една личност, туку тоа е напад врз основните принципи на правдата, независноста на судството и владеењето на правото. Воедно, убиството на нашиот колега само ја потврди загриженоста на судиите во целиот регион, за нивната сигурност и достоинствено почитување на нивните права што во последните години е доведено во прашање во повеќе Балкански земји, вклучувајќи ја и Р.С. Македонија“.
Ги повикуваат сите компетентни институции во Албанија и меѓународната заедница да ги превземат сите неопходни мерки со кои, како што велат ќе ја унапредат безбедноста на судиите и судската служба при извршување на нивната службена должност, што не е ништо друго освен гарантирање на правната сигурност и заштита на Уставно загранатираните права и обврски на граѓаните на Албанија.
„Ние, Судиите на Основниот кривичен суд – Скопје, веруваме дека правдата мора да победи, дека безбедноста на судиите е крајно неопходна, и дека ние сите — како судска професија и како општество мораме да стоиме цврсто во одбрана на правдата, достоинството и институционалниот интегритет.
Македонија
Од наредната година целосно автоматизирано пријавување на новороденче

Владата и Министерството за дигитална трансформација реализираат уште едно предизвборно ветување. Министерството од почетокот на годината, формираше работна група помеѓу повеќе инстутции, меѓу кои Министерството за внатрешни работи, Управата за водење на матичните книги, Министерството за здравство-Управа за електронско здравство и соодветните јавни здравствени установи, за постигнување целосна автоматизација во издавањето на првиот извод од матична книга на родени за новороденчиња (Проект: е-бебе).
Проектот е-бебе, кој е поддржан и од канцеларијата на УНИЦЕФ, предвидува првиот извод родителите да го добијат во болница, најдоцна до 48 часа од раѓањето на бебето.
Министерството за дигитална трансформација, искористувајќи ја Националната платформа за интероперабилност и Националниот портал за услуги – uslugi.gov.mk, спроведе поврзување на сите засегнати институции во процесот за целосно автоматизирано пријавување на новороденчето. Во втората фаза на проектот се поврзуваат и услугите за здравствено осигурување од Фондот за здравство, како и услугите на помош за новороденче кои ги издаваат Министерството за социјална политика, демографија и млади.
Од родителите ќе се бара да имаат профил на ниско ниво на Националниот портал за услуги – uslugi.gov.mk.
Со посветена работа на работната група, наша определба е целосна реализација на проектот до јануари 2026 година.