Македонија
32 починати и 682 нови случаја на Ковид-19
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 6.425 тестирања, а регистрирани се 682 нови случаја на Ковид-19, од кои во Скопје – 317, Куманово – 51, Тетово – 49, Битола – 31, Кичево – 30, Кавадарци – 22, Гостивар – 19, Струмица – 18, Ресен – 15, Прилеп – 13, Охрид и Струга по 11, Делчево -10, Пробиштип и Валандово по 8, Радовиш, Крива Паланка и Кратово по 7, Штип и Дебар по 6, Велес, Неготино, Свети Николе и Берово по 5, Кочани и Гевгелија по 4, Виница и Демир Хисар по 2 и по еден во Богданци, Пехчево, Македонска Каменица и во Дојран.
Пријавени се 32 починати лица, од кои деветмина се од Скопје (88, 78, 71, 69, 68, 66, 61, 53 и 42 години), 4 од Куманово (84, 70, 63 и 58 години), по 3 од Гостивар (две на 71 година и едно на 41-годишна возраст) и Тетово (88 и двајца по 82 години), по две починати лица од Велес (80 и 72 години), Свети Николе (73 и 53 години) и Штип (56 и 33 години) и по едно починато лице од Кичево (75), Охрид (62), Струга (80), Дебар (83), Струмица (70), Прилеп (65) и од Македонски Брод (61).
Од пријавените, 28 се починати во болнички услови и 4 во домашни услови.
Регистрирани сe 1.031 оздравен пациенти, и тоа од: Тетово – 393, Скопје – 296, Гостивар – 99, Куманово – 57, Кичево и Охрид по 28, Струга – 25, Дебар – 21, Струмица – 15, Битола – 13, Прилеп – 11, Велес – 10, Македонски Брод – 8, Пехчево – 5, Радовиш и Кочани по 4, Виница – 3, Валандово, Кратово, Свети Николе и Берово по 2, Кавадарци, Ресен и Македонска Каменица по 1.
Направените 6.425 теста се преку: ИЈЗ – 313, ЦЈЗ Скопје – 85, ЦЈЗ Битола – 84, ЦЈЗ Прилеп – 52, ЦЈЗ Тетово – 119, ЦЈЗ Куманово – 69, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – 2, Судска медицина – 3, УК Пулмологија со алергологија – 17, Институт за микробиологија – 30, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 134, „Авицена“- 4 32, „Биотек“ – 438, „Систина“ – 171, лабораторија „Лаор“ – 337, „Синлаб“ – 120, „Ремедика“ – 22, „Плодност“ – 110, „Генеа“ – 11, „Никоб лаб“- 7 72, „ВФВ медикал“- 7 2, „Ели медика“ – 106, „Ројал медика“ – 128, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 2.798.
Досега во земјата се направени вкупно 1.197.339 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 180.919, бројката на оздравени пациенти е 160.396, на починати е 6.129, а бројот на активни случаи изнесува 14.394.
Според епидемиолошките анализи, во моментот дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 78.112, Активни 6.198
Тетово 10.579, Активни 1.437
Куманово 10.514, Активни 882
Прилеп 8.742, Активни 281
Гостивар 7.792, Активни 912
Битола 6.809, Активни 289
Велес 5.851, Активни 240
Охрид 5.630, Активни 518
Кавадарци 5.563, Активни 215
Штип 5.357, Активни 215
Струмица 5.347, Активни 642
Кичево 3.735, Активни 574
Струга 3.673, Активни 597
Кочани 3.034, Активни 113
Гевгелија 2.314, Активни 83
Неготино 2.266, Активни 59
Свети Николе 1.740, Активни 138
Ресен 1.437, Активни 122
Дебар 1.412, Активни 233
Радовиш 1.381, Активни 118
Крива Паланка 1.302, Активни 58
Берово 1.151, Активни 48
Делчево 1,078, Активни 82
Виница 967, Активни 36
Пробиштип 859, Активни 50
Валандово 756, Активни 32
Богданци 538, Активни 42
Крушево 516, Активни 21
Кратово 486, Активни 66
Македонски Брод 441, Активни 46
Демир Хисар 416, Активни 12
Демир Капија 401, Активни 1
Пехчево 301, Активни 5
Македонска Каменица 281, Активни 25
Дојран 138, Активни 4
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Денеска е Божик – денот на христовото раѓање
Православните христијани во светот, во Македонија и црквите кои се раководат по Јулијанскиот календар денеска го слават Рождеството Христово – Божик. Во сите храмови на Македонската православна црква изутрината се одржуваат божикни литургии.
Божик е денот на Христовото раѓање според христијанската традиција. Тоа е втор најголем празник во христијанството, по Велигден. Денеска воедно завршува 40-дневниот пост и овој ден се прославува со богата трпеза со мрсни јадења.
Со Божик е поврзана и поговорката: „Пред Божик зад Божик кај да си, дома да си” што има двојно значење: за време на големиот празник треба да се биде во кругот на семејството и тука да се слушне и да се прослави радосната вест за раѓањето на Спасителот, но не е на одмет да се потсети дека во најстудениот период од годината, сепак најпријатно и најбезбедно е во сопствениот дом.
На Божик се оди во црква и се врши причестување со земање нафора и вино, кои ги симболизираат Исусовото тело и крв. По овој чин луѓето смеат да се омрсат. Се подготвува богата софра, на која скоро задолжително било свинското месо. На денот на Христовото раѓање, по одењето во црква луѓето се веселеле, играле и пееле среде село. Божик, според црковниот календар, се празнува три дена.
Вториот ден е Соборот на Света Богородица, а третиот е Свети Стефан првомаченик.Во некои краеви на овие празници, луѓето што го носат името Божидар, Божо, Бошко и сл. слават именден на Божик, а Стефан, Стојан, Стојче слават на Св.Стефан.
Од Божик почнуваат 12-те таканаречени некрстени или нечисти, погани денови, кои траат сè до пред Водици, денот кога Исус бил крстен. Се верува дека во овие денови се движат зли духови, караконџули, вампири, вештерки и сл. кои ги загрозуваат безбедноста и сигурноста на луѓето. Затоа од Божик до Водици, луѓето со себе носеле најразлични амајлии – апотропејски средства со кои се заштитувале од злите духови, како што се лук, пелин, сол.
Македонија
Следува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 километри од автопатот се ставени во функција.
„Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција. Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ. Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба! За многу години Божиќ и Бадник!“ порача вицепремиерот Николоски.

