Македонија
Арсовска: За две години, ќе им ги разрешиме проблемите на скопјани
Кандидатката за градоначалник на град Скопје поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска, вечерва на промоцијата на кандидати во Гази Баба истакна дека нејзината визија за Скопје е град што ќе ја негува традицијата, а гледа кон иднината, како и еколошки чист град, без сообраќаен метеж.
„Знам дека вашата бројност се должни и на фактот на разочараноста од тоа што ни се случува во моментот во градот Скопје, а од друга страна, уверена сум дека сакате да дадете поддршка на она што е вистинското решение за градот Скопје за следните четири години“, рече Арсовска.
Арсовска ги посочи проблемите што граѓаните како дел од Скопје ги имаат во Гази Баба, како проблемот со чиста вода за пиење во некои делови од општината, немањето фекална канализација во одредени делови, кои, како што рече, се проблеми што не се за 21 век, како и сообраќајниот метеж, но и огромното загадување предизвикано од некои капацитети.
„Знам и верувам дека во следните четири години овие проблеми веќе нема да ги има за вас како скопјани, гарантирам дека сите овие проблеми ќе ги разрешиме во првите две години, а веќе во следните две години ќе настапиме со нови проекти“, истакна Арсовска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Министерството за здравство ги разгледува можностите и капацитетите за поддршка на Швајцарија за згрижување на повредените од трагичниот пожар
Министерството за здравство ги разгледува можностите и расположливите капацитети за да ѝ обезбеди соодветна поддршка на Швајцарија во делот на медицинското згрижување на повредените од трагичниот пожар во Кран-Монтана, соопштија од таму.
„Во таа насока, Министерството за здравство веќе постапува во координација со Дирекцијата за заштита и спасување на РСМ, а преку Координативниот центар на ЕУ за одговор на итни случаи (EU ERCC) воспоставен е канал на комуникација и со здравствените власти во Швајцарија.
Воедно, Министерството за здравство изразува искрено сочувство до семејствата на настраданите и најдлабока солидарност со повредените од овој трагичен настан“.
Македонија
Понудена помош за справување со трагичната несреќа: телефонски разговор на Муцунски со швајцарскиот амбасадор Зомер
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, по трагичната несреќа во бар во швајцарскиот скијачки центар Кран-Монтана, по која беше активиран европскиот механизам за цивилна заштита, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, по остварена консултација со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, и министерот за здравство, Азир Алиу попладнево оствари телефонски разговор со швајцарскиот амбасадор во земјава, Кристоф Зомер.
Во рамки на разговорот, Муцунски изрази искрено и длабоко сочувство до семејствата на загинатите, како и до народот на Швајцарија, упатувајќи желби за брзо и успешно закрепнување на повредените.
Во таа насока, министерот ја изрази подготвеноста на Република Северна Македонија да прифати повредени пациенти, како и да обезбеди соодветна медицинска поддршка во домашните здравствени установи.
Дополнително, министерот изрази подготвеност, доколку има потреба, македонски лекари – специјалисти, кои беа директно вклучени во лекувањето на пациентите по трагедијата во Кочани, веднаш да заминат во Швајцарија и да се вклучат во процесот на лекување на повредените.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец Струга – Граничен премин „Ќафасан“
Секторот за внатрешни работи информира дека во моментов, повторно е воспоставен нормален сообраќај на патниот правец Струга – Граничен премин „Ќафасан“.
Сообраќајот, сега е нормализиран и се одвива во двете насоки а беше затворен и во целосен прекин, од 30.12.2025 година, поради превртена цистерна на патот.
Од тогаш, сите надлежни служби излегоа на местото на настанот и активно отпочнаа со мерки за утврдување на причините за незгодата и дислокација на превртената цистерна од коловозот.

