Забава
WhatsApp воведува нова опција која ќе им се допадне на сите што сакаат приватност
Апликацијата WhatsApp во сопственост на Фејсбук, според податоци за најмногу преземани апликации минатата година, влезе во топ 5, а за да остане на таа позиција, постојано работи на подобрување.
Атрактивноста на оваа платформа за пораки беше донекаде доведена под прашалник откако претходно годинава воведе нови правила за користење, како што е споделување податоци со Фејсбук. Многумина тогаш најавија бојкот на WhatsApp.
Во меѓувреме, со цел да им обезбеди на своите корисници уште подобро комуникациско искуство, WhatsApp ја подобри опцијата last seen, односно последните активности. Досега, корисниците можеа да одберат – everyone (секој), my contacts (само контактите), или nobody (никој).
WhatsApp автоматски ќе ги брише пораките по 24 часа, а еве што нуди новата опција.
WhatsApp наскоро ќе ви дозволи да го скриете last seen од одредени контакти.

Корисниците сега ќе можат да изберат my contacts except („моите контакти освен“) и на тој начин да изберат кој од листата контакти може да види кога последен пат биле активни.
Kорисниците сега ќе можат да го сокријат својот last seen WhatsApp статус од одредени луѓе. Статусот „последен пат виден“ се наоѓа на врвот на разговорот, под името на лицето. Тоа ви го кажува времето кога лицето последен пат било видено на интернет или кога последен пат било активно.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Колин Фарел: Бев мамурен на снимање со Том Круз, сцената ја повторивме 46 пати
Ирскиот актер Колин Фарел раскажа анегдота за еден од најлошите денови во својата кариера — снимањето на филмот Minority Report во 2002 година со Том Круз.
Во гостување кај Стивен Колбер, Фарел рече дека снимале токму на неговиот роденден, откако претходната ноќ ја поминал славејќи. „Во шест наутро дојде возачот, а јас едвај што легнав. Бев ужасно мамурен“, призна актерот, додавајќи дека како „лек“ побарал шест пива и пакла цигари.
Поради мамурлак, сцената со Круз морале да ја повторуваат дури 46 пати. „Не можев да ја изговорам реченицата. Том, кого многу го почитувам, не беше баш среќен“, изјави Фарел.
Актерот потсети дека две години подоцна отишол на одвикнување од алкохол и дрога и од 2005 година е трезен, а неговата кариера повторно заблескала, што го потврди и номинацијата за „Оскар“ во 2023 година.
Забава
Џон Бон Џови: Не сум правел естетски зафати и не планирам
Рок ѕвездата Џон Бон Џови (68) во подкастот How to Fail зборуваше за стареењето и односот кон естетските зафати. Тој изјави дека никогаш не би се подложил на операции или ботокс.
„Никогаш нема да одам на операции. Косата ми е седа, но барем ја имам. Немам направено ништо — ни ботокс, ни корекција на очи или усни. Не ме интересира тоа“, рече пејачот.
Бон Џови додаде дека го мрази фарбањето коса.
„Пред околу 13 години решив да ја оставам природна.“
Иако призна дека не е целосно задоволен кога ги гледа своите стари фотографии, рече дека најважно му е здравјето: „Може секогаш да заработиш пари или да напишеш песна, но здравјето е клучот на универзумот.“
Во интервјуто спомена и дека ужива во новата улога на дедо, откако неговиот син Џејк и актерката Мили Боби Браун ова лето посвоиле ќерка.
Забава
(Видео) Калиопи објави нова песна и спот
Калиопи денеска во Белград ја претстави својата нова песна со наслов „Добро веќе и лаку ноќ“ („Добра вечер и лека ноќ“).
Автор на музиката, текстот, аранжманот и на продукцијата е повторно Ромео Грил.
Песната „Добро веќе и лаку ноќ“ е достапна на сите дигитални платформи.
Видеото за песната, кое го изработи Александар Ристовски-Принц, може да се гледа на нејзиниот јутјуб-канал:

