Македонија
(Видео) Мизрахи: Не може да има кредибилна истрага додека Заев и Филипче се на функција

Морална одговорност се чувствува, а ниту Венко Филипче, Зоран Заев, Артан Груби или кој било во Владата ја има, обвини денеска претставничката на ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи, во врска со трагедијата во Тетово.
„Животите на луѓето во болницата во Тетово беа и се одговорност на државата и одговорните во здравствениот систем. Тие луѓе требаше да се лекуваат, а не да ги изгубат своите животи како последица на неодговорноста и неспособноста на власта“, истакна Мизрахи.
Како што кажа таа, истрага мора да има, не заради тоа што власта го сака тоа, туку затоа што законски мора.
„Но, истрага која ќе ја раководат Зоран Заев, Венко Филипче и Артан Груби и институциите под нивна директна контрола или влијание, нема да биде ниту објективна, ниту ќе ги даде точните и вистинските одговори. Не може да има кредибилна истрага со веродостоен извештај сè додека политичката моќ е сконцентрирана кај истите тројца луѓе кои и се најодговорни за оваа децениска трагедија“, посочи претставничката на опозициската партија.
Според неа, Венко Филипче, Зоран Заев и Артан Груби, како и директорот на тетовската болница, брат на министерот за финансии Фатмир Бесими, треба да ги напуштат функциите кои ги имаат.
„Власта да беше спремна да утврди одговорност за доцнењето на вакцинацијата и за најголемата стапка на смртност од ковид во Европа можеби немаше да се случи оваа трагедија. Од тука, нема да премолчиме, зошто ако повторно ја прикриете одговорноста како за сè досега, ќе направите и поголеми трагедии и поголеми скандали во иднина“, кажа Мизрахи и додаде дека најпрво мора да има морална одговорност, потоа кредибилна и непристрасна истрага, а на крај и кривична одговорност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сончево време, попладне со услови за краткотраен пороен дожд и грмежи

Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност.
Попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 29 до 37 степени, јавува УХМР.
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Максималната температура ќе достигне до 36 степени.
Македонија
ПРП терапијата за пациентите од пожарот во „Пулс“ е достапна во Кочани, нема да мора да патуваат до Скопје

Десет лица повредени во трагедијата во „Пулс“, за првпат во болницата во Кочани, биле третирани со ПРП терапија (плазма збогатена со тромбоцити), соопшти вечерва директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски.
Интервенциите ги извел тим од болницата „Св. Наум Охридски“ од Скопје. Претходно 9 лица беа третирани од Клиниката за пластична хирургија Скопје.
„Ова е голем чекор напред – ПРП терапијата сега е достапна во Кочани, без потреба од патување до Скопје!“, напиша Клековски на социјалните мрежи.
ПРП е иновативна метода што користи плазма од сопствената крв за да го забрза заздравувањето на оштетената кожа.
Македонија
Филипче: Скопје е затрупано со ѓубре, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ го држат градот во заложништво

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, се обрати пред членовите на градската организација на партијата во Скопје и ги критикуваше локалните и централните политики на ВМРО-ДПМНЕ.
Филипче рече дека она што се случува во Скопје е најеклатантен пример на неспособноста, негрижата и корупцијата на власта.
Филипче рече дека пропаста на Скопје е директна последица на пропаднатите зделки меѓу Мицкоски и Арсовска, на блокадите од советниците на ВМРО-ДПМНЕ и на политичката калкулација на Владата која, и покрај тоа што има механизми, свесно го остава градот да се распаѓа.
„Скопјани не смеат да заборават дека Скопје тоне четири години заради пропаднатите бизнис зделки на Мицкоски со Арсовска. ВМРО-ДПМНЕ го држи Скопје во заложништво. Нивните функционери и советници од градот четири години немаат друга работа освен да попречуваат, блокираат и се расправаат со Арсовска. Скопје е најдобар пример за тоа како владее ВМРО-ДПМНЕ, со прст не мрдаат ако од тоа немаат личен и политички интерес. За ова треба да бидат казнети на локалните избори“, истакна Филипче.
Тој се осврна и на Трајко Славески, за кој рече дека како претседавач со Советот, не придонел со ништо за Скопје, но сепак бил награден од ВМРО-ДПМНЕ со функцијата гувернер на Народната банка.