Забава
Војводата од Сасекс и првата дама на САД ги здружија силите за виртуелен настан
Првата дама на САД и војводата од Сасекс првпат склучија пријателство пред речиси една деценија кога се поврзаа поради заедничката страст за поддршка на воените ветерани.
Принцот Хари и д-р Џил Бајден се пријатели речиси 10 години, а откако Џил стана прва дама на САД, тие го навестија првиот заеднички ангажман: да им оддадат почит на „Игрите на воините“ – проект на Министерството за одбрана.
Џил Бајден и принцот Хари во 2017 година
Долгогодишните пријатели ги здружија силите за виртуелниот настан Warrior Games („Игри на воини“).
Денес, 13 септември, Хари и Џил ќе учествуваат на специјален виртуелен настан за славење на спортистите на Warrior Games, нивните семејства и оние што помагаат во грижата за нив, пренесува „Мејл онлајн“.
Секретарот за одбрана, Лојд Остин, и Кенет Фишер, претседател и извршен директор на Фондацијата „Фишер хаус“ (добротворна организација која гради бесплатни сместување за семејства на воени ветерани додека нивен близок е во болница), исто така ќе бидат дел од настанот.
Џил Бајден, принцот Хари и Мишел Обама во текот на „Игрите Инвиктус“ во 2016 година
Џил Бајден стана постојан поддржувач на страсниот проект на Хари, „Игрите Инвиктус“, кој има слична мисија со онаа на „Игрите на воините“, на кои принцот првпат присуствуваше во Колорадо во 2013 година. И едно од клучните начела на работата на д-р Џил како прва дама денес е нејзината иницијатива Joining Forces за поддршка на семејствата на американските војници.
Торонто, 2017 година
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Карлеуша за Цеца по настапот во Велес: „Не е незнаење, тоа е дно“
Пејачката Јелена Карлеуша реагираше по настапот на Светлана Цеца Ражнатовиќ во Велес, каде што Цеца се завитка во бугарското знаме, потег што предизвика негодување кај публиката.
Како што пренесе „Курир.рс“, Карлеуша на социјалната мрежа „Икс“ го нарече овој чин „дно“ и напиша:
„Идејата да се завиткаш во знамето на земја што го оспорува името и постоењето на Северна Македонија, па уште и да го бакнеш – тоа не е глупост или незнаење, тоа е дно.“
Во текстот се додава дека и македонскиот шоумен Боки 13 реагирал со негодување, додека од прес-службата на Цеца не дале коментар.
Подоцна, Ражнатовиќ се огласи и изјави дека нејзината намера не била да навреди никого:
„Секогаш со радост ја прифаќам секоја знаме од мојата публика, бидејќи тоа е мојот народ. Жал ми е ако некого повредив – тоа не ми беше намерата, особено не домаќините,“ изјави пејачката за „Блиц“, која потоа во текот на концертот го подигна и македонското знаме.
Забава
Хороскопски знаци кои успеваат и кога се под најголем притисок
Постојат луѓе кои под притисок не губат концентрација, туку стануваат поефикасни. Според хороскопот, овие знаци најчесто успеваат дури и кога условите се најтешки:
Јарец – најдобро функционира кога е најтешко. Не се плаши од одговорност и секогаш останува рационален и смирен, користејќи го притисокот во своја корист.
Шкорпија – има силна внатрешна контрола и не паничи кога другите го прават тоа. Знае да ги анализира ситуациите и да донесе ладнокрвни одлуки.
Девица – логична, организирана и аналитична. Во кризни моменти не губи време, туку веднаш бара решение.
Овен – се мотивира кога ситуацијата станува сериозна. Притисокот кај него го буди натпреварувачкиот дух и ја засилува одлучноста.
Забава
Се скри зад долгата коса и брада: никој не го препозна познатиот актер на црвениот тепих
Познатиот британски актер Дејвид Трелфол ги изненади сите со своето најново појавување на црвениот тепих, каде што многумина не го препознаа. Со долга седа коса, брада и опуштен изглед – панталони, маица, сако и сив шал – актерот изгледал сосема поинаку од порано.
Трелфол е најпознат по улогата на Френк Галагер во серијата „Шејмлес“, но ретко се појавува во јавност и го чува приватниот живот подалеку од медиумите. Познато е дека од 1995 година е во брак со босанската актерка Брана Бајиќ.
Во новата серија „Смртта на Бани Манро“ тој го толкува ликот на постариот Бани, кој по самоубиството на сопругата се обидува да се справи со родителството и сопствената зависност од секс.

