Контакт

Македонија

183 нови случаи на Ковид-19 и 18 починати лица

Објавено пред

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.035 тестирања, а регистрирани се 183 нови случаи на Ковид-19, од кои во Скопје – 132, Куманово – 13, Кавадарци – 6, Прилеп, Струга и Крива Паланка по 3, Тетово, Битола, Велес, Охрид, Срумица, Кичево, Кратово и Демир Капија по 2 и по еден воГостивар, Штип, Кочани, Гевгелија, Свети Николе, Берово и Македонска Каменица.

dobivaj vesti na viber

Пријавени се и 18 починати лица: деветмина од Скопје (85, 80, 69, 67, 64, 61, 59, 57, 52 години), четри починати лица од Кавадраци (88, 88, 72 и 60 години), по две починати лица од Тетово (81 и 48) и Битола (81 и 79г, едно починато лице од Гостивар (78).

Од пријавените 18 лица, 16 се починати во болнички услови, а две се починати во домашни услови.

Регистрирани сe 531 оздравени пациенти од: Скопје – 189, Тетово – 68, Струмица – 32, Гостивар – 26, Дебар – 24, Кавадарци – 23, Куманово – 22, Кичево – 17, Битола и Штип по 12, Прилеп, Велес, Свети Николе и Берово по 11, Делчево – 9, Крива Паланка и Ресен по 8, Пробиштип – 7, Кочани – 6, Македонски Брод – 5, Радовиш – 4, Неготино и Валандово по 3, Кратово и Крушево по 2 и по еден во Струга, Гевгелија, Македонска Каменица, Богданци и Пехчево.

Направените 2.035 тестови се преку: ИЈЗ-34, ЦЈЗ Скопје-29, ЦЈЗ Куманово-3, Жан Митрев (Филип Втори)-76, Авицена-116, Биотек-158, Систина-85, Никоб лаб-316, ВФВ Медикал-39, Ели Медика-55, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.124.

Досега во земјата се направени вкупно 1.225.089 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 183.705, бројката на оздравени пациенти е 164.383, на починати е 6.277, а бројот на активни случаи изнесува 13.045.

Според епидемиолошките анализи во моментот, дистрибуцијата по градови е следна:

Скопје 79429, Активни 5791
Куманово 10756, Активни 889
Тетово 10650, Активни 1115
Прилеп 8821, Активни 273
Гостивар 7870, Активни 662
Битола 6866, Активни 254
Велес 5932, Активни 248
Охрид 5714, Активни 592
Кавадарци 5625, Активни 171
Струмица 5490, Активни 535
Штип 5457, Активни 222
Кичево 3796, Активни 468
Струга 3719, Активни 632
Кочани 3070, Активни 103
Гевгелија 2328, Активни 72
Неготино 2276, Активни 45
Свети Николе 1778, Активни 107
Ресен 1470, Активни 99
Дебар 1433, Активни 192
Радовиш 1421, Активни 106
Крива Паланка 1325, Активни 59
Берово 1178, Активни 48
Делчево 1095, Активни 66
Виница 990, Активни 45
Пробиштип 876, Активни 43
Валандово 768, Активни 31
Богданци 539, Активни 23
Крушево 518, Активни 16
Кратово 508, Активни 58
Македонски Брод 452, Активни 34
Демир Хисар 418, Активни 10
Демир Капија 406, Активни 5
Пехчево 307, Активни 10
Македонска Каменица 285, Активни 17
Дојран 139, Активни 4

 

 

Македонија

Преку фирми и даночни измами биле извлечени 4,8 милиони евра од државата – Обвинителството гони 20 лица, вмешани службеници од УЈП

Објавено пред

Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, истражителите од Истражниот центар при обвинителството, со асистенција на МВР, вчера до доцните вечерни часови вршеа претреси на 16 локации низ државата. При претресите се пронајдени и времено одземени фиктивна документација, парични средства, оружје и лажни печати од правни лица, а осомничените лица се обезбедени.

dobivaj vesti na viber

Акцијата е резултат на постапувања на Истражниот центар на ОЈО ГОКК и Управата за финансиско разузнавање, по известување на АНБ, при што беа обезбедени докази за основано сомнение за кривични дела од финансиска природа. Врз основа на ова ОЈО ГОКК отвори предмет и донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 20 лица кои го оштетиле буџетот на државата за 297.733.844 денари или 4,8 милиони евра.

Првоосомничениот, српски државјанин и сопственик и управител на две правни лица, заедно со двајца службеници од УЈП – Регионална дирекција Скопје, во текот на 2023 година формирале група со цел вршење на кривични дела даночно затајување, даночна измама, перење пари и злоупотреба на службена положба. Во периодот 2023–2025 година, во групата биле вклучени и други сопственици, управители и вработени во правни лица во Скопје и Гевгелија.

Со прикажување неточни податоци во даночните пријави и со помош од даночни службеници од УЈП, во периодот 2023–2024 година првоосомничениот избегнал плаќање данок во износ од 11.593.403 денари. Останатите осомничени сопственици и управители на правни лица со лажни пријави побарале, а осомничените вработени им одобриле неосновано враќање данок за нерезидентни правни лица со што е нанесена штета на буџетот во износ од 31.175.168 денари. Дополнително, дел од осомничените во истиот период вршеле трансфер и подигање парични средства со цел прикривање на потеклото на парите прибавени со кривични дела, во вкупен износ од 91.985.197 денари.

Досегашните прибрани докази упатуваат дека осомничените вработени во УЈП – Регионална дирекција Скопје, од кои дел на високи раководни позиции, со повеќекратни злоупотреби на службената положба, нанеле вкупна штета на Буџетот од најмалку 162.980.076 денари.

Јавниот обвинител ценејќи ги околностите утврди дека се исполнети условите за определување на мерката притвор за десет осомничени и на судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје му предложи на осум лица да им определи мерка притвор, додека за две лица истата е веќе определена во предметот поврзан со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој на РСМ. За останатите 10 лица јавниот обвинител предложи мерки за обезбедување присуство меѓу кои и забрана за вршење на работни активности поврзани со кривичното дело и работни активности како службени лица во УЈП на РСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

СДСМ: Анти-ЕУ и анти-САД кампања со полна пареа

Објавено пред

„Од вчера со полна пареа започна кампања против западот – против европската интеграција и против стратешкиот партнер САД. Откако САД воведоа блокада на визите, ВМРО преку своите сателити, така наречени портали, мали коалициски тендер-партнери, „независни“ експерти, сателит-партии и контролираниот дел од опозиција – тргна со сите сили да ги напаѓа САД, а со тоа и ЕУ“, велат од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„САД не воведоа санкции без причина, туку поради политиките што се водат, проруска ориентација на вицепремеир во Владата, антиамериканските активности, „Ноќните волци“, партизацијата на институциите.

Во домашната јавност се испраќаат пораки дека се работи на приближување, но сите други чекори се насочени кон запирање на интеграциите, прикажувајќи ги како конфликти бидејќи наводно удираат по националните прашања на Македонија.

Сè е фарса, како и овие напади преку дел од медиумите против ЕУ и САД, само за да се создаде слика во јавноста дека постојано нè уценуваат и постојано поставуваат нови барања. Во суштина, Владата покажува дека не сака интеграции.

Тоа јасно се гледа преку односите со соседите, постојаното креирање проблеми со Грција и Бугарија како и преку неисполнувањето на условите на ЕУ, како што се реформите и реформските закони усогласени со европските стандарди.

Сето ова е резултат на политиките што ги води ВМРО: изолација на Македонија. Целта е да станеме „црна точка“ на Европа. Сценрио во три чекори: изолација, избори, па мигранти за пари.

ВМРО е под контрола на Вучиќ кој одби да прими делегација на ЕУ во Србија. Пред тоа не отиде ни на состанокот во Брисел, иако само ден претходно предложи целиот Балкан заедно да влезе во ЕУ.

Исто, copy-paste сценарио. Ние немаме проблем со соседите, ниту со ЕУ, ниту со САД. Единствениот проблем е политиката на ВМРО. Тие создаваат проблеми таму каде што ги нема.

Проблемот е што и ние имаме свој Мадуро, не се проблем САД и ЕУ. Затоа сме во група со Сомалија, затоа нè третираат како „земја од трет свет“. Ете затоа, поради тендер-коалицијата ВМРО-ЗНАМ и нивните сателити во т.н. опозиција“, соопшти СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Фото) Наставниците од Кисела Вода на подготвителни обуки за европски проекти

Објавено пред

Во организација на Секторот за локален економски развој и Секторот за образование при општина Кисела Вода, денес се одржа обука за наставници од основните училишта на територија на општината, наменета за зајакнување на капацитетите за подготовка за европски проекти.

dobivaj vesti na viber

Обуката е дел од континуираните активности на општината, насочени кон унапредување на квалитетот на образованието и создавање современи услови за работа во училиштата, извести Општината.

Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, истакна дека вложувањето во обуки за подготовка за европски проекти претставува значајна инвестиција во иднината на образованието.

– Со јакнење на знаењата и компетенциите на наставниците, создаваме основа за поквалитетна, иновативна и современа настава. Овие обуки им овозможуваат на училиштата да се развиваат, да разменуваат искуства и да бидат дел од пошироките европски образовни процеси, што на долг рок носи придобивки и за наставниците и за учениците, нагласи градоначалничката Стаменкоска Трајкоска.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 минути

Преку фирми и даночни измами биле извлечени 4,8 милиони евра од државата – Обвинителството гони 20 лица, вмешани службеници од УЈП

Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, истражителите од Истражниот центар при обвинителството, со асистенција на МВР, вчера до...

Свет14 минути

Планoт за брз влез на Украина во ЕУ предизвика загриженост во Брисел

Брисел разгледува можност за напуштање на досегашниот модел на проширување на Европската Унија и воведување т.н. двослоен модел на членство,...

Топ26 минути

Почината жена пронајдена во стан во Струга

Вчера во 17:50 часот во ОВР Струга е пријавено дека во стан во Струга е пронајдена почината А.М.(57) од кичевското...

Свет2 часа

Сведоштво од Иран: „Војна е, нè убиваат затоа што немаат место во затворите“

Информациите од Иран се тешко достапни по петдневна блокада на комуникациите, но една млада жена која успеала да избега во...

Европа4 часа

(Фото) Макрон се појави пред војниците со црвено и отечено око

Емануел Макрон се појави со црвено око за време на неговото годишно обраќање пред француските војници. Тој се пошегува, користејќи...

Свет4 часа

Саудиска Арабија, Катар, Турција и Оман испратија предупредување до Трамп

Саудиска Арабија, Катар, Турција и Оман го повикаа американскиот претседател Доналд Трамп да не започнува воздушни напади врз Иран, стравувајќи...

Свет5 часа

(Видео) Кенеди за исхраната на Трамп: Не знам како е сè уште жив, јаде навистина лоша храна

Американскиот секретар за здравство и човечки услуги, Роберт Ф. Кенеди Џуниор, се осврна на навиките за јадење на Доналд Трамп,...

Свет5 часа

Венецуела најавува „нова политика“ и отворање на нафтените полиња за странски инвеститори

Привремената претседателка на Венецуела, Делси Родригез, во четвртокот претстави законодавна иницијатива насочена кон зајакнување на нафтената индустрија. Реформите ќе овозможат...

Свет5 часа

Нови израелски напади врз Газа: убиени членови на Хамас и Исламски џихад

Воен офицер на Хамас, полицаец од палестинското движење и милитант на Исламски џихад се меѓу најмалку десет лица убиени во...

Свет17 часа

Путин: Светот станува поопасен, ситуацијата на меѓународната сцена се влошува

Рускиот претседател Владимир Путин денес изјави дека меѓународната ситуација се влошила и дека светот станува поопасен, но не ја спомена...

Македонија20 часа

Претреси на повеќе локации поради сомнежи за даночна измама од поголеми размери

Од попладнево, под раководство на јавен обвинител од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК),...

Македонија22 часа

Поддршка за новиот закон, пасивното пушење е докажана причина за сериозни болести, велат од Институтот за медицина на трудот

Институтот за медицина на трудот на РСМ, СЗО Колаборативен центар, како водечка јавно-здравствена установа во оваа област, изразува целосна и...

Македонија23 часа

ИЈЗ: Нема потреба од продолжување на зимскиот распуст, грипот на ниво на средна активност

Во втората недела од 2026 година, состојбата со грипот во земјава се наоѓа на ниво на средна активност, со зголемен...

Македонија23 часа

Муцунски: Одлуката на САД не значи крај за туристичките визи и „Ворк енд травел“ програмата

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, појасни што значи одлуката на САД за стопирање на процесот на издавање на визи....

Топ1 ден

Двомесечно бебе почина во болницата во Кавадарци, телото е предадено на обдукција

Синоќа во ОВР Кавадарци е пријавено дека околу 21:35 часот на детското одделение во Општа болница Кавадарци починало бебе на...

Македонија1 ден

„За почиста Македонија“ со петиција до Владата: казни и за фрлање отпад од автомобилите преку „Сејф сити“

Организацијата „За почиста Македонија“ собра 1.000 потписи за петицијата со која се бара системот за сообраќајни прекршоци „Сејф сити“ да...

Македонија1 ден

Фирма фатена на дело – нелегално вршела поштенски услуги и криумчарела пратки, Царинската управа поднесе кривична пријава против две лица

Царински инспектори од Одделението за истраги, во координирана акција со МВР, УЈП, Агенцијата за пошти и Државниот пазарен инспекторат, извршија...

Свет1 ден

Израел и Иран постигнаа таен договор преку Русија

Во услови на високи тензии, Израел и Иран тајно разменија пораки, со посредство на Русија, уверувајќи се едни со други...

Свет1 ден

Иранско судство: Демонстрантот Ерфан Солтани не е осуден на смрт

Иранското судство ги негираше извештаите дека демонстрантот Ерфан Солтани е осуден на смрт, објавија иранските државни медиуми. Солтани претходно беше...

Свет1 ден

Егзекуцијата на иранскиот демонстрант Ерфан Солтани е одложена, велат семејството и групата за човекови права

Егзекуцијата на иранскиот демонстрант Ерфан Солтани не е извршена вчера, потврдија член на семејството и Хенгав, група за човекови права...