Македонија
Политиките за користење обновливи извори ја имаат поддршката од Секретаријатот на Енергетската заедница
Премиерот Зоран Заев попладнево го прими директорот на Секретаријатот на Енергетската заедница, Јанез Копач, кој учествуваше и на „Македонскиот енергетски форум 2021“, кој во организација на ЗИП Институтот, Амбасадата на САД во земјата и Владата, денеска и утре се одржува во Скопје.
На средбата беше изразена благодарност за поддршката којашто ја дава Секретаријатот на Енергетската заедница за имплементација на законодавството во делот на енергетиката во Република Северна Македонија, при што позитивно беше оценет напредокот во реформите во легислативниот дел, во насока на имплементација на Третиот енергетски пакет на законодавството на Европската Унија.
Премиерот Заев истакна дека за разлика од минатото, Владата активно работи на искористување на она што ја карактеризира нашата земја, а тоа се сонцето, ветерот и водата, за успешно постепено менување на производството на електрична енергија од јаглен со производство на електрична енергија од обновливи извори.
Притоа Заев информираше за различните фази на инвестициите, споменувајќи ја фотонапонската електрана во Осломеј од 10 мегавати, која до крај на октомври годинава ќе биде готова, односно вкупно 170 мегавати електрани на сонце или 10 пати повеќе од 17-те мегавати изградени во претходните 11 години.
Истакнувајќи дека Владата е насочена кон обезбедување погодни услови за инвестирање, особено во енергетскиот сектор, премиерот подвлече дека со донесувањето на Законот за стратешки инвестиции, се отворија можности за препознавање на заложбата од страна на големите инвеститори и веќе неколку сериозни инвеститори доставија официјални проекти за стратешки инвестиции како што се „WPD“ од Германија за изградба на 415 мегавати ветерна електрана, „EFT Group“ за изградба на 80 мегавати фотонапонска електрана, а неколку други сериозни инвеститори искажаа интерес за инвестирање во големи енергетски инфраструктурни објекти, односно проекти вредни стотици милиони евра.
Директорот Копач упати честитки до Заев за позитивниот исчекор направен во изминатиот период посочувајќи дека земјата бележи напредок во однос на имплементација на законодавството на Европската Унија од областа на енергетиката.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

