Забава
Интервјуто на Опра со принцот Хари и Меган ја губи трката за „Еми“
Експлозивното ТВ-интервју на Опра Винфри со принцот Хари и неговата сопруга Меган загуби на Creative Arts Emmys („Еми – награди за креативни уметности“) од серија за италијанска храна и култура.
Двочасовниот разговор на Винфри со Хари и Меган во март предизвика шокови во британската монархија кога Меган го обвини кралското семејство дека искажало загриженост за тоа колку ќе биде темна кожата на првото дете на парот и дека стресот на животот како кралски младенци ја донел до работ на самоубиство.
Тоа беше прво телевизиско интервју дадено од парот по нивната одлука во почетокот на 2020 година да ги напуштат кралските должности и да се преселат во Калифорнија, а во првите три дена го гледаа повеќе од 49 милиони луѓе во светот, објави телевизијата Си-би-ес.
Винфри и нејзиниот тим беа номинирани за наградата „Еми“ – најголема почест на американската телевизија – во категоријата хостиран документарен серијал, но ги победи актерот Стенли Тучи со серијата за патување и храна Searching for Italy („Во потрага по Италија“).
Ниту Хари ниту Меган не присуствуваше на скромната церемонија на наградите за креативни уметности во неделата на 12 септември, која му претходи на главното доделување на наградите „Еми“ следната недела.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Фото) Најжешката Бразилка случајно откри детаљ за својот новороден син
Познатата манекенка Жизел Бундхен веќе некое време ужива во љубовта со Жоаким Валенте, со кого неодамна се омажи на интимна церемонија во семејниот дом откако го добија своето прво заедничко дете.
Жизел веќе има две деца од бракот со Том Брејди, а сега има син со Валенте, чие средно име е познато само како Ривер.
Популарната Бразилка сепак успеа да го чува името на детето во тајност, но „случајно“ ја откри првата буква, или барем така се претпоставува. Во една од нејзините најнови објави, Жизел позира со својата сестра близначка Патриција додека носи ѓердан со привезоци.
Привезоците во облик на буквите J, B, V, A привлекоа внимание, па обожавателите претпоставуваат дека буквата J го означува името на нејзиниот сопруг Жоаким (Јоаким), B и V се Бенџамин и Вивиен, нејзините постари деца, додека A е веројатно првата буква од името на најмладиот син.
Жизел не коментираше за ова и веројатно нема да коментира бидејќи е позната по тоа што никогаш не зборува за деталите од нејзиниот приватен живот, па затоа ќе треба само да почекаме нова објава на Инстаграм и можеби да добиеме малку повеќе информации.
Забава
(Фото) Елегантно, смело и носталгично: Оваа форма на нокти е повторно во тренд во 2026 година
Секогаш си играме со форми на нокти и маникири, но една форма се враќа по долго време – ќе биде доминантна оваа година и ќе ја носиме на безброј начини.
Елегантна, смела и со допир на носталгичен шарм, оваа форма на нокти повторно ја освојува сцената за убавина, потсетувајќи на естетиката на 90-тите, почетокот на 2000-тите и златното доба на гламурот на маникирот на славните.
Некогаш симбол на силен, самоуверен стил, квадратните нокти повторно станаа релевантни во време кога модата и убавината се свртуваат кон појасни линии, структура и поизразен став. Откако со години беа засенети од маникири со природен изглед, со помеки форми како овални и бадемови, квадратните нокти се враќаат во модернизирана, порафинирана верзија.
Квадратните нокти се карактеризираат со прав, јасно дефиниран слободен раб и остри странични линии, без заоблени агли. Токму оваа прецизност и графичка чистота ги прави толку впечатливи. Иако на прв поглед може да изгледаат строги, кога се комбинираат со вистинската должина и нијанса на лак за нокти, тие можат да изгледаат исклучително софистицирано, женствено и современо.
Во 2026 година, квадратните нокти не се резервирани само за долги акрилни маникири – напротив, ги гледаме на кратки, средни и долги нокти, во минималистички nude тонови, но и во богати, темни нијанси кои дополнително го нагласуваат нивниот карактер.
Чист квадрат
Минималистичката верзија на квадратните нокти се враќа како одговор на потребата за уреден, ненаметлив изглед. Кратки или средни долги нокти, без дополнителни декорации, во транспарентни или неутрални тонови совршено се вклопуваат во секојдневниот стил. Оваа форма е идеална за оние кои сакаат уреден, но модерен маникир со допир на авторитет.
Сјаен квадрат
Високиот сјај е повторно во фокусот, а квадратните нокти се совршена основа за ултра-сјаен финиш. Без разлика дали станува збор за класични nude нијанси, беж или топли розови тонови, сјајот дополнително ја нагласува прецизноста на формата и им дава на ноктите луксузен изглед.
Полноќен квадрат
Темните нијанси како црна, темно сина или јагленово сива особено доаѓаат до израз на квадратните нокти. Овој стил зрачи со вечерна елеганција и силен карактер и е идеален избор за зимски и посебни пригоди. Квадратната форма овде дополнително ја нагласува драматичноста на бојата.
Млечен квадрат
Млечно белата и полупроѕирните нијанси се еден од најголемите трендови во последните сезони и добиваат нова димензија на квадратните нокти. Овој стил ги комбинира чистотата и модерноста, создавајќи совршена рамнотежа помеѓу минимализмот и трендот.
Квадрат со средна должина
Ако не сте љубител на особено кратки или долги нокти, средната должина на квадратната форма е идеален компромис. Доволно е елегантна, но и практична и одговара на речиси секоја форма на рака. Оваа верзија е една од најчесто гледаните на модните писти и социјалните мрежи во 2026 година.
Бордо квадрат
Бургунди и темноцрвените нијанси се враќаат како класика што никогаш не излегува од мода. На квадратните нокти, тие изгледаат моќно, софистицирано и особено шик. Оваа комбинација е особено популарна во есенските и зимските месеци, кога темните бои доаѓаат до својот полн израз.
Француски квадрат
Класичниот француски маникир доби нов изглед благодарение на квадратната форма. Наместо меки линии, врвовите сега се прави и графички прецизни, давајќи му на овој безвременски стил модерен и трендовски пресврт.
Забава
(Видео) Најубавата жена се врати: во проѕирен црвен фустан ги засени сите
Манекенката и една од најубавите жени во светот, Бела Хадид, се појави на премиерата на серијата „The Beauty“, во која и таа имаше улога, а сега ги остави сите во сенка со својата убавина и нереален фустан.
Ставот и изгледот на Бела Хадид се неоспорни фактори во сето ова, но заслугите ѝ припаѓаат и на модната куќа „Schiaparelli“, чија креација ја носеше убавата манекенка.
Црвен свилен фустан од есенската колекција 2025 доминираше на црвениот тепих во Њујорк.
Интересно е што целиот фустан е всушност транспарентен, само наборите во облик на дијамант ги покриваа нејзините гради и струк, и се чини дека не можете да носите ништо друго под ваков фустан.
Сè комплетираше со сатенски чевли во иста нијанса и впечатливи обетки, додека косата ја врза во елегантна пунџа.
Многумина се согласија дека Бела Хадид е далеку над секоја конкуренција сè додека изгледа совршено. Не е ни чудо што, според теоријата за златен пресек, таа беше избрана за најубава жена на светот.

