Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Заев, Филипче и Хасани треба да си одат и да ја ослободат истрагата
„Кој им се заканува на семејствата на жртвите од несреќата од Тетово? Зошто ОЈО молчи?
Кој од власта има толкава моќ да се заканува за животот на луѓето чии членови на семејството изгубија живот во пожарот во Тетово? Кој се плаши да не излезе вистината на виделина? Во ситуација кога луѓе се заплашувани да не зборуваат, станува јасно дека не може да имаме непристрасна и независна истрага.
Директно одговорните, како директорите на болницата, заменик-министерот Илир Хасани и министерот Венко Филипче, се луѓе што по функција се вмешани во случајот, тие се по вертикала одговорни за болницата. Сите тие треба уште веднаш да заминат од своите позиции.
Само со Хасани и Филипче разрешени може да очекуваме непристрасна истрага.
Не може Заев да чека истрагата да заврши, па да одлучи во однос на оставките, Хасани и Филипче имаат реална институционална моќ да влијаат врз истрагата.
Еве зошто Заев, Филипче и Хасани треба да си одат и да ја ослободат истрагата, заканите на семејствата на жртвите од Тетово се притисок на власта.
Само доколку сите одговорни во случајот бидат разрешени, ќе бидеме сигурни дека ќе има непристрасна истрага и тогаш евентуалните сведоци нема да бидат исплашени да ја кажат вистината“.
Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Следува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 километри од автопатот се ставени во функција.
„Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција. Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ. Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба! За многу години Божиќ и Бадник!“ порача вицепремиерот Николоски.
Македонија
(Фото) Мицкоски: Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни
„Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и Центар со желба секое семејство да ја почувствува топлината на празникот на својата трпеза“, извести премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи.
„Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни“, додаде Мицкоски.

