Македонија
(Видео) Арсовски и Хоџа: Новите инвестиции во енергетиката ја потврдуваат зелената агенда на Владата
Портпаролите на Владата, Душко Арсовски и Муамет Хоџа, на денешната редовна прес-конференција информираа за заклучоците и одлуките донесени на вчерашната 106. владина седница.
Портпаролите соопштија дека Владата утврдила како стратешки два инвестициски проекта.
„Станува збор за проектот на друштвото ‘ЕФТ солар’ за сончева електрична централа ‘Ерџелија’ и проектот на друштвото ‘Ветерен парк – Вирови за ветерна електрана ‘Вирови’, кои ги исполнуваат условите од Законот за стратешките инвестиции и со овие одлуки тие се квалификуваат за вадење банкарска гаранција, која им е неопходна за целосно затворање на постапката за стратешки инвестиции утврдена со законот“, беше соопштено на прес-конференцијата.
Портпаролите информираа и дека Владата го утврдил и текстот на предлог-законот за државна гаранција за обврските по Договорот за заем за финансирање на проектот на АД „ЕСМ“ за транзиција кон соларни фотоволтаици, кој ќе се склучи со Европската банка за обнова и развој.
„Проектот, со вкупна проценета вредност изнесува 25 милиони евра ќе има позитивен ефект врз животната средина, бидејќи со пуштање во употреба на фотонапонските електрани Осломеј 2, со моќност од 10 MW и Битола, со моќност од 20 MW, ќе се намали производството на електрична енергија од термоцентралите, со што, нема да има штетно влијание врз животната средина“, соопштија портпаролите.
Тие истакнаа дека оваа инвестиција ќе придонесе за нови вработувања, што, како што рекоа, позитивно ќе влијае врз социјалниот аспект во овие два региона, каде што е планирана изградбата на двете фотонапонски електрани.
Портпаролите информираа дека Владата ја разгледала и усвоила информацијата за усогласување на договорите и меморандумите што ќе бидат на дневен ред на заедничката владина седница со Косово, која ќе се одржи утре.
Договорите и меморандумите се од областа на инфраструктурата, дијаспората, енергетиката, економијата, туризмот, безбедноста, иновациите и технолошкиот развој и други.
Владата на последната седнида донесе одлука наставата во средните училишта во Тетово и Гостивар да продолжи да се изведува онлајн, заклучно до 20 септември.
Портпаролите информираа дека пописот се спроведува непрекинато и со силен интензитет, а заклучно до вчера во 20 часот попишани се 618.120 лица.
На новинарско прашање за владината одлука за недела како неработен ден од октомври, портпаролите истакнаа дека предлог-законот за измени и дополнувања на Законот за работните односи, со кој се предвидува недела да биде ден за неделен одмор сѐ уште не е ставен на дневен ред на собраниската Комисија за труд и социјална политика.
„Владата очекува дека ова законско решение набргу ќе помине на матичната комисија, а потоа во согласност со собраниските процедури да се најде и пред пратениците на пленарна собраниска седница. Апелираме до сите пратеници и од власта и од опозицијата да го поддржат ова законско решение бидејќи е во интерес на граѓаните на нашата држава“, нагласија портпаролите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
АХВ: Уништени над 1 тон небезбедна храна од продавниците за здрава храна
Илјада и десет килограми небезбедна „здрава храна” уништија инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство кај 14 оператори во рамки на 373 контроли спровдени неделава, кај оператори именувани како објекти за производство и промет со здрава храна, соопшти АХВ.
Со контролите утврдено било дека 14 оператори воопшпто не биле регистрирани како оператори со храна во Агенцијата.
За утврдените недоследности со контролите, биле издадени 65 решенија, 19 опомени и 44 парични казни, во вкупна вредност од 20.550 евра.
„Кај 9 оператори со контролите утврдени биле незадоволителни хигиенски и технички услови во објектите, кај 7 била пронајдена храна со поминат рок на употреба. Кај двајца оператори најдена била и храна со непознато потекло. Несоодветно означена била храната кај 18 оператори, а кај 23, вработените немале спроведено задолжитрелен здравствен преглед. Двајца од операторите немале воспоставени процедури за Добра производствена и Добра хигиенска пракса, или не воделе соодветни записи. Кај исто толку оператори не била извршена задолжителна дезинфекција, дезинсекција и дератизација во објектите“, пишува во соопштението на АХВ.
Македонија
СДСМ: Наместо луксуз на власта со авиони, да се пренаменат пари за 600 евра минимална плата
Животот во Македонија станува сѐ поскап, работниците едвај врзуваат крај со крај, а власта сѐ луксузира врз грбот на народот, велат од СДСМ.
„Според последните податоци, синдикалната кошничка во февруари достигна 67.400 денари. На едно четиричлено семејство не му се доволни ниту 3 минимални плати месечно за да ги покрие основните потреби. Над 200 илјади работници земаат плата под 30.000 денари. Со сегашното ниско ниво на минимална плата не можат да се покријат трошоците за основни потреби, храната, сметки.. Тешкото секојдневие, високите сметки и поскапувањата ги доведоа работничките семејства на раб. И додека граѓаните се борат за корка леб, премиерот Христијан Мицкоски се луксузира на сметка на народот – со владини авиони, со скапи часовници од 60 илјади евра. Време е да се укине луксузот на власта, а работниците да добијат достоинствени плати, какви што заслужуваат. Бараме парите што власта ги планираше за нов авион да се пренаменат за минимална плата од 600 евра за сите работници. Нема повеќе оправдувања дека „нема пари“. Имало пари за нов авион, за мебел, за уредување кабинети, за службени автомобили. Нека направат ребаланс на Буџетот и нека ги пренаменат парите за плати. Доста е расфрлање со милиони за авиони – мали или големи – додека народот тоне. Доста е луксуз на грбот на народот“, стои во соопштението на СДСМ.
Македонија
Обвинителство: Забрана за две правни лица од Велешта да вршат ископ во близина на изворите за вода за пиење во Шум
Преземајќи истражни дејствија по наредба на Основното јавно обвинителство Струга за испитување на причините за загадувањето на водата од извориштето во селото Шум, истражните органи затекнаа работни машини на две правни лица од Велешта кои вршеле кршење, ископ и транспорт на карпи во поголем обем во непосредна близина на изворите, информираат од Обвинителството.
Како што се наведува во соопштението, поради сомненија за кривични дела – Незаконита експлоатација на минерални суровини од член 225-а и Загадување на водата за пиење од член 219 од Кривичниот законик, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка веднаш достави предлог за определување мерки на претпазливост – забрани на правните лица да ги посетуваат парцелите каде вршеле ископ и забрана да преземаат какви било работни активности на подрачјето.
Основното јавно обвинителство Струга продолжува да презема дејствија за обезбедување докази и испитување на евентуална кривична одговорност во однос на енормното загадување на изворите во Шум од каде подрачјето на градот Струга се снабдува со вода за пиење, стои во соопштението.

