Македонија
23 починати и 365 нови случаи на Ковид-19
Од Министерството за здравство информираат дека во последните 24 часа направени се 4.015 тестирања, а регистрирани се 365 нови случаи на Ковид-19, од Скопје – 183, Охрид – 24, Штип – 20, Струмица – 19, Куманово – 15, Прилеп – 14, Тетово и Велес по 13, Битола и Кавадарци по 11, Свети Николе– 7, Кочани, Гевгелија и Ресен по 5, Кичево – 4, Крива Паланка – 3, Гостивар, Струга, Радовиш и Пробиштип по 2 и по еден заразен во Неготино, Делчево, Виница, Кратово и Македонски Брод.
Пријавени се 23 починати лица, од кои осуммина од Скопје (89, 88, 78, 77, 77, 66, 60 и 60 години), тројца починати од Велес (62, 59 и 59 години), по двајца починати од Куманово (75 и 63 години) и Кавадарци (72 и 65 години) и по едно починато лице од Тетово (67), Прилеп (75), Битола (95), Струмица (87), Штип (45), Струга (62), Свети Николе (66) и Радовиш (63).
Од пријавените 23 лица, 20 се починати во болнички, а 3 лица во домашни услови.
Во изминатите 24 часа регистрирани сe 551 оздравен пациент од Скопје – 212, Тетово – 53, Куманово и Гостивар по 46, Кичево – 38, Струга – 25, Охрид – 19, Битола – 13, Прилеп и Кавадарци по 12, Струмица, Штип и Свети Николе по 9, Кочани – 8, Велес, Ресен и Дебар по 5, Крива Паланка, Виница, Пробиштип, Валандово и Кратово по 3, Неготино, Берово, Македонски Брод и Пехчево по 2 и по еден оздравен во Гевгелија и Богданци.
Направените 4.015 тестови се преку: ИЈЗ-188, ЦЈЗ Скопје-44, ЦЈЗ Битола-70, ЦЈЗ Прилеп-55, ЦЈЗ Тетово–54, ЦЈЗ Куманово-49, Институт за микробиологија–228, Жан Митрев (Филип Втори)-80, Авицена-172, Биотек-205, Систина-71, лабораторија Лаор-263, Синлаб-13, Ремедика-5, Плодност–54, Генеа-5, Никоб лаб-360, ВФВ Медикал-52, Ели Медика-57, Ројал Медика –17, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.973.
Досега во земјата се направени вкупно 1.252.094 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 186.914, бројката на оздравени пациенти е 167.402, на починати е 6.460, а бројот на активни случаи изнесува 13.052.
Според епидемиолошките анализи во моментот, дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 81005, Активни 5833
Куманово 11019, Активни 914
Тетово 10746, Активни 1016
Прилеп 8906, Активни 284
Гостивар 7922, Активни 530
Битола 6938, Активни 249
Велес 6035, Активни 294
Охрид 5817, Активни 668
Кавадарци 5739, Активни 205
Струмица 5612, Активни 518
Штип 5562, Активни 256
Кичево 3875, Активни 445
Струга 3755, Активни 638
Кочани 3132, Активни 137
Гевгелија 2355, Активни 77
Неготино 2295, Активни 42
Свети Николе 1822, Активни 109
Ресен 1508, Активни 109
Радовиш 1477, Активни 119
Дебар 1442, Активни 144
Крива Паланка 1348, Активни 53
Берово 1193, Активни 48
Делчево 1108, Активни 68
Виница 1005, Активни 44
Пробиштип 895, Активни 44
Валандово 785, Активни 33
Богданци 543, Активни 20
Кратово 526, Активни 54
Крушево 518, Активни 15
Македонски Брод 461, Активни 32
Демир Хисар 423, Активни 14
Демир Капија 406, Активни 4
Пехчево 310, Активни 10
Македонска Каменица 292, Активни 22
Дојран 139, Активни 4
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ледени зрна на одделни патни правци: ЦУК апелира на зголемена внимателност поради заледување на патиштата
Центарот за управување со кризи известува дека денес, во попладневните часови, на одделни патни правци е евидентирана појава на врнежи од ледени зрна, кои предизвикуваат брзо и ненадејно заледување на коловозите, особено во повисоките и планинските предели.
Се апелира до сите учесници во сообраќајот да покажат зголемена внимателност, да ја прилагодат брзината според условите на патот, да одржуваат поголемо безбедно растојание и задолжително да користат соодветна зимска опрема.
Македонија
Градоначалникот на Битола им се придружи на младите бадникари во изработката на бадниковите ѕвезди
Пред дестина дена започнаа подготовките за годинашната Бадникова поворкa која ќе се одржи годинава и во Битола, како и во многу други градови и населени места во Македонија.
На младите бадникари-деца од различни возрасти во подготовката, односно изработката на бадниковите ѕвезди, вечерва им се приклучи и градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.
Организаторите на поворката велат дека вредните детски раце неуморно и со љубов и верба во традицијата ги изработуваат овие ѕвезди, подготвувајќи се за Бадник.
На 6 јануари на големиот верски празник Бадник, собирно место ќе биде плоштадот „Магнолија“ од каде ќе се упатат кон Соборниот храм „Св. Великомаченик Димитриј“, а потоа и низ Широк Сокак до Офицерскиот дом каде ќе биде завршниот дел на поворката, велат од Општина Битола.
Организаторите упатуваат повик до сите оние кои што сакаат да бидат дел од Бадниковата поворка на големиот празник да им се приклучат.
Македонија
МВР со посебен план за безбедност и сообраќај во Маврово за зимската туристичка сезона, најави Тошковски
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари работна посета на Полициското одделение Маврово, Полициското одделение Ростуше и Полициската станица за граничен надзор Жировница, при што се запозна со тековните активности, условите за работа и конкретните предизвици со кои се соочуваат полициските службеници на терен.
„Во ПО Маврово ќе се изготви посебен план за претстојната зимска туристичка сезона, со цел овозможување подобар проток на сообраќајот, навремено управување со зголемениот број посетители и распоредување на соодветен број полициски службеници за одржување на јавниот ред и мир.“, потенцираше Тошковски.
При посетата на Полициското одделение Ростуше беше разгледана можноста за обука на полициски службеници за вршење увиди на сообраќајни незгоди, што ќе овозможи побрзо и поефикасно завршување на постапките на лице место. Оваа мерка ќе придонесе за намалување на времето на чекање, избегнување подолготрајни блокади на сообраќајниците и зголемување на функционалноста на системот, имајќи предвид дека досега овие увиди ги вршеа екипи од Гостивар.
Во Полициската станица за граничен надзор Жировница беше отворено и прашањето за можност дел од просторот во рамки на станицата да биде отстапен на општината, со цел обезбедување паркинг простор за жителите, како практично и рационално решение во интерес на локалната заедница.

