Македонија
Ковачки до Филипче: Дали сте предупредени од експерти да не вградувате ПУР-панели во болница и не сте послушале, и дали струјата ја поврзавте без проект?!

Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, побара од министерот за здравство, Венко Филипче, да одговори на прашања кои, како што вели, повлекуваат кривична одговорност, а се однесуваат на модуларната болница во Тетово.
Денеска, 12 дена од трагедијата, наместо одговорните да се со лисици на рацете, гледаме снимки од затворените роднини кои протестираа барајќи одговори од надлежните, рече Ковачки.
„Министерот Филипче на македонската јавност ѝдолжи одговори на следниве прашања:
Прво, дали е точно дека на состанокот на кој се дискутирало за модуларните болници сте биле предупредени од стручно лице дека ПУР-панелите не смеат да бидат вградени во модуларните болници и доколку е точно, што преземавте?
Одговорете кратко и јасно со Да или Не, и второ, дали министерот Венко Филипче или некој од неговиот тим има информација дали модуларната болница била приклучена на дистрибутивната мрежа во стандардна и нормална процедура или некој си дозволил приклучувањето да го направи од веќе постоечката болница надвор од процедура и без соодветен проект.
Или да ги упростиме прашањата: Дали министре знаевте во што се впуштате, но сепак свесно тргнавте по брзи пари?“, праша Ковачки.
Тој подвлече дека многу елементи укажуваат дека доколку се води независна истрага, тогаш таа ќе заврши директно кај Филипче и Заев. Во моментов, вели Ковачки, и двајцата се на позиции од кои може да влијаат и да ја контролираат истрагата и затоа мора под итно да заминат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
32-годишен скопјанец осомничен за разбојништво во Бучимци: маскиран и со ловечки нож ограбил соселанец

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице осомничено за кривично дело – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Осомничениот 32-годишен скопјанец, на 18 август, маскиран со маица со која си го покрил лицето и капа, преку незаклучена влезна врата влегол во домот на негов соселанец во селото Бучимци. Во рацете држел ловечки нож и кога во една од собите го затекнал сопственикот, му се заканил дека ќе го убие ако не му даде пари.
Оштетениот, исплашен за својот живот, извадил 4.000 денари од комодата, но го замолил разбојникот да му дозволи да задржи барем 1.000 денари, бидејќи му се неопходни.
Осомничениот се согласил и го напуштил местото со 3.000 денари кои противправно ги одзел од сопственикот.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, можност за влијание врз сведокот/оштетен со заплашување и уценување, како и можност да го повтори делото.
Македонија
Зголемена фреквенција на возила на граничните премини Табановце и Богородица

Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП „Табановце“ времето на чекање за влез е околу 20 минути, за излез е околу 40 минути.
На ГП „Богородица“ времето на чекање за излез знесува околу 20 минути, додека на останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата.
Македонија
Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

Вицепремиерот Александар Николоски на покана на премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, присуствува на Националниот ден кој се слави во чест на Свети Стефан основачот на унгарската држава и христијанството во Унгарија.
Покрај учеството на прославата на националниот ден, предвидени се повеќе средби со високи претставници на владата на Унгарија, неколку министри и потенцијални инвестиции. На средбите е предвидено да се разговара за динамиката на проектите во Македонија како и за идната засилена економска соработка помеѓу двете држави.
Посетата на вицепремиерот е уште една потврда за одличното пријателство и соработката помеѓу Македонија и Унгарија, се додава во соопштението на Министерството за транспорт.