Свет
(Видео) Хаос на протест во Мелбурн – полицијата бегаше со возило од бесните демонстранти
Во Мелбурн веќе два дена траат протестите против задолжителната вакцинација и епидемиолошките мерки. Градежните работници, кои се поддржани од антиваксерите, тврдат дека е директно загрозена нивната егзистенција.
Протестот е насочен против прописите на владата на сојузната држава Викторија, чиј главен град е Мелбурн, инаку втор по големина во Австралија, што бара сите градежни работници да бидат вакцинирани. Властите одлучија и да ја затворат градежната индустрија две недели, поради лошите мерки за заштита при работа и зголемениот број случаи меѓу градежниците – 409 потврдени случаи.
По осум часа протест за време на кој илјадници луѓе предизвикаа хаос во градот и го блокираа главниот пат, полицијата со помош на гумени куршуми, солзавец, димни и шок-бомби успеа да ги растера демонстрантите и да уапси 62 лица.
Видео кое кружи на Твитер покажува како полицијата почнува да бега со автомобили откако гневните демонстранти тргнаа кон нив. Тие се обидоа брзо да ги свртат службените возила и да побегнат, меѓутоа револтираните граѓани ги стигнаа.
Meanwhile in Melbourne. pic.twitter.com/IlIHCFgRAW
— Avi Yemini ???? (@OzraeliAvi) September 21, 2021
Некои од нив почнаа да фрлаат камења и шишиња по автомобилите, додека други отидоа чекор подалеку и почнаа да ги удираат возилата со рацете и да кршат ретровизори и ветробрански стакла.
Полицискиот автомобил потоа застанал и вооружените полицајци тргнале кон толпата, која во тој момент почнала да бега.
Командирот на државната полиција Викторија рече дека безбедноста на јавноста е нивна главна цел и дека протестите ќе бидат прекинати.
Во еден момент, среде шпицот, демонстрантите го блокираа главниот пат во градот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп за апсењето на Ендрју: „Мислам дека тоа е срамота, многу е тажно“
Американскиот претседател Доналд Трамп го коментираше апсењето на Ендрју Маунтбатен-Виндзор, оценувајќи дека станува збор за срамота за британското кралско семејство.
„Мислам дека тоа е срамота. Многу е тажно. Тоа е толку лошо за кралското семејство. Навистина ми е многу, многу тажно“, изјави Трамп.
Тој изрази жалење и за последиците што случајот може да ги има врз кралот Чарлс III, за кого рече дека е фантастичен човек и дека наскоро треба да ги посети САД.
На прашање дали слични апсења може да се случат и во САД, Трамп избегна директен одговор и повтори дека е целосно ослободен од каква било вина поврзана со случајот на Џефри Епстин.
„Јас сум на некој начин експерт за тоа бидејќи сум целосно ослободен од обвиненијата“, рече Трамп, додавајќи дека аферата била искористена за да му се нанесе политичка штета.
Свет
Поранешниот принц, Ендрју, пуштен од полициски притвор, но и натаму под истрага
Ендрју Маунтбатен-Виндзор е ослободен од полициски притвор по неговото апсење под сомнение за злоупотреба на јавната функција.
Поранешниот принц беше приведен од полицајците за време на рација во 8 часот наутро во неговиот нов дом во Вуд Фарм, на имотот Сандрингем, објави „Дејли Меил“.
Полицијата појасни дека истрагата против Ендрју е во тек, иако тој е ослободен.
Поранешниот војвода од Јорк беше уапсен во врска со наводите дека му пренел чувствителни информации на осудениот финансиер и педофил, Џефри Епстин додека дејствувал како трговски претставник на британската влада.
Братот на Ендрју, кралот Чарлс III, не бил однапред предупреден за апсењето, се дозна денес. Тој изјави дека „законот мора да се почитува“ и повика на „фер судење“.
Свет
(Видео) Трамп за претседателот на Парагвај: Млад и згоден, но јас сакам жени
Денеска беше одржан првиот состанок на Одборот за мир на Доналд Трамп, на кој говореше и американскиот претседател. Покрај заканите упатени до Иран и планот за Газа, тој го коментираше и физичкиот изглед на 47-годишниот претседател на Парагвај, Сантијаго Пења.
„Млад, згоден човек. Секогаш е убаво да се биде млад и згоден. Тоа не значи дека мора да го сакаме. Не сакам млади, згодни мажи. Сакам жени. Мажите воопшто не ме интересираат“, рече Трамп.
Trump: Young, handsome guy. Always nice to be young and handsome. Doesn’t mean we have to like you. I don’t like young, handsome men. Women I like. Men I don’t have any interest. pic.twitter.com/E7P1qhExyp
— Acyn (@Acyn) February 19, 2026
За време на основачкиот состанок во Вашингтон, Трамп испрати и порака до Иран дека мора да постигне „суштински договор“ за запирање на својата нуклеарна програма или, како што рече, „ќе се случат лоши работи“.
Тој додаде дека други земји веќе придонеле со повеќе од седум милијарди долари за помош за Газа во рамки на иницијативата на Одборот за мир.

