Македонија
Шаќири: Посветени сме на забрзувањето на дигиталната трансформација
„МИОА во целосна координација со Владата на Република Северна Македонија, ги постави своите цели во процесот на дигитализација на земјата. Наша цел е да промовираме понатамошни мерки за помош на ИТ-секторот, за да може овој сектор да го продолжи својот раст без никакви пречки“, рече министерот на информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири, во воведниот говор на онлајн Регионалниот форум за иновации организиран од Меѓународната телекомуникациска унија (ИТУ) за Европа, на тема: „Развој на иновативни дигитални екосистеми кои ја забрзуваат дигиталната трансформација на клучните сектори“, со поддршка на Министерството за информатичко општество и администрација.
,,Дигиталната трансформација може да поттикне иновации и да ја зголеми продуктивноста во многу активности, да ги трансформира јавните услуги и да ја зголеми благосостојбата, бидејќи информациите, знаењето и податоците стануваат подостапни. Иновацијата и претприемништвото во ИКТ-секторот се препознаваат како основна алатка за создавање работни места и економски развој во Република Северна Македонија. Истиот тренд важи и за другите земји од Западен Балкан“, додаде во својот говор Шаќири.
Министерот ја истакна посветеноста на МИОА и Владата кон процесот на дигитализација и иновации и во исто време изрази благодарност за континуираната поддршка и помош што ја нуди Европската Унија.
Овој состанок ги собра сите засегнати страни, владини претставници и претприемачи од цела Европа, за да разменат идеи и да разговараат во контекст на иновативни дигитални екосистеми, кои ја забрзуваат дигиталната трансформација во клучните сектори.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од општините Сопиште и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 11.00 часот корисниците од цело с. Јаболци (општина Сопиште)
· во периодот од 11.00 до 15.00 часот дел од корисниците од Горно Нерези (општина Карпош)
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, максималната температура до 16 степени
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, наместа во западните делови повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Од вторник до сабота ќе преовладува претежно облачно време со локални врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во четврток, а на повисоките планини ќе има услови за врнежи од снег. Во вторник и среда ќе дува умерен до засилен ветер од јужен, а во деновите потоа од северен правец.
Македонија
Освојувањето на 14-те највисоки врвови го сметам за национален успех, вели Кедев
Освојувањето на 14-те највисоки врвови во светот го сметам за национален успех. Тоа што ми даде сила беше токму тоа да го однесам македонското знаме и македонското име на сите врвови. Тој успех го посветувам на сите граѓани и сите Македонци каде и да се во светот, порача кардиологот и алпинист Сашко Кедев, по одликувањето на Орденот „8 Септември“ за особените заслуги во медицината и за историскиот подвиг во алпинизмот.
Кедев, изрази длабока благодарност за одликувањето, кое рече дека иако опфаќа повеќе елемент од неговиот живот, го споделува со сите колеги со кои заедно ја формираат Интервентната кардиологија пред повеќе од 30 години.
Суштината во животот, порача Кедев, е да најдеме активност што нема крајна цел, туку чиста мотивација без конкретна цел.

