Забава
Канје Вест постигна договор со фирмата што го тужеше
Канје Вест постигна договор за прекин на судскиот процес со технолошка компанија која го обвини за кражба на нивни идеи.
44-годишниот рапер и компанијата MyChannel се согласија со нацрт-договорот за прекин на спорот, а порталот Радар-онлајн објави дека двете страни треба да си ги платат сопствените судски трошоци, како и трошоците за адвокати.
Компанијата, исто така, се согласи да ги отфрли сите побарувања против Вест, откако првично го тужеше раперот и бараше оштета во износ од 20 милиони долари.
MyChannel тужбата ја поднесе во август 2020 година, тврдејќи дека Канје им рекол дека се восхитува на начинот на кој нивната технологија ја користи вештачката интелигенција за да вклучи е-трговија во видеосодржини и дека планира да ја користи на својата веб-страница Yeezy.
Фирмата, наводно, потрошила голема сума пари и повеќе од 10.000 часа работа во изготвување програма за пејачот, но тој се повлекол од договорот по шест месеци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Ева Мендес за семејството и животот во 50-тите: Вака не го замислував мојот пат
Иaкo никогаш не го замислувала својот живот на 50 години, Ева Мендес живее во свој ритам – и не може да биде посреќна. „Не подлегнувам на притисокот на општеството. Што сакам да правам, правам“, вели актерката, која ги има ќерките Есмералда Амада (9) и Амада Ли (8) со Рајан Гослинг.
“Сигурно не мислев дека ќе имам деца и ќе бидам дома. Затоа, многу сум среќна што одреден маж влезе во мојот живот и ме натера да се предомислам за сите тие работи”, рекла таа. Пред 10 години таа ја напушти актерската кариера за да се фокусира на своите деца.
Таа вели дека тоа била „најлесната одлука“ што ја донела. „Кога забременив на 40-годишна возраст, беше страшно за другите. И кога повторно забременив на 42-годишна возраст, луѓето ми велеа: „О Боже мој, ќе бидеш толку уморна“, откри таа.
„Тоа е најглупавата работа што сум ја слушнала. Патем, потребно е само малку повеќе трпение. Мислам дека не бев подготвена за тоа во моите 20-ти, пиев и пушев. Дефинитивно не можев да подигнам деца во кое било друго време од мојот живот освен сега“, додава таа.
Една од најубавите жени на светот истакна дека е „среќна што се отишло во тој правец“.
Инаку, Мендес нема снимено ништо откако стана мајка. Нејзината последна улога беше во 2014 година. Покрај нејзината актерска кариера, таа е портпарол на голема козметичка компанија, модел и креативен директор на брендот за шминка „CIRCA Beauty“.
Забава
Емили Ратајковски го привлече вниманието со фустан кој повеќе открива отколку што крие
Емили Ратајковски присуствуваше на настанот The King’s Trust Global Gala што се одржа во Casa Cipriani во Њујорк, каде што ги привлече погледите со храбар фустан.
Познатата убавица носеше свилен крем фустан со длабоко деколте, кој допираше речиси до нејзиниот папок, а кој ја истакна нејзината витка линија. Фустанот имал и гол грб и бил врзан околу вратот.
The King’s Trust Global Gala е основана од британскиот крал Чарлс III. со цел да им се помогне на младите, а свечениот настан собра многу познати фаци, како моделот Ирина Шајк, актерката Кејт Бекинсејл, славната двојка Криси Тајген и Џон Леџенд, поранешната манекенка Кејт Мос и плус сајз моделот Ешли Греам.
Забава
Мишел Фајфер се појави на црвениот тепих, обожавателите се восхитени од нејзината убавина
Актерката Мишел Фајфер не се појавува често во јавноста, но сега позираше со сопругот Дејвид Е.Кели на црвениот тепих на Американскиот филмски институт во Лос Анџелес. Обожавателите се восхитуваат на нејзиниот изглед во 67-та година и пишуваат дека изгледа како да не старее.
Иконската жена-мачка често зборува за тоа како го прифатила стареењето и се фотографира без шминка. Иако изгледа како да го должи својот фантастичен изглед на посебни скриени трикови, таа тврди дека работата е многу едноставна.
Таа претходно за Daily Mail откри дека доволно спие, вежба и се храни здраво.