Македонија
(Видео) Сопругата на Пендаровски се вклучи во одбележувањето 30 години од глобалната кампања против родово базирано насилство

Елизабета Ѓоргиевска, сопругата на претседателот Стево Пендаровски, денеска во Њујорк учествуваше на настанот по повод 30-годишнината од глобалната 16-дневна кампања против родово базирано насилство, што се одржува на маргините на 76. Генерално собрание на Обединетите нации. Домаќини на настанот се Центарот за женско глобално лидерство и Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА).
На настанот се дискутираа резултатите од кампањата во изминатите три децении во однос на унапредувањето на националните и глобалните агенди за елиминирање на родово базираното насилство. Посебен фокус на настанот беше ставен и на проширувањето на кампањата со прашањето за најекстремната форма на насилство врз жените – фемициди, односно убиства на жени врз основа на род.
Ѓоргиевска истакна дека во изминатите три децении Северна Македонија постигна значителен напредок во борбата против родово базираното насилство. Направени се значителни промени во законските рамки, има значително инвестирано во зајакнувањето на институциите, како и зголемување на јавната свест за родовото базирано насилство. Со оглед на тоа дека земјата ја усвои Истанбулската конвенција, во тек се процеси за операционализација на конвенцијата преку измени во националното законодавство и негово усогласување со Конвенцијата. Со новите законски решенија за спречување и заштита на родово и семејно насилство се предвидени одредби што овозможуваат специфична заштита за жените жртви на разни форми на насилство преку воспоставување специјализирани услуги за помош и поддршка насочени кон унапредување на системот за поддршка на жртвите.
Дополнително, Ѓоргиевска истакна дека е потребно да продолжи успешната соработка со агенциите на ОН, јавните институции, граѓанскиот сектор, медиумите и активистите, соработка што носи придобивки за подигање на јавната свест и справувањето со родовото базирано насилство. Исто така, таа ја спомена и важноста на економската независност, која им овозможува на жените да бидат сигурни да ги напуштат небезбедните домови и да бараат правда, едукацијата на младите во однос на родовата еднаквост и почитувањето на човековите права. Неопходна е и емпатија бидејќи никој од нас не смее да биде нем сведок на насилство. Ѓоргиевска посочи дека сите мораме да покажеме емпатија кон жртвите на родово базирано насилство и да им помогнеме да се реинтегрираат во општеството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Незадоволството од локалната власт во Куманово достигна точка на вриење, ветувам силна и одлучна битка да го вратиме во рацете на кумановци“, најави Костовски

„Огромна чест ми е да бидам кандидат за градоначалник на нашето Куманово од СДСМ и коалицијата на претстојните локални избори. Му благодарам на раководството и на претседателот Венко Филипче за довербата, и на сите оние кои застанаа зад мене. Ме радува што огромен број граѓани ми ја дадоа поддршката овие денови, што е јасен сигнал дека Куманово бара промени“, напиша на социјалните мрежи, кандидатот на СДСМ за градоначалник на Куманово, Мартин Костовски.
„Незадоволството од локалната власт во Куманово достигна точка на вриење. Работите веќе четири години одат во погрешна насока и тоа знам дека сите вие го чувствувате и гледате. Максим Димитриевски не заслужува реизбор – ги изневери сите ветувања дадени пред граѓаните. Куманово се дави во смет и пропадната инфраструктура, се случува урбанистички хаос кој го креира Димитриевски заради сопствените бизнис интереси. Куманово во 2025 сè уште кубури со вода, а паркинг место нема ни за лек.
Димитриевски ги изневери сите кои гласаа за него. Наместо коректор на власта, стана пион на Мицкоски и тројански коњ кој треба да ја дели опозицијата и СДСМ. Човек кој ги погази сите наводни принципи и молчи пред криминалот на неговите коалициски партнери. Човек кој ведне глава пред патронот Мицкоски. Единствено нешто што Максим добро го прави тоа неговиот бизнис со оние за кои до вчера велеше дека се криминалци.
Куманово може подобро! Ветувам силна и одлучна битка да го вратиме Куманово во наши раце, во раце на кумановци. Ветувам дека ќе одам од човек до човек за да ја пренесам мојата идеја за подобра и пофункционална општина која ќе работи во интерес на сите граѓани на Куманово. Ветувам дека СДСМ во Куманово ќе се обедини и дека СДСМ ќе се врати многу силно! Одиме на победа!“, додаде тој.
Македонија
Дел од Шуто Оризари денеска без струја

Од ЕВН – Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од Шуто Оризари место викано Пирков Рид. (општина Шуто Оризари)
Македонија
Без вода делови од Гази Баба и Кисела Вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска ( четврток) поради изведување на водоводен приклучок од ф – 80 мм на ул. Михаил и Евтихиј бр. 33 во населба Кисела Вода, во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат корисниците од ул. Михаил и Евтихиј. ( општина Кисела Вода).
Од таму со соопштение дека поради изведување на водоводен приклучок од ф – 100 мм на ул. 30 во населба Трубарево, во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат корисниците од населба Трубарево. ( општина Гази Баба ).