Македонија
Родители, внимавајте! Во сообраќајот вие сте примерот кој го следат вашите деца
Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот апелира до родителите да бидат пример за однесувањето на децата во сообраќајот, односно да ги научат најмалите како безбедно да ја поминат улицата, но и да ги препознаат ризикот и опасностите во сообраќајот. Секое незнаење има своја цена, но незнаењето во сообраќајот чини загубени човечки животи, велат од Советот.
„Почитувани родители! Да ги научиме децата како безбедно да поминат улица, да ги научиме безбедно да користат јавен превоз. Да не ги оставаме малите деца од предучилишна возраст сами на улица, а исто така да се погрижиме и за нивнта безбедност додека се вклучени во сообрајќајот! Децата треба да користат детски седишта, појаси и заштитни шлемови, а децата до десетгодишна возраст да не возат велосипед на јавен пат или улица! Исто така , не дозволувајте деца да седат на предното совозачко седиште!“, апелира Републичкиот совет.
Родителите, пак, на повозрасните деца кои се подготвуваат да станат возачи би требало одговорно да го запознаат своето дете со сериозноста од вклучувањето во сообрајќајот како возач.
„Заради поголема безбедност на младите возачи, почетници, да се погрижиме да им обезбедиме дополнителни часови за обука, со возач инструктор или со друг искусен возач кој ќе им даде насоки за тоа каков треба да биде односот на младиот возач кон децата во сообрајќајот, кон пешаците и велосипедистите. Обуката би можела да опфати обука за вешто возење во услови на дожд, магла, замрзнати коловози и во услови на ноќно возење. Родители! Грижете се за безбедноста на вашите деца во сообраќајот! Секое ваше однесување децата го прифаќаат како свое. Затоа да се погрижиме да имаме безбедни деца кои ќе бидат безбедни учесници во сообрајќајот“, порача Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Дали СДС стравува од сведочењето на Груби“, прашува ВМРО-ДПМНЕ
„Очигледна е паниката во редовите на СДС по апсењето на екс вицепремиерот Артан Груби. Институциите си ја завршија работата и го доведоа Груби пред лицето на правдата. Криминалецот Груби беше во бегство година дена, откако се отвори постапка за негова вина во случајот со Државната лотарија за проневера на државни пари во вредност од над 8 милиони евра“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Милионските криминали во Државна лотарија се случувале под покровителство на СДС и ДУИ. Додека се злоупотребувале парите на граѓаните СДС знаеле, молчеле и не реагирале поради коалициски мир со ДУИ, за да не им се распадне коалицијата и да останат ден повеќе на власт.
Дали денес нервозата кај Филипче, Заев и СДС доаѓа од можноста вистината да излезе на виделина? Дали во СДС има паника поради евентуалните искази што би можеле да допрат и до поранешни високи функционери на СДС помеѓу кои и Заев, Филипче, Спасовски, Зечевиќ?
Институциите мора да постапуваат без селективност и без политички притисоци. Секој кој го прекршил законот мора да одговара.
Времето на неказнивост заврши, Македонија мора да биде држава во која правдата е еднаква за сите. Владеење на правото и правдата мора да има“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
„Власта не се откажува од авионот, туку од зголемувањето на платите за работниците!“, велат од СДСМ
„Власта се нема откажано од авионот. Буџетот на СОЗР за оваа 2026 година беше зголемен за 124 милиони денари и тој е непроменет. Во Категорија 48 (Капитални расходи), под ставката за опрема, оваа сума соодветствува на годишна рата за купување авион со рок на отплата од повеќе години“, велат од СДСМ.
„Власта одбива да направи ребаланс на буџетот и парите да ги пренамени за плати. Тоа потврдува дека авионот не е избришан од Буџетот.
А во Собранието пратениците на ВМРО-ОКГ не сакаат ниту да разговараат за нашиот предлог за ребаланс на Буџетот, ниту за новиот Закон за минимална плата од 600 евра.
Мислат дека со дефокус ќе направат луѓето да заборават на авионот и тивко да работат во позадина за во иднина да земат нов. Луксузот на ВМРО-ОКГ не трпи, трпат само работниците.
Авионот сакаат да го земат на лизинг, на рати, па тоа да го претстават поинаку, само како изнајмување за потребите на Владата.
Никој не е наивен! Граѓаните ќе плаќаат, платите на работниците нема да ги зголемат. Ќе има пари за авион, мебел, луксуз, тендери, но за работниците нема да има“, соопшти СДСМ.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.

