Македонија
(Видео) Мицкоски: Нашите кандидати за градоначалници имаат револуционерни проекти за економијата
Како човек и како претседател на ВМРО-ДПМНЕ ценам дека ситуацијата во нашата држава во моментот е алармантна, изјави денеска Христијан Мицкоски.
Како што рече тој, Македонија е на врвот на листата на најкорумпирани држави во Европа, а скандалите се секојдневни.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ смета дека локалните избори се можност за опомена на оние кои што се власт во Македонија дека, како што кажа, погрешно ја практикуваат политиката и ја водат Македонија директно во амбис.
„Како ВМРО-ДПМНЕ на овие избори ќе понудиме како и секогаш програми со многу проекти коишто го засегаат бизнисот, ја засегаат економијата, проекти коишто имаат за цел да додадат вредност за бизнисмените, за претприемачите, за нивниот бизнис, да ги растоварат практично, дури и понудивме не само децентрализација, туку и реинституционализација на Владата, односно нејзино дисперзирање во повеќе области во Македонија, во зависност од потребите на граѓаните. Така што цениме дека имаме револуционерни чекори. За жал, поради карактерот на оваа Влада и злоупотребите коишто се случија на минатите предвремени парламентарни избори многу малку можевме да зборуваме за понудата. Се надевам дека на овие локални избори ќе зборуваме многу за понудата, но и тука сме исто така за слушнеме што бизнис-заедницата, односно стопанствениците имаат да кажат“, истакна Мицкоски.
Тој додаде дека кампањата почнува в понеделник и дека има уште три дена за дискусија, иако, како што рече, е убеден дека најголем дел од барањата на стопанствениците веќе се вклучени во програмите на кандидатите за градоначалници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

