Македонија
Регистрирани 336 нови случаи на коронавирус, починаа 17 лица
Во последните 24 часа направени се 3.425 тестирања, а регистрирани се 336 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 169, Велес и Струмица – по 21, Куманово – 17, Охрид и Кавадарци – по 15, Битола – 14, Штип – 13, Кочани – 11, Свети Николе – 10, Прилеп – 6, Тетово – 4, Кичево, Гевгелија и Крива Паланка – по 3, Виница, Кратово и Македонски Брод – по 2, Струга, Радовиш, Дебар, Берово и Демир Хисар – по 1.
Регистрирани сe 222 оздравени пациенти од: Скопје – 118, Штип – 14, Кавадарци – 12, Битола – 11, Прилеп – 10, Кичево – 9, Велес – 8, Кочани – 6, Гевгелија и Ресен – по 5, Кратово и Радовиш – по 4, Неготино и Пробиштип – по 3, Свети Николе, Крива Паланка, Виница и Гостивар – по 2, Тетово и Делчево – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа починале 17 лица: по 5 починати лица од Скопје (85г, 81г, 67г, 59г и 56г) и Куманово (82г, 72г, 70г, 67г и 57г), 2 починати лица од Охрид (89г и 38г) и по едно починато лице од Штип (68г), Велес (88г), Ресен (74г), Радовиш (79г) и Валандово (81г).
Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, не се пријавени починати лица.
Направени се 3.425 тестови преку: ИЈЗ-191, ЦЈЗ Скопје-29, ЦЈЗ Битола-91, ЦЈЗ Прилеп-51, ЦЈЗ Тетово–51, ЦЈЗ Куманово-33, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија – 0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–311, Жан Митрев (Филип Втори)-87, Авицена-176, Биотек-175, Систина-63, лабораторија Лаор-199, Синлаб-12, Ремедика-0, Плодност–46, Генеа-5, Никоб лаб-384, ВФВ Медикал-34, Ели Медика-49, Ројал Медика –25, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.413.
Досега во земјата се направени вкупно 1.277.428 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 189.887 бројката на оздравени пациенти е 170.956, на починати е 6.594, а бројот на активни случаи изнесува 12.337
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 82529, Активни 5735
Куманово 11247, Активни 979
Тетово 10796, Активни 948
Прилеп 8995, Активни 300
Гостивар 7947, Активни 488
Битола 7044, Активни 287
Велес 6151, Активни 324
Охрид 5906, Активни 515
Кавадарци 5844, Активни 225
Струмица 5693, Активни 331
Штип 5660, Активни 248
Кичево 3934, Активни 411
Струга 3774, Активни 365
Кочани 3206, Активни 144
Гевгелија 2392, Активни 83
Неготино 2305, Активни 38
Свети Николе 1872, Активни 119
Ресен 1527, Активни 96
Радовиш 1501, Активни 97
Дебар 1447, Активни 124
Крива Паланка 1398, Активни 86
Берово 1207, Активни 34
Делчево 1115, Активни 67
Виница 1022, Активни 52
Пробиштип 907, Активни 43
Валандово 806, Активни 36
Богданци 544, Активни 11
Кратово 551, Активни 55
Крушево 518, Активни 14
Македонски Брод 465, Активни 30
Демир Хисар 432, Активни 20
Демир Капија 409, Активни 7
Пехчево 310, Активни 5
Македонска Каменица 294, Активни 19
Дојран 139, Активни 1
Со почит,
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.
Македонија
Жичницата на Водно не работи поради силен ветер
Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје преку својата фејсбук страница информира дека жичницата на Водно денеска нема да биде во функција поради засилен ветер.
Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно., велат од ЈСП.
„Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците“, велат од претпријатието.

