Економија
Граѓаните сѐ повеќе плаќаат со картичка наместо со кеш
Плаќањата со платежни картички во вториот квартал од 2021 година забележаа значителен годишен раст кај вредноста и бројот на остварените трансакции, соопшти Народната банка.
Ова во значителен дел се должи на условите наметнати од пандемијата, кои придонесоа за забрзано менување на навиките на граѓаните во однос на плаќањата.
„Остварениот годишен раст на бројот на плаќањата со платежни картички на физичките продажни места (44,5 %) во вториот квартал од 2021 година е 9 пати повисок од годишниот раст во истиот квартал од 2020 година (4,7 %). Во однос на користењето на платежните картички на виртуелните (интернет) продажни места, во вториот квартал од 2021 година беше остварен висок годишен раст од 36,3 %, но тој забавува во овој квартал по исклучително високите стапки на раст од почетокот на пандемијата и е 4,7 пати понизок од годишниот раст остварен во истиот квартал од 2020 година“, се наведува во соопштението.
Од аспект на плаќањата со кредитен трансфер во вториот квартал од 2021 година забележан е исто така значителен раст кај плаќањата на граѓаните со овој платен инструмент, со годишен раст од 47 % кај вредноста на трансакциите, односно 41 % кај бројот на извршените трансакции.
Од Народната банка наведуваат дека од почетокот на корона-кризата па наваму, поради потребата од заштита на јавното здравје, изолација и социјална дистанца, граѓаните сè почесто ги користеле придобивките на електронското банкарство при иницирањето на кредитните трансфери.
Така, бројот на електронски иницираните кредитни трансфери во вториот квартал од 2021 година се зголемил 30 % на годишна основа остварувајќи повисоко зголемување во споредба во истиот квартал во 2020 година (27 %). За извршување на плаќањата, граѓаните особено ги користеле мобилните апликации, што укажува на натамошно менување на навиките при извршување на плаќањата во прилог на користењето на дигиталните канали за плаќање.
Во вториот квартал од 2021 година бројот на плаќањата извршени со мобилен телефон пораснал 55 % на годишна основа, иако тој е понизок од годишниот раст остварен во истиот период од 2020 година (75 %). Покрај тоа, во вториот квартал од 2021 година, иако помалку во однос на употребата на мобилните апликации, и натаму расте употребата на компјутерите за извршување плаќања. Поконкретно, кај овие плаќања во вториот квартал од 2021 година се забележува годишен раст од 18 %, кој е повисок од годишниот раст во истиот период од 2020 година, кој изнесуваше 13 %.
Оттука се забележува континуиран полугодишен раст на вкупниот број на плаќања со кредитни трансфери и платежни картички во првото полугодие на 2021 година. Најголем број од трансакциите се остварени со платежни картички (57,7 % учество во вкупниот број плаќања со платежни картички и кредитни трансфери), при што се забележува значително зголемување при нивна употребата со раст од 34,7 % во однос на првото полугодие од 2020 година, а остатокот е извршен со употреба на кредитни трансфери (учество од 42,3 %), кои бележат раст од 15,1 % во споредба со истиот период од изминатата година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

