Забава
„Дизни“ го реши спорот со Скарлет Јохансон за филмот „Црна вдовица“
Компанијата „Волт Дизни“ и актерката Скарлет Јохансон го решија својот правен спор што произлезе од објавувањето на суперхеројскиот филм на „Марвел“, „Црна вдовица“, соопштија компанијата и актерката во четвртокот во заедничка изјава.
Условите за спогодба помеѓу „Дизни“ и компанијата на Јохансон, „Перивинкл“, не беа откриени.
Јохансон (36) го тужеше „Дизни“ во јули обвинувајќи го гигантот за забава дека го прекршил договорот кога им го понудил филмот на своите претплатници на стриминг-услугата „Дизни плус“ во исто време кога филмот се прикажувал во кината.
Нејзината тужба, поднесена до судот во Лос Анџелес, тврдеше дека стратегијата со двојно издание на филмот ги намалила нејзините хонорари за кои таа рече дека требало делумно да се засноваат на приходи од киноблагајните од ексклузивно прикажување во киносалите.
„Дизни“ веднаш реагира на ваквите наводи и остана на ставот дека тужбата е неоснована и дека студиото ги почитувало условите од договорот со Јохансон.
Тужбата на Јохансон компанијата ја квалификува како „грубо игнорирање на ризиците за филмската публика во текот на пандемија на Ковид-19“.
„Црна вдовица“, кој дебитира на 9 јули во кината и на „Дизни плус“ за претплата од 30 долари, заработи повеќе од 378 милиони долари на светските киноблагајни според услугата за следење филмови Box Office Mojo. Филмот генерира и речиси 60 милиони долари преку претплати за стриминг во првите 20 дена од објавувањето, според „Дизни“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Северина објави видео од нејзината мајка Ана во Арена Загреб: „Уште сум твоето мало девојче“
Северина објави видео од нејзината мајка Ана на еден од нејзините два концерта во Арена Загреб. Таа ја посвети песната „Далматинка“ на својата мајка, која пееше заедно со својата ќерка од трибините, заедно со еден пријател.
„[На мајка ми] јас бев твоето мало девојче… и сѐ уште сум“, напиша Северина покрај видеото.
„Толку сум среќна што синоќа го забележав овој момент на гордата мајка на Северина што не можам да ви опишам. Жената што роди легенда, не само музичка, туку и борец во приватниот живот, како и борец за вистината, правдата и човековите права, ја гледа својата ќерка во преполната Арена која неколку моменти претходно ѝ ја посвети оваа песна. Трогателен момент“, напиша претходно Ника Паиќ, авторката на снимката.
фото: принтскрин
Забава
Се одложува концертот на Божо Вреќо во Македонската филхармонија
Концертот на Божо Вреќо, кој требаше да се одржи на 21 ноември 2025 година во Македонската филхармонија во Скопје, се пролонгира поради технички причини.
Нов термин за одржување на концертот ќе биде утврден во најбрз можен рок, а јавноста и сите купувачи ќе бидат навремено информирани за новиот датум.
Сите купувачи кои сакаат да го остварат своето право на поврат на средствата за купените билети можат да го направат тоа на продажното место каде што билетите биле купени, вклучувајќи ја и онлајн-платформата karti.com.mk.
Забава
Влатко Лозаноски со мегашоу: „Километри љубов“ на 7 март во арената „Борис Трајковски“
Влатко Лозаноски најавува незаборавна вечер исполнета со љубов, емоции и врвна музика за 7 март. Концертот „Километри Љубов“ ветува да биде едно од највпечатливите музички случувања на годината – спектакл подготвен од огромен тим со многу страст и посветеност.
„Работиме нешто навистина многу посебно и многу ново за мене – концерт што ќе спои топ звук, врвен стејџ, движење, емоции. Ќе има танчери, гости, изненадувања и песни кои ќе ги слушнете во сосема ново издание. Ја замислуваме вечерта како претстава, како еден целосно спакуван спектакл. Искрено, многу сум возбуден, правиме нешто што се случува многу ретко“, вели Лозано за концертот во арената „Борис Трајковски“.
Картите за настанот се веќе во продажба. Промотивни понуди за истите веќе можат да се најдат на сајтот на kupikarta.com.

