Забава
Порано тоа беа младиот Бред Пит и Ди Каприо, а како изгледа денес совршено згоден маж?
Што го прави мажот убав? Како изгледа физички совршен маж? Во последните децении најпознатите машки икони за убавина во западниот свет беа синооките sвезди од големиот екран, како Бред Пит или Леонардо ди Каприо, но идејата за тоа како изгледа совршениот маж се менува во услови кога светот на филмот и модата прифаќа поголема разновидност.
Во целиот свет идеализираниот стандард на убаво обликуван човек ретко го одразува телото на просечниот човек. Сепак, социјалните мрежи, како „Тик-ток“, помагаат да се промени стандардот за машка убавина претставувајќи мажи што претходно немале шанса.
На пример, британскиот модел, активист и ѕвезда на „Тик-ток“, Бен Џејмс, смета дека е променет начинот на кој гледаме на мажите. Во 2019 година како плус сајз модел тој учествуваше во рекламна кампања за брендот Simply Be, се појави заедно со други модели, а исто така работеше со Тед Бејкер и Асос. Џејмс вели дека неговата работа им нуди утеха и самодоверба на младите мажи, на кои тој им вели дека се барани и ценети.
Сепак, и покрај константниот успех на традиционално згодните, се отвора нова норма за машки стандард за убавина. Постарите модели бележат значително зголемување на популарноста.
Секако, луѓето се навикнати на конвенционално убавите „сребрени лисици“ што го красеа филмското платно, како Пирс Броснан и Џорџ Клуни, но сега постарите машки модели често се користат во рекламни кампањи и на модните писти.
Машкиот модел Орландо Хобечи неодамна изјави за „Гардијан“: „Пред речиси четири години забележав зголемување на побарувачката на постарите модели“.

„Одеднаш се појави интерес за приказните на повозрасните луѓе“, вели тој.
Според Хобечи, подолгиот животен век направил разлика. „Возраста повеќе не е она што беше порано. Во последните 30 години видовме студени млади луѓе како остарени – сега можете да бидете постари, а сè уште да бидете кул“.

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Нела Манческа ѝ донесе седмо место на Македонија на „Јуниор Евросонг“
Нела Манческа со песната „Miracle“, со која ја претставуваше Македонија на „Јуниор Евросонг“, го заврши натпреварот на високото седмо место, освојувајќи вкупно 141 поен.
Конечниот пласман беше одреден од комбинираните гласови на стручните жири-комисии и публиката, при што Македонија оствари одличен резултат кај жирито, пласирајќи се меѓу првите пет земји според нивното гласање.

Во жири-гласањето, Македонија доби 12 поени од Црна Гора и Италија, што дополнително го потврди силниот впечаток што настапот на Нела Манческа го остави кај професионалните оценувачи.
Победник на годинашното издание на Јуниор Евросонг е Франција со освоени 248 поени, второто место ѝ припадна на Украина, а третото на Грузија.
Забава
(Видео) „Miracle“ одекна во Тбилиси: Нела Манческа ја претстави Македонија на Јуниор Евросонг
Вечерва во Тбилиси, Грузија, се одржува 23-то издание на Јуниор Евросонг, а Македонија ја претставуваше Нела Манческа со песната Miracle.
Aвтори на песната се продуцентoт Лазар Цветкоски и Магдалена Ена-Цветкоска која го напиша текстот.
View this post on Instagram
На овогодишниот избор за песна на Детска Евровизија учествуваат 18 земји.
Гласањето можете да го следите во живо на линкот.
Забава
Љубов под елката: Три знаци ќе доживеат филмска љубов до крајот на месецот
Иако декември е хаотичен месец, за некои хороскопски знаци љубовта оваа година доаѓа посилно од очекуваното. Според астрологот Адама Сисеј од „Lilith Astrology“, клучни се транзитите на Венера и Марс – планетите на љубовта, привлечноста и страста. Кога тие се поволно поставени, се случуваат токму оние „филмски“ моменти: вистинско време, вистинско место, вистинска личност.
Овие три знаци имаат најголеми шанси Новата година да не ја дочекаат сами:
Близнаци – Венера и Марс се во силен аспект со вашиот знак, носејќи нови средби, лесна комуникација и природна хемија. Ќе бидете похрабри и поотворени – токму она што ви оди најдобро.
Стрелец – Венера и Марс се во вашиот знак речиси цел месец, па вашата привлечност е на врвот. Спонтани излегувања, флерт и романса доаѓаат без многу напор.
Јарец – Кон крајот на декември, двете планети влегуваат во вашиот знак и ги активираат романтичните и страстните импулси. Можно е новогодишниот бакнеж да биде со некој навистина посебен.
Ако не сте меѓу овие знаци – вреди да го проверите и вашиот подзнак.
Фото: Pexels

