Македонија
(Видео) Шилегов: Драчево, конечно, добива брза врска со остатокот од градот
Со булеварот Борис Трајковски на потегот од Пинтија до мостот на Маркова Река пред Драчево оваа населба, конечно, добива брза врска со остатокот од градот, изјави градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов, на денешната прес-конференција.
„Во должина од 2.325 метри се врши проширување од 2 на 4 коловозни ленти, изградба на пешачки патеки од двете страни на булеварот и велосипедска патека од едната страна со ширина од 2,75 метра“, додаде Шилегов.
Во продолжение тој потенцира дека овој булевар е од исклучителна важност за скопјани, а особено за жителите на населбите Драчево и Пинтија, но и за населбите од соседните општини Студеничани, Сопиште и Зелениково, како и за локалните бизниси сместени по должината на овој булевар.
„Се работи за исклучително фреквентна сообраќајница поради што крстосницата пред мостот кај Драчево предвидено е да биде заменета со модерен кружен тек“, додаде градоначалникот, кој порача дека развојот на Скопје нема да запре.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нема бојкот на претседателските избори, сите што излегле на парламентарни, гласале и за претседател, уверува Даштевски
Нема бојкот на претседателските избори, сите што излегле на парламентарни, гласале и за претседател, вели претседателот на ДИК, Александар Даштевски.
„На неколку места се појавени технички проблеми, кои во меѓувреме се решаваат, таму гласањето ќе продолжи на стар начин со УВ ламба и спреј, а доколку се исправат техничките недостатоци, ќе се продолжи со техничката опрема. Такви места има во Кочани, Охрид, во Куманово, во Тетово и во Гази Баба.
Како што дополнува, има доставено и 15 приговори за избирачко право, и само три од нив се одбиени.
Во однос на излезноста на парламентарните избори, до 9:00 часот, по обработени податоци од 1033 изборни места, гласале 4,45%. Според податоците на ДИК, најголема излезност има во Пробиштип, а најмала излезност за парламентарните избори има во Боговиње (1,43%).
Во Македонија утрово започна вториот круг од претседателските и парламентарните избори.
Избирачките места, од кои вкупно 3.480, беа отворени во седум часот, а ќе бидат затворени во 19 часот.
Скопје
Паркингот во Центар денеска е бесплатен
По повод Македонските претседателски и парламентарни избори, од ЈП Паркинзи на општина Центар известуваат дека денеска паркиралиштата со кои стопанисува јавното претпријатие ќе бидат без наплата за сите граѓани.
Дирекцијата на ЈП Паркинзи на Општина Центар во катната гаража „Судска палата“ нема да работи, а сите услуги можат да се користат електронски на www.poc.mk.
Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и работењето на дирекцијата ќе продолжат од утре со вообичаено работно време.
Македонија
Изборниот ден е неработен за сите граѓани
Поради одржување на парламентарните и вториот круг од претседателските избори, денешниот ден е неработен за сите граѓани во Република Македонија.
Работодавачите не треба да извршуваат дејност со исклучок на оние каде работните процесите заради својата природа не можат да се прекинат.
Поради првиот круг од претседателските избори, неработен беше и 24 април. Според одлуката на техниката Влада, двата неработни дена нема да се одработуваат.