Македонија
Затворен локал во гостиварско, приведени сопственикот и пет танчерки од Албанија и Косово
Државниот пазарен инспекторат затвори угостителски објект на автопатот Гостивар – Тетово поради непочитување на мерките за справување со коронавирусот. Во објектот биле затекнати и пет танчерки од Албанија и Косово.
Според информациите на МВР, вчеравечер 2/3 октомври од 23 до 3 часот, полициски службеници на СВР Тетово во содејство со Државниот пазарен инспекторат спроведоа акциска контрола во угостителски објект, сопственост на З.Б.(47) од гостиварски Добридол, а лоциран покрај автопатот Гостивар-Тетово.
При контролата било утврдено дека во објектот не се почитувале протоколите за работа и мерките за справување со коронавируаот, поради што сопственикот на објектот е приведен. Тој се однесувал и агресивно кон полициските службеници и ги навредувал и омаловажувал, за што исто така ќе биде поднесен соодветен поднесок.
При контролата во објектот биле затекнати и пет странски државјанки, танчерки, од кои три од Албанија и две од Косово, на различна возраст од 26 до 45 години, кои го злоупотребиле туристичкиот престој, односно престојувале спротивно на целта
Тие биле приведени во Полициската станица Гостивар за натамошна постапка.
Објектот е затворен од страна на Државен пазарен инспекторат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

