Контакт

Македонија

Од 1 декември во продажба ќе бидат само биоразградливи кеси кои ќе чинат 15 денари

Објавено пред

Од 1 декември дозволена ќе биде само продажба на биоразградливи кеси за кои ќе се плаќа надоместок од 15 денари. Владата најави нови закони од областа на управување со отпад.

dobivaj vesti na viber

Премиерот Зоран Заев, и министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, ги презентираа законите на заедничка прес-конференција, образложувајќи дека со нив ќе се овозможи конечно европеизирање на управувањето со отпадот. Со ова, како што порачаа, конечно ќе се реши овој горлив проблем кој се таложел со декади и ќе се прекине синџирот на лошо управување со отпадот.

„Во однос на посебните фракции на отпадот, односно за справување со она со што граѓаните се соочуваат најмногу – пластичното пакување, предвидена е забрана за нивна употреба која ќе стапи на сила од први декември, а надоместок од 15 денари за биоразградливи кеси ќе мора да биде евидентиран и пренесен во посебен фонд на Министерството за животната средина и просторно планирање“, изјави Нуредини.

Исто така од први декември за првпат се воведува и забрана за еднократна употреба на пластично пакување во заштитените подрачја

„Постојат безброј алтернативи од природни материјали  и сметаме дека за почеток, барем во заштитените природни подрачја можеме да покажеме пример со еколошко пакување“, порача министерот Нуредини.

На прес-конференцијата премиерот Заев информираше дека неодамна Собранието ги донесе преостанатите четири закони од областа на управување со отпадот: Закон за управување со отпадот, Закон за управување со пакување и отпад од пакување, Закон за управување со дополнителни текови на отпад и Закон за проширена одговорност на производителот за управување со посебните текови на отпад. Со ова, како што истакна, се заокружува легислативата неопходна за европеизирање на управувањето со отпад.

„На управувањето со отпад посветивме подолг период за да создадеме решенија кои долгорочно го решаваат овој проблем, како и за да создадеме систем кој ќе биде самоодржлив, по европските примери. Со претходно донесените Закон за управување со батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори и Законот за електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема, се обезбедуваат сите предуслови за еден модерен функционален систем за управување со отпад кој конечно ќе биде имплементиран соодветно и во пракса и во нашата земја“, подвлече премиерот Заев.

Тој образложи дека во подготовката на овој концепт беа вклучени меѓународни и локални експерти.

„Се погриживме процесот да биде инклузивен и да ги вклучи општините, операторите со отпад и комуналните претпријатија, граѓанските организации, граѓаните. Целта ни беше да создадеме систем кој ќе ги опфати потребите на сите и истовремено и ќе ги опфати високите стандарди за заштита на животната средина“, подвлече премиерот Заев.

Тој посочи дека Република Северна Македонија веќе го чекори патот кон поодржлив пристап кон управувањето со отпад и дека како земја кандидат за членка во Европската Унија потребно е да се усогласи со европското законодавството и во оваа област.

„Управувањето со отпадот согласно пропишаните стандарди на Европската Унија не само што ќе придонесе за подобра животна средина, туку ќе придонесе и за заштита на здравјето на луѓето и ќе обезбеди имплементација на принципите на циркуларната економија во земјата. Законската рамка и Националниот план за управување со отпад 2021-2031 детално го уредуваат собирањето, транспортот, селектирањето, рециклирањето на отпадот, како и неговиот третман и искористување, со што ќе се овозможи создавање ефикасен регионален систем за управување со отпад, со што ќе се исполнат барањата согласно ЕУ законодавството и европската ‘Зелена агенда’ која ја прифативме и како наша. Должни сме и кон идните генерации да го решиме овој горлив проблем кој се таложел со декади и да го прекинеме синџирот на лошо управување со отпад. Така ќе постигнеме дома да ни биде чисто, а на идните генерации да им оставиме здрава животна средина“, порача премиерот Зоран Заев.

 

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Забранет сообраќајот на регионалниот пат Гостивар – село Чегране поради излевање на реката Вардар и обилниот дожд

Објавено пред

Во 20.40 часот е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино, поради излевање на реката Вардар и обилни врнежи од дожд, извести АМСМ.

dobivaj vesti na viber

Сообраќајот се пренасочува од село Чајле кон село Старо Чајле према село Форино.

Воведена е забрана за сообраќај и на локалниот пат од „Тумчевишка Петла“ кон село Тумчевиште и село Чегране, додаваат од АМСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Меѓународните односи, реформите и борбата против корупција во фокусот на разговорите меѓу Сиљановска-Давкова и Варнс

Објавено пред

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Никол Варнс, вршителка на должноста шеф на мисијата во Амбасадата на САД.

dobivaj vesti na viber

Таа изрази подготвеност за понатамошна соработката со истата динамика и посветеност како со претходната амбасадорка.

Разговорот започна со осврт на меѓународните односи, состојбите во НАТО, ЕУ и регионот.

Потоа соговорничките се фокусираа на македонските работи: реформските процеси во судството, дигитализацијата, борбата против корупцијата и организираниот криминал и реализацијата на инфраструктурните проекти.

За нив, инклузивниот модел на одлучување и меритократијата во сите сфери на општествениот живот, а особено во образовниот систем и во регрутирањето на државната и јавна администрација на највисоко ниво се клучни не само за нашата евроинтеграција, туку и за просперитетот на државата.

Во време на безбедносни предизвици и ризици, за обете, американско-македонското стратешко партнерство, како и сојузништвото во НАТО се важни за стабилноста.

Амбасадорката ја потврди американската подготвеност за унапредување на пријателските односи, поздравувајќи ја неодамна усогласената заедничка изјава за рамката за идниот Договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, како значаен чекор во зајакнувањето на економската соработка.

Сиљановска-Давкова и Варнс очекуваат со Акцискиот план да се конкретизираат низа проекти во интерес на граѓаните.

Прикажи повеќе...

Македонија

Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Гостивар-Стража-Кичево

Објавено пред

Од 17:20 часот укината е забраната за ТМВ на патниот правец Гостивар-Стража и обратно.

dobivaj vesti na viber

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Врнежи од снег има на Пониква и на патниот правец Штип-Неготино кај с.Лесковица, кој во моментов не претставува пречка за одвивање на сообракајот, јави АМСМ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 часа

Капиштец повеќе од шест часа без вода, дефект кај Цветен пазар ја поплавува улицата Народен фронт

Жителите на делови од скопски Капиштец повеќе од шест часа останаа без вода за пиење. Кај Цветен пазар вечерва е...

Македонија13 часа

Четворица кандидати во трката за државен јавен обвинител добија позитивно мислење

Обвинителките Анита Тополова-Исајловска, Ленче Ристоска и Лидија Раичевиќ и судијата Ненад Савески добија позитивно мислење од Советот за јавни обвинители....

Македонија13 часа

Генерален штрајк во март ако до крајот на февруари не се зголеми минималната плата, ССМ најави блокади и во другите градови

Со тројца повеќе работници од вообичаено, 24 наместо досегашните 21, Сојузот на синдикати на македонија (ССМ) денес ја блокираше Владата,...

Македонија15 часа

Авионот е користен согласно прописите, за секој лет постојат документи, велат од Владата

Јавно и недвосмислено укажуваме дека владиниот авион е користен исклучиво во согласност со прописите и актите за негово користење, согласно...

Македонија15 часа

Скијач од Данска повреден во снежна лавина на Попова Шапка

Скијач од Данска е пронајден на Попова Шапка, а според информациите од полицијата тој бил повреден од снежна лавина и...

Топ15 часа

Автомобил удри во четиригодишно дете во Скопје, со тешки повреди е пренесено во болница

Четиригодишно дете со тешки повреди е пренесено во болница откако во него удрил автомобил. Според информациите на МВР, вчера околу...

Македонија16 часа

(Видео) Левица: Жителите на Струга 10 дена се оставени без чиста вода за пиење

Жителите на Струга 10 дена се оставени без чиста вода за пиење поради сериозната еколошка хаварија со изворот на вода...

Македонија17 часа

(Видео) Кузеска: За еден час пред Владата ќе започне протест за поголеми плати, нека се симне Мицкоски, нека ги погледне работниците кои едвај може да си ги прехранат семејствата

„Со владин авион и парите од граѓаните премиерот бил на Јадранско море. На одмор. Ова е срамна слика за една...

Македонија17 часа

Од јули директни летови од скопскиот аеродром до атрактивните дестинации Алгеро и Палермо во Италија

Меѓународниот Аеродром Скопје, управуван од ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми и членка на Групацијата АДП ја проширува својата мрежа...

Македонија18 часа

„Сѐ е исто како во времето на Груевски, затоа и постојано одат со владиниот авион во Будимпешта по нови задачи и насоки“, велат од СДСМ

„55 дена нема одговор од Обвинителството за криминалните тендери, молчи и Државната комисија за спречување на корупција. Нема одговори за...

Македонија18 часа

Денеска посебен режим на сообраќај во Скопје

Денеска со почеток од 11:00 часот од страна на Сојузот на синдикати на Македонија ќе биде одржан протест пред Владата...

Македонија18 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Очекуваме Јавното обвинителство темелно и целосно да го расветли случајот со модуларната болница во Тетово

„Сведоштвата на поранешната обвинителка Лејла Кадриу отвораат сериозни прашања за причините и одговорноста за трагичниот настан во модуларната болница во...

Свет19 часа

Холандски министер: Не треба да го кажувам ова, но американските Ф-35 можат да се хакираат

Холандскиот министер за одбрана, Гијс Туинман, ја изненади јавноста тврдејќи дека софтверската независност за борбениот авион Ф-35 е можна, сугерирајќи...

Свет19 часа

Чешкиот претседател: Наивно е да се очекува брз мир во Украина

Чешкиот претседател Петр Павел изјави дека би било наивно да се очекува брз мировен договор меѓу Украина, Европа, Соединетите Американски...

Свет19 часа

Хилари Клинтон: Трамп го прикрива објавувањето на досиејата на Епстин, Бил и јас ќе сведочиме

Хилари Клинтон ја обвини администрацијата на претседателот Доналд Трамп за „прикривање“ во ракувањето со документите поврзани со покојниот сексуален престапник...

Европа20 часа

(Видео) Голем украински напад врз Русија: Гори рафинерија, пет аеродроми затворени

Синоќа, украински беспилотни летала нападнаа неколку локации во Русија, вклучувајќи ја и рафинеријата за нафта Илски во Краснодарскиот крај, каде...

Европа21 час

Британија сака да ги забрани социјалните медиуми за лица под 16 години

Велика Британија би можела да воведе забрана за социјални медиуми за деца под 16 години уште оваа година, следејќи го...

Европа21 час

Нова рунда мировни преговори меѓу Украина и Русија; Кремљ: Главното прашање е територијата

Претставници на Украина и Русија ќе се сретнат во Женева денес и утре на нова рунда мировни преговори со посредство...

Свет21 час

(Видео) Пукање на хокеарски натпревар за млади во САД: има мртви и ранети

Во пукање на младински хокеарски натпревар во Потакет, во американската држава Род Ајленд, синоќа беа убиени две лица, а тројца...

Топ1 ден

40-годишниот прилепчанец пронајден починат: трагично заврши потрагата по Виктор Илиоски

Семејството и пријателите преку социјалните мрежи се збогуваат од Виктор Илиоски од Прилеп, кој последен пат бил виден во саботата...