Македонија
Османи во Берлин го врачи првиот пасош издаден во амбасада

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, работната посета на Берлин ја искористи за да ја врачи првата издадена патна исправа, изработена врз основа на податоците добиени со новиот современ систем поставен во повеќето амбасади низ дипломатската мрежа на Северна Македонија.
„Нема веќе долги рокови, непотребни трошоци и непријатности. Отсега и информациите за патните исправи директно во амбасадите, од каде што во пристоен рок и ќе се земаат готовите пасоши. Нашата цел е да бидеме сервис на дијаспората, да овозможиме ефикасен и економичен одговор на нивните потреби. Задоволна дијаспора значи и поголема поврзаност на нашите граѓани со својата земја, но и поттик за нивно враќање дома“, истакна Османи.
Досегашната постапка за издавање пасоши просечно траеше од четири до пет месеци, а анализата на министерството за надворешни работи покажала дека во некои случаи постапката се одолговлекуваше и над шест месеци. Од МНР наведуваат дека покрај времето, тоа претпоставувало и големи трошоци, како за самите граѓани, така и за министерството. Со поставувањето на базните станици претставниците на нашата дијаспора се стекнуваат со голем бенефити и од аспект на времето потребно за овие активности, финансиските трошоци поврзани со тоа, а истовремено, ќе добијат готов производ, пасош за временски рок од две до три недели.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Пет пожари на отворено во Македонија

До 12:30 часот, на територијата на Македонија имало вкупно пет пожари на отворен простор, од кои два се под контрола, а три се водат како сè уште активни, информира Центарот за управување со кризи.
Активни се три пожари и тоа во Општина Битола – с. Братиндол, гори сува трева во нива, во Општина Прилеп – гори сува трева над касарната и во Општина Валандово – гори сува трева покрај патот Валандово–Дојран.
Под контрола се два пожари, и тоа во Општина Тетово – гори ѓубре кај железничката станицаи во Општина Ранковце – гори ниска трева и ситна шума.
Македонија
Откриена бесправна сеча на дрва во Струшко, дрвокрадците избегале

Вчера во 14:30 часот, при контроли извршени кај месноста „Студенец“ во атарот на струшкото село Радолишта, полициски службеници пронајдоа два трактори без регистарски ознаки, натоварени со буково огревно дрво.
Две лица кои вршеле бесправна сеча со моторна пила, откако ги забележале полициските службеници, избегале од местото оставајќи ги тракторите, моторните пили и другата опрема.
При извршен увид, констатирано е дека се работи за бесправна сеча на дрво за огрев од околу 60 метри просторни кои, по консултација со јавен обвинител, се предадени на претставници на Шумското стопанство од Струга.
По целосно расветлување на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Македонија
Сомнежи за финансиски злоупотреби и низа неправилности во Стоматолошката комора: Здравство ги презема нејзините надлежности

Поради сомнежи за финансиски злоупотреби и низа неправилности во Стоматолошката комора, Министерството за здравство ги презема нејзините надлежности, изјави министерот за здравство, Азир Алиу.
„Вчера донесов одлука заснована на факти, на закон и на обврската да ја заштитам довербата во здравствениот систем. Надзорите и документите покажаа сериозни пропусти: едукации преку нерегистрирани здруженија и сертификати кои неправилно се користеле за продолжување лиценци; договори склучувани ретроактивно, спротивно на законот; одлуки и документи без потпис и со невалидна документација; игнорирање на привремената мерка и конечната одлука на Уставниот суд повеќе од една година, иако судот утврдил дека условите за стручно усовршување биле спротивни на закон“, рече Алиу.
Тој додаде дека, исто така, има сериозни сомнежи за финансиски злоупотреби на Комората, за кои финансиската полиција истражува и има прибавено обемна документација.
„На Комората ѝ беше дадена можност да ги отстрани недостатоците. Но, не го стори тоа. Затоа, имајќи ја предвид одредбата од член 261, став 1, алинеја 4 од Законот за здравствената заштита, а врз основа на препораките на стручната комисија, донесов одлука, за времено одземање на јавното овластување на Стоматолошката комора. Од денес, Министерството за здравство ги презема надлежностите за лиценцирање, сè додека не воспоставиме систем кој ќе работи законито, транспарентно и професионално“, рече Алиу.
Тој кажа дека овој чекор не е казна туку дека е почеток на реформа што ќе врати доверба, ќе обезбеди интегритет и ќе гарантира дека секој стоматолог ја продолжува лиценцата со знаења и вештини усогласени со најновите светски стандарди.