Македонија
Над 8.000 деца од основните и средните училишта ќе бидат тестирани за ковид

Со согласност од родителите, учениците во основните училишта од прво до петто одделение, како и од шесто до деветто одделение и учениците од средните школи ќе бидат тестирани за присуство на вирусот Ковид-19. Во методологијата се опфатени околу 8.200 деца, пропорционално дистрибуирани по општини според број на ученици, изјави денеска министерот за здравство, Венко Филипче.
Планирано е скрининот да трае 5 дена и дневно да се тестираат по околу 1.600 деца, во самите училишта каде што мобилни екипи ќе одат на терен и ќе го вршат тестирањето за време на часовите.
„Учениците ќе се бираат по случаен избор од регистарот на Е дневник, а родителите ќе треба да потпишат согласност за учество на тестирање на децата. Доколку некој од родителите одбие, ќе има заменски примерок од каде ќе се избира следното дете за тестирање“, рече министерот.
Децата од посебните училишта и училиштата каде просечниот број на ученици во одделение е помал од 10 деца ќе бидат исклучени од овој процес од причина што станува збор за помали рурални места каде што учат многу мал процент од сите ученици и во места каде што инциденцата на вирусот е многу ниска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нема подолги задржувања за влез и излез од државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Улици во Чаир без вода, намален притисок во Топанско Поле

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека, денеска поради поврзување на нова со стара постоечка водоводна мрежа на улица Кемал Сејфула бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Џон Кенеди и дел од улицата Кемал Сејфула, а со намален притисок ќе остане населбата Топанско Поле во општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:30 часот до завршување на работните активности.
Македонија
Делови од Ѓорче Петров и Чучер Сандево денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа, денеска без напојување со електрична енергија ќе останат:
· од 09:00 до 13:00 часот, објектите на Полициската Станица и базата на БППЗ во Ѓорче Петров, општина Ѓорче Петров;
· од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од нас. Кисела Јабука, општина Ѓорче Петров;
· од 09:00 до 16:00 часот, корисниците од селата: Побожје, Бродец, Танушевци, Брест и Малино, општина Чучер Сандево;
· од 11:00 до 13:00 часот, корисниците од дел од ул. Кадињача, општина Ѓорче Петров.