Регион
ЕУ: На Западен Балкан местото му е во Унијата, но нема фиксен датум за влез
Лидерите на ЕУ денеска им повторија на земјите од Западен Балкан дека местото им е во Унијата и дека ја разбираат фрустрацијата од бавниот процес за проширување, но повторно го изоставија временскиот рок за нивно влегување во блокот.
„ЕУ ја потврдува својата недвосмислена поддршка за европската перспектива на Западен Балкан“, се вели во декларацијата.
Исто така, во неа се споменува „посветеност кон процесот на проширување“, но нема временска рамка за тоа кога овие земји би влегле во ЕУ.
Словенија, која претседава со Советот на ЕУ, сакаше декларацијата да ја вклучи во 2030 година како краен рок за зачленување на Западен Балкан во ЕУ, но иницијативата не била прифатена како реална опција бидејќи, според европските лидери, земјите од Југоисточна Европа не напредуваат со исто темпо.
„Не поддржав да им се даде фиксен датум на земјите од Западен Балкан за нивно пристапување во Европската Унија“, рече германската канцеларка Ангела Меркел на самитот ЕУ – Западен Балкан во Брдо кај Крањ.
„Навистина не верувам во одредување датуми, но верувам во исполнување на нашите ветувања. Кога ќе се исполнат условите, пристапувањето може да се реализира“, им рече Меркел на новинарите по завршувањето на самитот, а пренесе агенцијата „Ројтерс“.
Некои членки на ЕУ, вклучувајќи ги Хрватска, Словенија и Австрија, предупредиле дека поради недоволната посветеност на ЕУ, Југоисточна Европа може да потпадне под влијание на Русија и Кина, а другата страна, предводена од Франција, во принцип е за проширување на Унијата, но без амбиција процесот да се забрза.
Шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, повтори дека ЕУ и Западен Балкан имаат иста историја, интереси и вредности, а како што рече, се надева и судбина.
„ЕУ не е комплетна без Западен Балкан. (…) Без сомнение, нашата цел е проширување“, истакна таа.
Исто така, порача дека ја разбира фрустрацијата на земјите поради бавниот напредок кон членство во ЕУ и дека отсуството на одлука за отворање преговори со Северна Македонија и Албанија го поткопува кредибилитетот на ЕУ.
Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, изјави дека присуството на ЕУ мора да биде поопипливо и видливо на Балканот и дека ЕУ расправа за нејзиниот капацитет да прими нови членки.
ЕУ најави помош од речиси 30 милијарди евра за Западен Балкан, дел за економско закрепнување, а дел за инвестиции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Поплави во Драч: евакуирани 180 лица, поплавени околу 800 домови
Министерот за одбрана на Албанија Пиро Венгу го свика Комитетот за цивилни вонредни ситуации за регионот Драч поради поплавите, каде состојбата е најкритична. Според него, поплавени се околу 800 домови, а 180 лица се евакуирани.
Венгу информира дека сите надлежни структури се на терен и дека состојбата континуирано се следи, додека опасноста сè уште не е помината. Институтот за геолошки науки предупреди дека и денеска се очекуваат интензивни врнежи од дожд, со можност за дополнително зголемување на поплавите.
Фото: илустрација (ЕПА)
Регион
Обилните дождови ги затворија патиштата во Црна Гора, се заканува раст на Скадарското Езеро
Неколку патишта беа затворени низ Црна Гора денес поради обилни врнежи од дожд во изминатите 24 часа. Водата се заканува и на бројни домови, а се очекува нивото на водата на Скадарското Езеро да се зголеми во текот на ноќта кон среда.
Црногорското Министерство за внатрешни работи објави дека последиците од обилните врнежи од дожд се регистрирани во општините Никшиќ, Даниловград, Мојковац, Бијело Поље, Улцињ, Плевља, Подгорица, Колашин и Беране.
„Поради лизгање на земјиштето и излевање на реките, сообраќајот е прекинат на неколку патни правци“, се вели во соопштението на црногорското Министерство за внатрешни работи.
Според најновите информации од 15 часот, нивото на водата на сите реки се намалува, освен на реката Зета и Скадарското Езеро, кое Црна Гора го дели со Албанија. Околу две третини од ова езеро, најголемо на Балканот, ѝ припаѓа на Црна Гора, а една третина на Албанија.
Во текот на ноќта се очекува нивото на водата на Скадарското Езеро да се зголеми поради контролираното испуштање вода од хидроелектраните на реката Дрим, кое го спроведува албанската страна.
Албанскиот премиер Еди Рама претходно во вторник изјави дека, поради зголемениот проток на реката Дрим, започнале контролирани испуштања вода од хидроелектраните што би можело да доведе до ненадејно зголемување на нивото на Скадарското Езеро.
Регион
(Видео) Снегот уриваше дрвја и оштети автомобили во Белград
Обилниот снег што падна во Србија во неделата предизвика проблеми во сообраќајот, прекини во електричната енергија и го отежна секојдневниот живот на граѓаните, а новиот удар на зимата беше особено видлив во Нов Белград, каде што обилните снежни врнежи соборија дрвја, а гранки паднаа врз паркираните автомобили.
Во една белградска населба, снегот беше доволно силен за да собори неколку дрвја и дебели гранки од улиците и зелените површини, предизвикувајќи штета на некои автомобили.
Снежните врнежи во поголемиот дел од Србија беа пообилни од вообичаените за ова време од годината.
Во некои области наврнаа повеќе од 25 сантиметри снег за помалку од 24 часа, предизвикувајќи доцнења во сообраќајот и летовите од аеродромот во Белград, како и привремени проблеми со електричната мрежа во планинските области.

