Македонија
Арсовска од Шуто Оризари: Неработниците што само ветуваа, заминуваат
Дали денес секоја улица во Шуто Оризари има водоводна и канализациона мрежа која ја ветуваа пред 4 години? Каде е новиот Културен дом со програма и буџет кој овој градоначалник го вети за Шуто Оризари? Дали го пробија булеварот Словенија за да го поврзат овој дел од Скопје? Дали го решија пристапот по главната улица тука во Шуто Оризари? Ништо нема остварено од ова, ама затоа пак, истите проекти пак си ги ставил во новата програма”, порача Данела Арсовска, кандидатката за градоначалник на Скопје, на вечерашната средба со граѓаните на Шуто Оризари.
Арсовска се обврза дека од првиот ден како градоначалник ќе даде налог да се утврдат сите проблеми, слабости и недостатоци и за нив да дадат решенија.
„Канализација, вода, асфалт, автобуски превоз и игралишта за најмладите мора да има секое населено место во и околу Скопје. За тоа нема компромис. Во Шуто Оризари има суштински проблеми од 20тиот па дури и од 19тиот век, кои одамна требаше да бидат зад нас”, истакна Арсовска.
Дополни дека во програма има конкретни проекти, кои се брзи и сигурни решенија за старите проблеми на Шуто Оризари.
„Ќе се посветиме на проширување на Македонско-косовска бригада од Чаир кон Шуто Оризари. Ќе обезбедиме побрзо и побезбедно патување од и до Шуто оризари, Чаир и Бутел. Проширување и продолжување на булевар Словенија до Ѓорче Петров, е исто така еден од приоритетите. Од Шуто Оризари, повторно ќе покажеме дека Скопје се грижи за сите свои граѓани. Дека никој не е заборавен. Се обврзуваме да најдеме инвеститор за базен во Шуто Оризари. Градот ќе изработи проект за изнаоѓање партнери за изградба на базен и во овој дел на Скопје”, рече Арсовска.
Таа кажа дека е предвидено зголемување и проширување на субвенциите и помошта за поставување енергетски ефикасни фасади, печки на пелети, соларни и фотоволтаични панели, инвертер клими и топлински пумпи за индивидуалните и колективни домаќинства.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Кисела Вода, Сопиште и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00-13:00 часот дел од улицата Архитект Сотир Томовски, општина Кисела Вода;
· од 09:00-11:00 часот корисниците од село Гврлево, општина Сопиште;
· од 09:00-15:00 часот корисниците на ул. 101 во населба Волково, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Без вода денеска дел од Бутел
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-225мм на Радишанска Лево бб (Бел Камен), општина Бутел, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно, во утринските часови повремен локален дожд, а во текот на денот кратки сончеви периоди
Времето денеска ќе биде променливо облачно, во утринските часови со повремен локален дожд, а во текот на денот со кратки сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта повторно ќе има локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено во утринските часови и кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во почетокот на новата седмица врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег и на некои од повисоките места.

