Забава
Хоакин Феникс навестува продолжение на „Џокер“
46-годишната sвезда освои „Оскар“ за најдобар актер за улогата како Артур Флек – Џокер во филмот од 2019 година, приказна за потеклото на иконскиот негативец „Бетмен“ и навести дека треба уште да се истражува за овој лик.
Во разговор со „Плејлист“ Хоакин рече: „Ова е интересен човек. Има некои работи што би можеле да ги направиме со него и би можеле да истражуваме понатаму. Но, дали навистина ќе го сториме тоа? Не знам”.
Претходно оваа година беше објавено дека режисерот и продуцент Тод Филипс работи на сценарио за продолжение, а и тој претходно сугерираше дека се разговарало за втор дел за време на снимањето на првиот филм.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Фото) Анџелина Џоли и го „украде“ вереникот, а таа фустанот, а го прекрши и правилото на црвениот тепих
Две различни локации и две различни актерки шармираа во уникатен моден дуел, но и го оживеа минатото.
Познатата холивудска актерка Анџелина Џоли шармираше на Филмскиот фестивал во Рим во едноставен црн фустан, а потоа Лора Дерн се појави во Лос Анџелес за да го промовира филмот „Jay Kelly“. Двете дами покажаа сличен стил, кој многумина ги потсети на една постара приказна.

Со неа беа и Џорџ Клуни и Адам Сандлер, но нејзината модна комбинација ги остави сите во сенка.
Иако го прекрши правилото појавувајќи се во црвена боја, а се знае дека црвената е „забранета“ на црвениот тепих, сепак се чини дека никој повеќе не ја почитува, па зошто би? Се чини дека Анџелина би била среќна да носи таков модел…

Лора прошета во едноставна креација која има спуштено едно рамо, а фустанот малку се шири од половината. Сè комплетираше со црвени салонки, за да не отстапува од монохроматското издание и со овој избор многумина ги потсети на Анџелина, нејзината голема соперничка.

Лора и Анџелина ги поврзува истиот маж. Имено, Лора била верена со Били Боб Торнтон, но тој ја оставил поради Џоли. После сето ова, иако поминале многу години, кога се среќаваат на некој настан, двете се преправаат дека не се познаваат.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Таа ги одбројува деновите до породувањето и позира во бикини: „Толку многу љубов во една објава“
Актерката Ванеса Хаџинс го очекува своето второ дете со Кол Такер, двојката веќе има 15-месечен син. Бидејќи Ванеса е доста активна на социјалните мрежи, секоја нејзина објава привлекува големо внимание.
Неодамна позираше во тесна облека и го покажа трудничкото стомаче, а сега објави нешто уште поинтересно. Позираше со својата најдобра пријателка во бикини, со оглед на тоа што и двете се бремени, фотографијата брзо собра безброј позитивни коментари додека идните мајки уживаа во зајдисонцето.
„Нема ништо поубаво од тоа да бидеш бремена во исто време со твојата најдобра пријателка“, напиша таа во описот.
Набрзо, следеа само позитивни коментари.
„Прекрасна“, „Благословена да си“, „Сјаеш“, „Толку многу љубов на само една фотографија“, беа некои од коментарите.
Ванеса Хаџинс претходно нагласи како мајчинството ја променило и дека тоа е најтешкото, но и најисполнетото поглавје во нејзиниот живот.
фото: принтскрин
Забава
Едно зборуваат, друго мислат, лагите се нивно оружје: пазете се од овие хороскопски знаци
Предавството во пријателство или врска никогаш не доаѓа ненадејно – обично е најтешко кога доаѓа од некој на кого сме му верувале целосно.
Некои луѓе се едноставно повешти во криењето на своите вистински намери или менувањето на своето однесување во зависност од тоа што им одговара во тој момент.
Астрологијата открива дека некои хороскопски знаци се особено склони кон криење на своите чувства и манипулирање, што ги прави најтешки за вистинска доверба.
Близнаци
Близнаците се шармантни и духовити, но нивната двосмисленост често ги доведува во неволја. Тие знаат како да кажат што другата личност сака да чуе, дури и кога не го мислат тоа. Иако не секогаш имаат намера да ги повредат другите, нивната потреба за слобода и промена може да доведе до дејствија што изгледаат како предавство. Близнаците често жонглираат помеѓу различните страни на ситуацијата, а понекогаш дури и не знаат на чија страна се навистина.
Шкорпија
Шкорпиите се страсни и лојални сè додека чувствуваат доверба, но откако ќе се почувствуваат предадени – ќе се одмаздат без двоумење. Нивната интензивна природа може да ја премине линијата помеѓу љубовта и одмаздата, а кога ќе ја изгубат верата во некого, стануваат ладни и пресметливи. Иако не се предаваат лесно, кога го прават тоа, тоа е обично намерно и со јасна цел. Шкорпијата никогаш не заборава ниту простува.
Вага
Вагите се обидуваат да одржат мир и добри односи со сите, но токму оваа желба да им угодат на сите може да ги направи дволични. Понекогаш тие кажуваат едно, а мислат друго, само за да избегнат конфликт. Нивната потреба за одобрување честопати ги наведува да ја сокријат вистината или да се прилагодат на оној што им одговара повеќе во тој момент. Кога се чувствуваат под притисок, тие попрво ќе изберат лага отколку да ја нарушат хармонијата.
Риби
Рибите се чувствителни и сочувствителни, но нивната тенденција да избегаат од реалноста може да ги доведе до неискрени постапки. Кога се соочуваат со проблем, тие често избираат тишина или полувистини, мислејќи дека ги штитат другите. Сепак, токму оваа пасивност може да изгледа како предавство. Рибите тешко се справуваат со последиците, па затоа понекогаш се губат во сопствените емоции и лаги што дури и не планирале да ги кажат.
фото: принтскрин

