Македонија
Регистрирани 386 нови случаи на Ковид-19, починаа 8 лица
Во последните 24 часа регистрирани се 386 нови лабораториски позитивни случаи на Ковид-19, со што вкупната бројка на дијагностицирани лица од почетокот на пандемијата изнесува 194.231. Оздравени се 529 пациенти, а починаа 8 лица.
Направени се 3.791 тестирање, а од новозаразените најмногу се од Скопје – 205. Понатаму, Куманово – 25, Битола – 18, Велес и Штип – по 16, Крива Паланка – 15, Струмица – 11, Охрид – 10, Тетово и Прилеп – по 9, Свети Николе – 8, Кичево, Кочани и Гевгелија – по 6, Валандово – 5, Кавадраци и Радовиш – по 4, Пробиштип и Кратово – по 3, Виница и Македонска Каменица – по 2, Гостивар, Богданци и Демир Хисар – по 1.
Регистрирани сe 529 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 313, Куманово – 37, Штип – 22, Кавадарци – 18, Велес – 15, Битола и Струмица – по 13, Тетово и Прилеп – по 12, Охрид – 9, Кичево, Крива Паланка и Свети Николе – по 7, Кочани – 6, Гевгелија – 5, Радовиш, Неготино, Кратово и Ресен – по 4, Виница, Гостивар, Струга и Дебар – по 3, Крушево – 2, Валандово, Пробиштип и Македонска Каменица – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа починале 8 лица: 5 од Скопје (63, 68, 71, 78, 82) и по едно починато лице од Куманово (84), Кавадарци (62) и од Македонски Брод (53). Од пријавените, лица седум се починати во болнички услови, а еден во домашни услови.
Дополнително, во согласност со регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“, пријавени се уште 8 починати лица со датум на смрт од 20.9.2021 до 3.10.2021 година. Регистрирани се 5 лица од Скопје и по едно лице од Битола, Куманово и од Охрид на возраст од 34 до 83 години. Од пријавените лица, 4 се починати во болнички услови и 4 во домашни услови.
Направени се 3.791 тест преку: ИЈЗ – 263, ЦЈЗ Скопје – 47, ЦЈЗ Битола – 71, ЦЈЗ Прилеп – 44, ЦЈЗ Тетово – 56, ЦЈЗ Куманово – 43, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – 0, Судска медицина – 0, лабораторија во болницата во Козле – 22, УК Пулмологија со алергологија – 2, ГОБ „8 Септември“ – 0, Институт за микробиологија – 225, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 105, „Авицена“ – 165, „Биотек“ – 229, „Систина“ – 99, лабораторија „Лаор“ – 87, „Синлаб“ – 29, „Ремедика“ – 13, „Плодност“ – 47, „Генеа“ – 8, „Никоб лаб“ – 403, „ВФВ медикал“ – 50, „Ели медика“ – 62, „Ројал медика“ – 12, „Спектра-ММ“ – 1, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 1.708
Досега во земјата се направени вкупно 1.314.953 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 194.231, бројката на оздравени пациенти е 176.807, на починати е 6.799, а бројот на активни случаи изнесува 10.625
Според епидемиолошките анализи, во моментот дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 84.672, Активни 5.076
Куманово 11.645, Активни 935
Тетово 10.866, Активни 834
Прилеп 9.123, Активни 279
Гостивар 7.965, Активни 405
Битола 7.168, Активни 246
Велес 6.355, Активни 339
Охрид 6.012, Активни 300
Кавадарци 5.996, Активни 182
Штип 5.830, Активни 236
Струмица 5.787, Активни 232
Кичево 4.003, Активни 350
Струга 3.803, Активни 104
Кочани 3.328, Активни 165
Гевгелија 2.450, Активни 91
Неготино 2.323, Активни 29
Свети Николе 1.933, Активни 108
Ресен 1.546, Активни 70
Радовиш 1.542, Активни 74
Крива Паланка 1.488, Активни 115
Дебар 1.451, Активни 63
Берово 1.214, Активни 20
Делчево 1.127, Активни 61
Виница 1.051, Активни 48
Пробиштип 934, Активни 40
Валандово 830, Активни 21
Кратово 597, Активни 61
Богданци 559, Активни 24
Крушево 529, Активни 18
Македонски Брод 474, Активни 28
Демир Хисар 452, Активни 34
Демир Капија 411, Активни 4
Пехчево 314, Активни 4
Македонска Каменица 313, Активни 28
Дојран 140, Активен 1
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Промовирани првите акредитирани учебници по психијатрија
Амфитеатарот на Медицинскиот факултет во Скопје денеска беше полн – претставници од Министерството за здравство, деканот и продеканите на Медицинскиот факултет, раководители на катедри, голем број професори, доктори, специјализанти и претставници на студентски организации присуствуваа на свечената промоција на првите акредитирани учебници по психијатрија, со што се испиша историја во македонската психијатрија.
Уредници на првиот акредитиран учебник „Психијатрија“ се проф. д-р Славица Арсова Хаџи-Анѓелковска, проф. д-р Антони Новотни и проф. д-р Димитар Боневски. Тие се и автори на учебникот „Медицинска психологија и социологија“, заедно со Андромахи Наумовска, виш научен соработник.
Промоцијата на двата учебника ја отвори деканот на Медицинскиот факултет, проф. д-р Светозар Антовиќ, кој рече дека учебниците ќе остават траен белег во наставата по психијатрија и ќе претставува значаен чекор напред во развојот на психијатриската наука во Македонија.
„Ова е историски момент, затоа што се темели на основите поставени од нашите професори од почетоците на психијатријата во Македонија. Ова се први учебници што се акредитирани и имаат академско, научно и практично значење“, рече Арсова Хаџи-Анѓелковска, директорка на Клиниката за психијатрија и автор на учебниците.
„Информации има насекаде, често расфрлани, без контекст, без тежина, без проверка. Учебникот е нешто сосема друго – тоа е знаење, со вткаено искуство, структура, логика, клиничко размислување, сомнежи, одговори, приоритети – тоа е учебникот што се обидувавме да го направиме и се надевам така ќе го доживеат нашите колеги“, рече во своето обраќање проф. д-р Антони Новотни.
Во однос на учебникот по „Медицинска психологија и социологија“, авторите кажаа дека станува збор за издание кое треба да го прочита секој доктор, бидејќи станува збор за водич за целосно разбирање на пациентите – како личност со своја историја, ставови, надежи и ресурси и дека тука лежи суштината на медицинската психологија – во спојот меѓу науката и човечноста.
Во знак на благодарност за минатиот труд и придонес во развојот на катедрата и наставата, директорката на Универзитетската клиника за психијатрија, Славица Арсова им додели благодарници на професорите во пензија од Универзитетската клиника за психијатрија и на рецензентите, за значаен придонес во развојот и унапредувањето на психијатријата.
Со издавањето на новите учебници, заокружени со денешниот настан, македонската психијатрија добива институционална зрелост – формализирана, акредитирана и систематизирана во сопствено академско издание.
Македонија
Сиљановска-Давкова прими претставници на „Стоп за Усје“
Претседателката, Гордана Сиљановска-Давкова, прими претставници на граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“, кои ги образложија нивните ставови врзани за влијанието на цементарницата Усје врз квалитетот на воздухот и здравјето на луѓето.
Истакнувајќи ги своите барања, тие укажаа на потребата од воспоставување мерни станици со 24/7 мерење на загадувачките супстанци, целосна транспарентност на добиените податоци, како и усогласување со препораките на Светската здравствена организација за граничните вредности на ПМ10 честичките.
Претставниците на граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ споделија компаративни примери од други држави каде што пропишаните параметри се пониски од македонските.
Според нив, наместо да се ангажираат приватни акредитирани лаборатории за независни мерења, треба час поскоро да се забрза процесот на акредитација на државната лабораторија.
За нив, неопходна е поголема институционална поддршка и очекуваат надлежните, доследно, транспарентно и неодложно да ги извршуваат законските обврски во интерес на заштитата на животната средина и здравјето на граѓаните.
Претседателката, пред сè како граѓанка, ја сподели загриженоста за загадувањето на воздухот, почвата и водите, како едно од најгорливите прашања.
Сиљановска-Давкова ги сослуша аргументите и истакна дека со внимание ги следи нивните активности насочени кон поздрава и побезбедна животна средина, како врвен национален приоритет.
Таа потсети дека не случајно го именувала за член на Советот за безбедност, професор и научник од областа на метеорологијата и климатските промени, д-р Спиридонов.
Соговорниците се согласија дека животната средина е заедничка одговорност и стратешка определба, оти е неопходен континуиран дијалог меѓу граѓанските организации, институциите и стопанските субјекти заради креирање одржливи и долгорочни решенија, како и дека Собранието треба, согласно Деловникот, да ги отвори портите за нив во расправата за законите од областа на животната средина и вршењето на надзорната функција.
Македонија
Советот на Општина Центар не ја изгласа одлуката за техничка исправка на ДУП за дел од локалитетот Буњаковец 1
Советот на Општина Центар на денешната седница не ја изгласа одлуката за техничка исправка на Деталниот урбанистички план за дел од локалитет Буњаковец 1, конкретно за ГП 13.1 и ГП 13.11, со локација кај поранешната печатница „Нова Македонија“.
Сите 23 советници гласаа против донесувањето на предлог-одлуката.
,,Ние, како администрација, имаме обврска точката да ја ставиме на дневен ред и воедно да ги посочиме сите импликации. Советниците се тие што гласаат и ја носат одговорноста. Нема потреба од прозивки, медиумски пи-ар и театар. Овде станува збор за буџетот на граѓаните, а не за партиски интереси. Советот мора да носи одлуки во интерес на граѓаните, а не за дневнополитички калкулации“, рече градоначалникот на Општина Центар. Горан Герасимовски
Претходно, Комисијата за урбанизам на Општина Центар даде позитивно мислење за предлог-одлуката.
Од оптината појаснуваат дека согласно законот за техничка грешка, исправката во донесен урбанистички план не подразбира никакви измени во планирањето или параметрите на планот туку станува збор исклучиво за корекција на грешка во техничкиот дел на исцртување на планот. Во конкретниот случај, како што додаваат, градежната парцела во мал дел не била целосно затворена, односно оформена.

