Македонија
(Видео) Заев: Празниците се моменти кога треба да се запрашаме дали правиме подобра држава
Делегација на Владата предводена од премиерот Зоран Заев, положи венци свежо цвеќе пред спомен обележјето на зградата на некогашниот полициски участок во Прилеп, со што започнаа дводневните свечености по повод 80-годишнината од народното востание и државниот празник 11 Октомври, кои денеска и утре ќе се одржат во Прилеп и Куманово и во Скопје.
Свечената програма за одбележување на значајниот јубилеј, потоа продолжи на плоштадот „Методија Андонов Ченто“.
Со честитки за празникот и желби за вековита држава и почит кон делото на борците од народно-ослободителната војна, премиерот Заев ги спомена 16-те младинци кои на 11 октомври во 1941 година во Прилеп презеле диверзантски акции со кои го означиле почетокот на народното антифашистичко востание и создавањето на самостојна македонска држава и за таа цел, како што кажа, сопствениот живот го направиле оружје за таа идеја, затоа што препознале, дека слободата, правдината и државата се на чекор до остварување.
„Останаа записите на тогашниот окупаторски воен суд во кој е запишано дека напаѓачите располагале со околу дваесет пушки и со неколку бомби. Со 300 до 400 куршуми, со леб и со други намирници. Ете тоа е запишано во прецизните судски записи, но, не е запишано најсилното оружје кое што го поседувале овие грст млади луѓе – силниот порив, силната волја и одлучност, да се кренат против фашистичките окупаторски војски. Да го продолжат државотворното дело на сите претходни генерации кои ја сонуваа самостојната македонска држава“, рече премиерот во своето обраќање.
На крилата на тие дела, на илјадниците животи и на нивните завети, продолжи Заев, се крена народно-ослободителната борба, се организираше партизанското движење и народниот отпор.

„Во име на должната почит, инспирација и восхит за нивните револуционерни и слободарски дела, нашите ослободители од народно-ослободителната војна ги именуваа партизанските одреди со имињата на Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев, Јане Сандански. Ги опеваа нивните имиња во борбената песна ‘Денес над Македонија се раѓа ново сонце на слободата’ и го вееја знамето на Крушевската Република за ослободување на Македонија, за создавање на државата и за изградба на општество достојно на вредностите на прогресивните, демократски, антифашистички сојузнички сили на епохата“, забележа премиерот.
Тој исто така потенцира дека празниците се моменти кога секоја генерација што ги слави треба да се запраша дали со секоја измината година прави подобра држава, поубаво место за живеење.
„Македонскиот народ никогаш не окупирал и не земал туѓо. Нашите големци и дејци од минатото ги паметиме по големите космополитски идеи кои ги надминуваат границите на националното. Нашата борба секогаш била само да се биде свој на своето и да се подава рака, да се трага по заедништво. Стремеж за држава на сите и за сите, пријател со сите. Нашите борци од народно-ослободителната војна и сите наши претходни генерации, оние што ги вградија своите дела и животи во слободата, ни ја дадоа државата како дом за сите, дом на слободата и општество на еднакви можности, општество на правда, одговорност и еднаквост – Едно општество за сите, Македонци, Албанци, Турци, Власи, Срби, Роми, Бошњаци и сите други“, истакна Заев.

Во годината кога одбележуваме уште еден голем јубилеј – 30 години независна држава, посочи премиерот, Република Северна Македонија е меѓународно призната држава со сите постулати на државност, со место во Обединетите Нации и со кристална и недвосмислена потврда за македонскиот јазик и за македонскиот идентитет.
„Дезинформираа дека наводно сме го бришеле АСНОМ од нашата историја, од нашиот Устав. Никогаш, по никоја цена! Не само што не се избриша во Преамбулата на Уставот, туку напротив, АСНОМ сега се спомнува и вреднува уште повеќе. Уште посилно го зацврстивме местото и значењето на АСНОМ во државно-правната традиција на нашата земја. Се зборувало ли повеќе, било кога, за македонскиот јазик. Посветивме и ден, празник на македонскиот јазик, тоа е 5 мај. Ни се исполнија градите со гордост кога на јарболот пред седиштето на НАТО се издигна македонското знаме и кога беше интонирана македонската химна“, нагласи Заев.
Премиерот во завршницата на своето обраќање рече дека многу е важно да се биде дел од историјата што ќе се памети, да се биде инспирација и поттик за нови успеси за секоја идна генерација.

„Оваа генерација избра да ја обезбеди иднината на Северна Македонија како членка на НАТО и да ја оствари нашата следна стратешка цел – да бидеме членка на ЕУ. Овие две стратешки определби се само логични чекори за создавање просперитетна иднина за сите наши граѓани и посебно за младите“, потенцираше Заев.
„За остварување на оваа цел имаме на кого да се угледаме, и тоа го правиме денеска кога се сеќаваме и им се поклонуваме на сите оние кои никогаш не се запрашаа за цената на слободата, правдата и социјалната еднаквост“, нагласи претседателот на Владата во своето обраќање на свеченоста по повод 11 Октомври – Денот на народното востание и во чест на 80-годишнината од овој настан.

По обраќањето, Заев им додели плакета со изрази на благодарност на д-р Никола Стојановски, претседателот на Главниот одбор на Сојузот на Борците од Народно-ослободителната војна на Македонија 1941-1945 и на Борко Зафировски, потпретседател на Главниот одбор на Сојузот на Борците, на која е запишано дека „во имe нa граѓаните и во име на Владата на Република Северна Македонија, им благодариме на борците од НОВ за нивниот историски придонес во создавањето на државата, вековниот сон за многу генерации и им се поклонуваме за историската одлука во 1941 година да бидат дел од големата светска антифашистичка коалиција и со тоа да ја стават нашата држава во редот на прогресивните демократии во светот“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Затоа за граѓаните на Македонија нема покачување на платите, не работат „приватно“ како Мицкоски, велат од СДСМ
„ВМРО го вработилo, па така во „приватниот бизнис“ Христијан Мицкоски бил директор на ЕЛЕМ, па советник на Груевски, па еве сега конечно се самовработи во приватниот бизнис – како премиер“, велат од СДСМ.
„Од таа позиција си купува луксузни авионски карти па дури сака и авион, со пари на граѓаните. Приватно гради хидроцентрали, приватно продава струја, туристички патува во Давос.
Луксузот го учел од најлуксузниот, Груевски, кој со пари на граѓаните купуваше мерцедес од 600 илјади евра и очила од 60 илјади евра. Приватно.
Убаво си вели ВМРО – сè е приватно. Приватни пријателства, ортаци за тендери. Сè е приватно. Позната одлика на десничарите – заштита на крупниот капитал. Приватен бизнис и часовници од 150 минимлани плати.
Затоа за граѓаните на Македонија нема покачување на платите, не работат „приватно“ како него. Увезуваат и „економски работници“. Сè е тоа бизнис. Приватно. За пари“, се наведува во соопштението на СДСМ.
Македонија
„Обвинителството да не молчи, Заев и Филипче ги злоупотребиле државните институции за насилно преземање на болницата Жан Митрев“, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„Сведоштвото на Жан Митрев јасно покажува дека Заев и Филипче брутално ги злоупотребиле институциите. Заев и Филипче смислиле план и со помош на злоупотреба на државните институции, закани и притисоци се обиделе да ја преземат болницата Жан Митрев“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Заев како премиер и Филипче како министер за здравство ја користеле државата за да остварат лични и бизнис интереси. Преку Фондот за здравствено осигурување, тие систематски ја зголемувале сумата која болницата „Жан Митрев“ ја добивала од државата, за во периодот од 2017 до 2020 година таа да порасне за над 320 милиони денари, односно околу 5 милиони евра народни пари.
Од 360 милиони денари вредноста достигнува 682 милиони денари. Ова е доказ дека Филипче и Заев сакале да ја преземат болницата по багателна цена и на тој начин државните пари на крај да завршат во џебовите на Филипче и Заев.
На Заев и Филипче во целокупното владеење единствена цел им биле сопствените интереси и енормно богатење на грбот на народот.
Во намерата за остварување на сопствените лукративни цели и бизнис интереси не се штеделе ниту тие ниту пак државата. Ги злоупотребиле институциите, ургирале во судството и обвинителството, го искористиле ФЗО, и ги злоупотребиле народните пари за приватни интереси.
ЈО да не молчи. ЈО да го истражи случајот. Владеење на правото и правдата мора да има“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Сопиште
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во период од 08.30 до 15.00 часот корисниците, од Ул.Чаирска (општина Чаир)
· во период од 09.00 до 12.00 часот корисниците,од Горно Соње Ул.7 и Ул.9 (општина Сопиште)

