Забава
Џорџ Клуни не сака да стане политичар
Холивудската ѕвезда Џорџ Клуни соопшти дека не планира да почне политичка кариера бидејќи сака да има убав живот.
60-годишниот актер и режисер го поврзуваат со политичка функција веќе некое време, но тој инсистира дека тоа не е во неговите идни планови.
Во разговор со Ендру Мар во неговота емисија The Andrew Marr Show водителот го праша дали би се кандидирал за некоја политичка позиција, на што тој одговори: „Не, бидејќи јас, всушност, би сакал да имам убав живот“.
Режисерот на The Teder Bar, кој со сопругата Амал ги има четиригодишните близнаци Ела и Александар, планира да ги намали работните обврски додека е сè уште здрав и додека може да игра кошарка и да ги прави работите што ги сака.
„Оваа година наполнив 60 години. Дискутиравме со сопругата, и двајцата работиме многу, и јас реков дека следниот период треба да го сфатиме како полугодие“.
„За 20 години, ќе имам 80 години, и тоа е реална бројка. Не е важно колку вежбате, што јадете, вие имате 80 години и затоа реков дека мора да се погрижиме да уживаме и да ги живееме овие години на најдобар можен начин“.
По поразот на Доналд Трамп на претседателските избори, Клуни инсистира дека на САД им треба заздравување, а сега тој смета дека луѓето не треба да бидат загрижени поради намалувањето на популрноста на претседателот Џо Бајден во најновите анкети.
„Тоа е како да земаш претепано дете и да мислиш дека сѐ ќе биде во ред на неговиот прв ден на училиште. Има многу работи што треба да се поправат, потребно е многу заздравување и ќе треба време“, рече тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) „Ај кју“ со Pay the Price го продолжуваат музичкиот континуитет
Дуото составено од Бојан и Марија го продолжуваат својот музички пат со песни испеани на англиски јазик, а најнова во низата е песната „Pay the Price“. Музиката и аранжманот е целосно дело на Бојан, а текстот го напишаа заедно со Марија и уште една нивна редовна соработничка од Лондон.
Песната опишува едно типично секојдневие на партнери кои живеат заедно и низ шармантен и духовит начин ги доловува ситуациите кои се предизвици на партнерите.
Песната е снимена во Лондон во студиото во кое творат последните неколку години и на оваа песна ја продолжија соработката со ко-продуцентите од Шведска и Италија.
Забава
(Видео) Враќање во иднината со Јован Јованов и Елвир Мекиќ
Јован Јованов и Елвир Мекиќ повторно ги споија своите гласови и енергија, 16 години откако ја испеаја „Слаба точка“.
Музички позрели од претходно, а сепак со истата страст, тие ја снимија песната „Адреналин“, која ќе биде вистински хит, а ќе почнете да си ја пеете и да играте во нејзин ритам уште на првото слушање.
Премиерата на песната е закажана за 01.11.2025 (сабота) во 15:00 часот.
Забава
Заборавете на црното: овој капут е хит за зимата и тешко е да се победи
Оваа сезона ќе се оддалечиме од вечниот класик – црниот капут, кој е неопходен дел од зимскиот гардеробер, и ќе носиме таков што е малку потежок за одржување, но ја воздигнува секоја комбинација во студените денови.
Постигнувањето елегантен зимски изглед често се сведува на едно клучно парче облека – совршениот капут. Бидејќи ја дефинира целата силуета, добриот капут ви овозможува да носите речиси сè под него, а сепак да изгледате беспрекорно. Токму затоа модните експерти посветуваат посебно внимание на изборот на идеалниот модел секоја сезона.
Оваа зима еден стил и една боја особено се издвојуваат и привлекуваат внимание со својата ненаметлива софистицираност, а тоа е кремастиот капут.

Фактот дека капутите во оваа боја се вистински хит го потврдија многу познати личности, вклучувајќи ги Селена Гомез, Ема Вотсон и други, кои избраа вакви капути за разни пригоди во изминатите неколку недели, а истиот тренд го прифатија и многубројни инфлуенсери.
Одлична алтернатива на белата
За разлика од чисто белата, кремастите нијанси нудат помек и потопол изглед и создаваат посуптилен контраст на потемните бои внесувајќи доза елеганција, што е тешко да се победи.

Секако, клучниот предизвик со овој тренд е одржувањето. Бидејќи кремастите палта се чувствителни на нечистотија, се препорачува да се чуваат за суви денови и за посебни пригоди, а за дождливи и ветровити денови потемните модели се сепак попрактичен избор.
Свежо, елегантно и несомнено софистицирано, кремастото палто е парче што веднаш го воздигнува секој зимски гардеробер. Од популарни брендови до дизајнерски класици – понудата е побогата од кога било досега оваа сезона.
фото: принтскрин

