Забава
Канjе Вест го продава ранчот во Вајоминг за 11 милиони долари
Раперот Канје Вест го даде на продажба својот простран ранч во Вајоминг за цена од 11 милиони долари, објави „Дејли мејл“.
Вест (44) го купи Monster Lake Ranch од 9.000 акри во септември 2019 година. Првично се продаваше за 14 милиони долари, а во тоа време беше објавено дека раперот го платил под бараната цена.
Иако не е точно точно за која цена го купил, новата цена е 3 милиони долари помала од таа пред две години.
Ова место медиумите го нарекоа пресвртна точка во бракот со Ким Кардашјан. Според извори блиски до музичарот, локацијата буди измешани емоции кај него имајќи предвид дека тоа беше местото каде што тој ја скрои својата неуспешна кандидатура за претседател и место каде што имаше многу напнатата средба со отуѓената сопруга Ким Кардашјан по еден од неговите испади за време на кампањата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) „Таа е таков сноб“: непријатно интервју на Ен Хатавеј стана вирално на Тикток
Норвешката новинарка Кјерсти Флаа, која сподели старо интервју со Блејк Лајвли од 2016 година, кое потоа стана вирално поради гласините за расправија помеѓу актерската екипа на It Ends With Us, повторно стана вирална на социјалните мрежи.
Овој пат поради интервјуто со Ен Хатавеј од 2012 година.
Интервјуто се одржа додека Ен го промовираше мјузиклот Les Miserables со Хју Џекман, Расел Кроу, Аманда Сејфрид и Еди Редмејн во главните улоги.
Кјерсти Флаа го објави своето интервју со Ен на Тикток и Јутјуб.
„Во ова видео сакав да ви покажам нешто навистина, навистина непријатно“, вели Кјерсти.
На почетокот новинарката ѝ вели на актерката, бидејќи филмот е мјузикл: „Мислев дека првото прашање треба да го направиме малку поинаку. Мислев да ти го отпеам, а потоа можеш да ми одговориш со пеење“.
@kjerstiflaa This didn’t go as planned. 🫣Watch my lateat episode on YouTube where i go down memory lane showing another cringe interview. Link in bio ⬆️ #annehathaway #foryou #celebritytiktok ♬ original sound – Flaawsome Talk
Актерката тогаш ѝ одговорила: „Па, нема да го правам тоа, но ти можеш да пееш“.
@kjerstiflaa To follow up on the Anne Hathaway video. This is how her co stars reacted. I know asking the actors to sing was a bit risky, but I love how they were all such good sports. Watch more on my YouTube channel. Link in bio ⬆️ #foryou #celebritytiktok #interview ♬ original sound – Flaawsome Talk
Ова интервју веднаш ги подели мислењата за Тикток: „Ова е исто толку лошо како интервјуто на Блејк Лајвли“, „Таа е таков сноб“, „Некако ја сакав Ен Хатавеј“, „Не разбирам зошто е толку тешко на некои познати личности да бидат учтиви со новинарите кои искрено поставуваат прашања“, се само дел од коментарите.
Забава
„Новата улога добро и стои“: Кидман снимена во Њујорк, покажа витка линија
Никол Кидман го привлече вниманието пред хотел во Њујорк каде се одржа прикажувањето на еротскиот трилер Babygirl, во кој главната улога ја има 57-годишната актерка.
За оваа пригода Никол носеше црна ролка, широки сиви панталони и црни чевли. Таа ја пушти косата и носеше минимална шминка. Судејќи по фотографиите, актерката била добро расположена.
Нејзините фотографии деновиве се шират на социјалните мрежи. На X некои пишуваат дека Никол им изгледа премногу слаба, додека други пишуваат дека актерката никогаш не изгледала подобро.
„Сан“ пишува дека „Кидман одлично го портретира ликот во новиот филм благодарение на нејзиниот сексапил“.
Во филмот Babygirl, оскаровката игра успешен извршен директор и семејна жена која започнува афера со многу помлад практикант.
Забава
Канје Вест и Бјанка Ценсори среде гласините за развод видени заедно во Токио
Неодамна во јавноста одекна веста дека Канје Вест и Бјанка Ценсори се пред развод. ТМЗ напиша дека се степале и се разделиле пред неколку недели, а за тоа ги известиле и најблиските. Но, сега имаше изненадувачки пресврт.
Имено, парот е фотографиран заедно во еден трговски центар во Токио.
Судејќи по фотографиите, гласините за нивниот развод биле лажни, а парот изгледа прилично среќен. Во еден момент Бјанка ги држеше рацете над лицето на раперот и се смешкаше од уво до уво.
Дејли Мејл напиша дека извори блиски до славната двојка тврдат дека тие „одредено време се оддалечуваат“.
Последен пат заедно беа фотографирани на 20 септември во Токио, а потоа Канје беше виден на аеродромот во Хонг Конг без неа, што доведе до гласини за развод.